Тоа се тие моменти на искушение во машките друштва кога ќе се појави женска личност. Некои го поминуваат тој тест, други пак се распаѓаат како кула од карти. Сепак, друштвото како приоритет е temporary кај сите во животот и понатаму кога доаѓаат тие сериозни врски, па брак, фамилија, паѓаат во втор, трет план. Некои остануваат во младоста, други пак опстојуваат и понатаму како фамилијарни пријатели. Затоа е битно она што @Feminka22 го кажа, прифатеноста од другарите негови за да не се случи раздор и да треба да се бираат страни.
Ја па баш у ,,couples” неќам. Сум искочила неколку пати пошто ќе ми кажел ,,ќе дојдам со другар и земи другарка”. Едноставно навикната сум да искачам прво општо со машки (буквално со уште 2-3 девојчиња искчам и толку, другото се по 10 машки и поише) второ знам да се прилагодам на машко друштво верувај ми. Повеќето ги сфаќам многу добро и ме прифаќаат. До мене ќе да е
Искрени да си бидиме, друго е ко че излезите машко друштво другарите и да зборувате се и сешто, друго е пред девојки и другарки. Зборувавме за тоа да направиш баланс околу тоа да имаш време и за девојка и за друштво. Сум се нашол во сиутација да сум отсечен од друштвото, не се лутевме сепак заљубен. Да испадни на крајот дека ептен премногу се гушела и сум направил грешка што сум посветил кон неа внимание итн.. А претходно ми квичи како не сум посветувал доволно внимание. Јас некогаш не ги разбирам девојките, ама се тешам исто така пошто човек како Сигмунд Фројд рекол дека едно нешто не знаел и не сфатил во животот, а тоа е што сакаат девојките.
Ова е најголемата причина зошто јас се стегам секогаш кога сум повикана со дм, а други женски нема. Не сакам да му го следам секој чекор и ако договориле машка вечер со другарите, нема зошто јас да одам таму и да слушам како Јувентус ги поткупил судиите, Милан многу слабо играл оваа сезона и триста други работи. Иако можам да се вклопам и во тој муабет, подобро дома да седам и да си читам книга, а они на раат да си пцујат за фудбалот и да си оговараат други жени без мене. И точно знам кога ме викнал од куртоазија, за да не се налутам . И тоа не значи дека помалку ме сака, туку едноставно, му треба живот и надвор од мене. Обично знам да префрлам нешто злобно (оти нели женско), ама знае дека не е така и дека не се лутам . Што си муабетат? 1. Фудбал 2. Игри 3. Автомобили 4. Пак фудбал 5. Пак игри 6. Пак автомобили 7. Евентуално кошарка или друг спорт 8. Политика 9. Жени (оговораат бетер од жени!)... Со маж како што може да се изнаоговара човек, со никој друг. Сите трачови ги разбираат, ама во женско друштво мудро си молчат . Иако имало вечери кога сум сакала да излезам со нив, ама дека сите машки, сум останала дома. Сепак никој не сака да биде гушен од партнерот и секој сака понекогаш да испадне со другарот/другарката од детството, школскиот/школската, колегата/колешката итн. Исто е и во обратна ситуација. Кога сум со другарките, со другарките сум. Ако носиме дечковци ок, ако не дома ќе си седи .
Ова Последниве две години имам повеќе другари и не очекував да се толкави gossip girls хахаха Ќутат, ама после на само се приметиле и кажуваат. И после машки не приметуваат или не знаат, зависи колку ги интересира, можат да изненадат, позитивно и неочекувано.
Сакам да ве прашам дали машко кога ке спомне имање деца со дадената женска персона, коа не му е девојка ,а се имат видено неколку пати (со сите работи во позадина) го прави за да добие нешто или има му оставено преголем впечаток па ко што викаат секоа шала пола вистина.
Воопшто не ми изгледа ко многу впечаток да му оставила. Повеќе ми личи на некој што не знае баш како да се понаша. Може грешам
Мене ми е детско и непромислено некој да излезе неколку пати со девојката (и обратна ситуација) и да планира брак и деца.
Не развиваат сите социјални вештини во исто ивреме. Некои.. никогаш. Може исто е и кај него. Биди ти похрабра и пресечи. Девојките со кои започнуваш врска, не се добро друштво? Никогаш? Ви фалат теми на разговор? Женските со кои започнуваш врска, не ти се забавни? Никогаш? Ако да, тогаш зошто си со нив? Хинт: 'Романтични чувства', не се одговор Морее... ако имам забелешка за нешто, ќе му речам и тоа како! И сакам и тој мене да ми кажи ако нешто не му се допаѓа. Молено ебање-Кисело ебање.
И ја сум од тие шо се кажуваат, не ми е гајле дали ќе ме смета за ваква онаква. Имаше едно време другар еден на дм, кај ние врска на далечина иаме, па уште овој цело време се тупнуваше со нас на кафиња, после факс на дм стално ќе му се закачеше и со нас ќе си седеше. Не ми беше гајле као ќе изгледа али му реков на дм, да му рече дека и ние си сакаме приватност, и тие 2 3 пати шо се глеаме у недела, он 2 пати мораше да ни се закачи и немавме мира. И на кафиња дур седевме цело време се јавуваше и сметаше. Откако му кажав на дм после тоа и не се ни појави со нас веќе тој. Па и ко налутен глумел. Ич не ми е гајле како сум изгледала и слично, мене ми сметаше, ако нема осет мора да се реагира. Они се од ист град и така викенди заедно беа, уште па 24/7 ко лепенка со него пошо бил сингл и му било досадно. И ја имам сингл другарки па имале осет и не досаѓаат туку така. Само тогаш изреагирав у врска со другар на дм и од тогаш не сум имала потреба. Не се дружам многу со друштвото на дм зашо се у друг град, вака некои шо му се од факс тука у Ск ги знам ама нишо посебно не сме блиски. Ни он не седи со мои другарки. У парови да сме можда, вака ни сакам да му сметам, ни он мене. Сите иаме право на раат да седиме со друштвата. Али има и вакви удав другари без осет. Сигурно нема да им ќутам ако сметаат. Се шо ви смета да си кажете.
Да, добро друштво се. Ама каква е поврзаноста на ова прашање со првичното на темата? Тоа беше поврзано со тоа зошто и како не ни е досадно во машките друштва и секогаш имаме теми за разговор, што не значи дека ни е досадно во женско (со девојка). Но, не значи дека ако си во врска дека треба да ги запоставиш другите полиња во животот и да прекинеш да се дружиш со друштвото. Ако немаш теми за разговор и ти е досадно со некоја личност, не можеш ниту да бидеш со неа. Или можеш? За секс?
Мислам дека мислеше машко vs женско друштво, споредба на посебно чисто машко и чисто женско друштво. Ако грешам @Billy Idol нека ме поправи.