Не секој бара добри девојки. Можеби кога ќе сака да си го среди животот тогаш ќе бара "добра девојка", а сега моментот му е за забава.
За провод си бараат такви со убаво тело во прв план, а за дома добри и паметни. И пак не знаат да ги ценат.
Можеби затоа што тие ,,добри,, девојки не треба да се трудат толку да му биди убаво. А што девојка со добар изглед значи дека е ,,лоша ,,? И како ги класифицирате добри и лоши девојки жити се
Значи девојките со добро тело, а лош карактер се само за забава, а другите се бараат кога сака машкото да си го '' среди животот''. Што убава дискриминаторска поделба на женскиве, која е за забава, а која девојка за везден
Мислењето трепка комплекси. Сакаш да кажеш дека ти си добра, паметна и убава, со супер однесување а тој за кој си заинтересирана одбрал друга, па сега таа е со лош карактер ама убаво тело и е со неа само заради тоа? ЛОЛ. Просто не сака да е со тебе, не како партнер. Поради икс причини за некој сте некомпатибилни. И место да паѓате во трансови, оставете просотор за друга личност и продолжете понатаму.
Затоа не се почнува врска од една недела гледање. Ништо посебно не се случило, сте комуницирале кратко време и сте сфатиле дека не сте еден за друг. И тој си има проблеми, љубоморен бил на почеток, посесивен, потоа додавал други девојчиња, лајкал слики, и ти си имала страв си била повредена од претходна врска и за него си се врзала ко да е последен. Прво мораш да си расчистиш со настаните што те повредиле од претходната врска, па потоа да влезиш во нова. Не знам зошто би излегла со него пак. Скрос блокирај го, не ќе играте играчки. Не се ни замарај дали му се упикавала, не му се упикавала, едноставно сте биле во врска после 1 недела гледање, јас не би ни очекувала толку некој да е обврзан за мене после толку кратко
Ова беше генерално мислење, не секој знае која е "добра девојка" - му треба време да созрее и сфати. Инаку сигурно членката се загледува во "лоши момци" кои бараат "лоши девојки", па мислам дека причината за нивниот избор е ист со причината поради која таа ги бира овие момци.
Друго беше прашањето. Како што не е секој маж да го земеш за везден, така не е ни секоја. Не е дискриминација туку избор.
Да, ќе ти се врати а ти со раширени раце ќе го пречекаш. Потоа пак ќе замине и пак исто Никој не може да го одземе од тебе тој што те сака. Ако навистина те сакал немал толку лесно да се откаже а плус ако барем малку те ценел немало да ти каже во лице дека за него си резерва. Немој да тагуваш туку биди среќна што се ослободи од ваква токсична личност.
Дискриминира и по изглед и според тоа која за каква намена би му послужила, забава или за да си го среди животот
Искрено прашање: Која си ти да одредиш кој е добар а кој лош? Не сфаќате дека со тоа сами се понижувате?
Нејзиниот случај е изгледа таков, па според тоа праша, макар што нема врска изгледот. Може да биде и обратно.
Да надоврзам не се работи за мене, ја секако се океј сум хаха ама денеска другаркава ми го постави тоа прашањето бидејки таа немала дечко никој пат ама нема да ви кажам што и одговорив јас, очекувам од ваше мислење што ќе одговорите бидејќи секој различно мислење ќе има тука, така да без негативни коментари. Не дојдов тука да ве повредувам само си се споделуваме едноставно ако сакате одговорете ако не не
Да, не секој кој влезе во врска бара жена за брак. Не гледам проблем ако некој сака да се забавува, а за тоа има преференци.
Никој не брани забава, ама зошто дискриминација за забава да служат тие со убаво тело а ''лош карактер'', а ''добрите девојки'' демек за средување живот. Зар не може и со првава група девојки да се има среден живот? И зошто воопшто ваква беспотребна и дискриминаторска поделба?
Секако дека има и такви кои бараат некакви лоши девојки. Ама има и девојки кои мислат дека со нивното однесување е се во ред, нив ништо не им фали, ама машките одбираат лоши девојки, тие се као демек жртви, јас сум прекрасна, ама другите се криви што тоа не го гледаат. Има и такви машки кои не можат со прекрасни девојки, значи имаат проблем и влегуваат во нездрави, токсични врски. Ама дека ако јас сум прекрасна, свесна, добра личност и никогаш никој тоа нема да го види. тоа едноставно е смешно.
За секое тенџерче има поклопче, а за да си го најдеш твоето можеби ќе треба да пробаш неколку. Тоа ми беше муабетот, не мора да значи дека некој бара такви или онакви. Можеби некој бара "добри девојки" за забава, ептен генерализирам.
Се е во ред со тоа, ама ако не пробаш и добра девојка за забава нема да знеш дали за средување живот ти треба баш таква Многу ми е глуп муабетов со оваа дискриминација, извини ме до тука пишувам