Не сум машко ама ќе одоворам бидејќи имам first hand искуство со мажи оговарачи. Да, споделуваат и инфо што не е секс, знам некои и едвај чекаат трач. Сум била објект на дискусија кај неколку apparently, за работи што не се секс. Генерално помалце озборуваат од женските, но не е дека само за секс зборат.
Почнав врска, еве месец и нешто. Неодамна тој си отвори Инстаграм , гледам адднал некои славни пејачки, некои брендови и ја заследил една моја познаничка и мене нормално јанѕа ме јадеше. И денеска му ја спомнувам онака и одма ме праша дали ја знаам и му кажувам да и го прашувам него и заќути и сврти тема. Пак го прашав и ми рече дека не знае која генерација е. Има да го средам за ова. Чудно ми е како само мене и неа не има?! И ми рече дека не го користи Инстаграм многу.
И јас исто имам дечко месец и нешто и му одам на профилот на Инстаграм само за да му разгледам слики онака кога ќе ми недостасува без да гледам кого следи и кој го заследил. Исто и немам список кој ги има во заследени од порано а кој му се новододадени. Што не е во ред со мене да ми кажете вие драги форумџики?
И пејачките. И баш сеа му текнало да направи инста. И не додава ни сестеа, брат, другар, другарка, братучеди, само женска му и таа другата. Ок.
Леле ова е многу лоша навика, да му проверуваш што и кој следи Знам бидејќи и јас така правев, имаше периоди кога ќе се опседнев и буквално анализирав, споредував. Многу лошо ми влијаеше на самодовербата. И јас на твое место ќе се подзапрашав, зошто баш неа ја следи. Можеби му излегла во recommendations ако ја следиш и ти, може му е убава, не знам. Или можеби крие нешто штом ти дал такви оскудни одговори. Зборете поотворено.
Што знам, кога правиш инстаграм заследуваш и познаници, роднини, пријатели, вака некако чудно ми е. Плус ти ја свртел темата на разговор кога си прашала. Не ти викам дека има нешто ама мислам пак да го прашаш.
Не се опседнувам само што тоа го заприметив. И ми е чудно. И мене ми излегуваат во recommendations па ако го знаам човек ќе го адднам. Може му е убава. Ја знаел ми рече, може крие и ќе го седнам. Многу е ќутлив, многу тешко се вадат зборови од него. Ќе зборувам поотворено секако, ќе се контролирам . Па нели, е. Добивам цинични одговри за жал. Но. ќе средам. Само нз како да го почнам разговоров.
И што? На секоја следна ли ќе средуваш? Ако тој е со замисла да адднува, можеби и да пишува со нив, ништо нема да го сопре. Ќе направи и друг профил ако сака. Чудно е само тоа што неа ја има а не блиски луѓе, но засега ништо тоа не ти кажува. Може утре и останатите да ги заследи. Разговарајте но првенствено согледувај црвени знаци, позитивни страни, воглавно за сè и воочи како се одвива вашата врска и дали е така како што треба да е. После сама ќе знаеш што следно.
Повеќе од јасно е дека ако сака се ќе направи. Поради повредам седам дома две недели , не знам да не му смета тоа. Нормално нека адднува,но чудно е зошто само неа ја има,а не и други, пријатели, пријателки, роднини? Ќе го средам. Ти благодарам.
Мене повеќе ми пречи тоа што нема други жински ликови. Што тој нема роднини пријатели? Јас повеќе на тоа би обратила внимание а за девојката би прашала пак.
Ако тој не сака да знаеш, нема да знаеш Не сакам да се повторувам, ама дечкото не го бива. Од повеќе аспекти, ни малку нема врска ова Не си прави дополнителен стрес.
@GirlLove прашај го повторно која е таа, а ако не ти одговори прашај го уште еднаш. Не прекинувај да прашуваш додека не ти одговори. Не е во ред да избегнува да ти одговори, ако навистина нема ништо со неа не би требало да е проблем да ти одговори.
[ Не можам директно да го прашам зошто само таа и таа ја следиш на инстаграм? Не знам како пак да му свртам муабет за неа....ако му спомнам денес да не се налути,
Прашај го онака лабаво, на заебанција, демек "Еј гледам една женска/другарка си фоловнал, се знаете?". Aко не сака да ти каже и ти сврти тема ќе биде чудно.
@GirlLove Директно прашај го од кај ја знае и зошто има потреба да ја следи. Макар што јас мислам нема за што да се грижиш.