Директно прашај ќе си оставиш став и ќе помисли нареден пат пред да заследи некоја. Ќе ти речам да не се замараш, уште сте на почеток па те копка, те разбирам, и јас бев таква, сега немам гајле
Искрено, ме интересира зашто се лутите ако машкото лајкнува на други или заследил некоја. Приметувам и сестра ми доста се иритира за тоа. Рецимо еве ја, на хакатони и натпревари имам запознаедно доста луѓе меѓу кои и женски, па сме се заследиле на Инстаграм. Па има и колешки од факс, колешки од пракса и слично. Затоа и викам некогаш пребрзо донесувате заклучок. Ма да, знам и другари што следат и лајкнуваат били што. Ако тоа смета, треба да се искомуницира на цивилизиран и смирен начин за да не се делува посесивно.
Сега не се замарам со такви работи, а пред 5-6 години не ми беше сеедно. Се споредував со тие девојки и ми влијаеше на самодовербата. Сега не ни проверувам, а искрено, има разлика ако следи актерки и колешки, и ако заследи рандом типка што му е згодна па и коа ќе го прашаш да менува тема. Со тек на време тоа поминува и нема да и текне да проверува.
И јас сум имала сличен проблем како @GirlLove затоа се вмешувам во дискусијата. Лично мене иако не се лутам и не го искажувам тоа, ми е иритирачки доколку не му е другарка, ниту познаничка, да ја заследи од нигде никаде. Која е причината? Мене само тоа би ме интересирало, со која цел и намера го прави тоа? Не зборувам за познати фаци, пејачки и сл. Инаку од никогаш не сум била избувлива, посесивна и љубоморна по карактер, сите проблеми сакам да ги решам со разговор и разбирање, ама ете едноставно не ми е сфатливо зошто кога се' е супер во врската, би следел и би им лајкнувал на рандом непознати.
Зошто повекето мажи несакат да излаваат или да се во врска со жена која има имот и пари од нив повеќе и е културна воспитана и секако интелигентна, сакам искрен одговор од мажите. И дали вие излегувате со таква
Сосем си во право. Мојата бивша го правеше тоа и сега ќе ви раскажам зошто е бивша. Таа имаше паблик профил и само враќаше фолов и лајкови на така “позгодни“ момци. Малце ми беше сумљиво сето тоа, но инфлуенсиран од другиве што викаат “леле гледаш кој го фоловнува, хаха колку си несигурен, љубоморен, детињаст“ без притоа да дадат одговор зошто мислат така, си реков ај можда сум по малку љубоморен, не и викам ништо можеби е нормално тоа во денешницава, а јас сум старомоден. И така фино лепо 1 ден заспа со телефонот до мене и решив да пробуричкам. Кога што да видам, се допишува со 1 таков. Четот беше само со фотографии кои неможат повеќе да се видат. Утредента ја прашувам зошто го прави тоа и таа ми вика “не знам, ете така, само се допишувавме ништо повеќе извини извини“. Ја па будала и простив.. ја сакав... Се испокаравме како јас да сум идиотот, па и објаснувам чекај бе не е ок да се допишуваш со непознати кога имаш дечко блабла, и некако се смиривме ама штетата беше направена. Доверба 0. Таа си продолжи по старо и накусо раскинавме. Не ме сваќајте погрешно, ОК е да следи другари познаници сето тоа, ама непознати е малку премногу за мене. Сметам дека тоа е непочитување кон партнерот. Мислам дека можеме сите да си дадеме логичен одговор зошто таа или било кој го прави ова. Што по разговорот кој следел после лајкнувањето и следењето? Можеме колку сакаме да се правиме на 3-ипол ама, најлогичниот одговор е најчесто вистинскиот.
Затоа што видел некаков пост кој го заинтересирал на некаков начин, а? Не мора да значи дека заследил заради провокотавна/и слика/и или билошто друго во слична конотација. Не сфаќам зошто е таа потреба од контрола врз социјалните мрежи врз туѓ профил. Да, веќе има ептен забегани личности на социалните мрежи кои се далеку од претставата за/во реален живот, ама сепак, нерационално е било каков разпит заради следење и лајкување. Мене некој да ми го направи тоа што го направил дечково 2 поста погоре, има да го нема од мојот живот со брзина на светлината, не пак да продолжам врска со таква личностден повеќе. Со кое право некој проверува туѓ телефон? Можеш отворено да ме прашаш што те интересира, притоа да не биде распит во прашање. И ако сакам да одговорам. Ако личност спроти мене не ми верува, ставам крај и готово.
Извини, а какви се тие познанства преку инстаграм што се шират со непознати луѓе? И на кој друг начин би можела да го заинтересира? Сакаш да ми кажеш дека доколку го фатиш дечко ти како се допишува со некоја непозната типка ти би си продолжила со дечко ти како ништо да не се случило?
А еве на пример ти се сомневаш дека дечко ти те изневерува и ти што ќе направиш, ќе чекаш тој да ти каже самиот или ќе му го провериш телефонот? Или пак ќе го прашаш директно него и ќе очекуваш дека нема да те излаже и ќе ти каже да да те изневерив?
Тоа познанство може да биде како резултат на некаква поврзаност околу некаков проект, непосреден контакт кој се случил некогаш, некаква тема за која сака да разговара со некој кој гледа дека знае нешто на истата итн. Има многу објаснувања пред да помислам дека пишува на друга во обид да ме изневери. Како прво, нема да му го проверувам телефонот на дечко ми, ниту профилот. Што прави е негова работа, а ако забележам некави промени во неговото однесување, почнувам разговор, не потајно нарушување на приватноста. Ако он веќе решил да пишува со некој друг додека е со мене во врска, значи дека треба да ставам крај на таа врска, не да глумам детектив. @Star_dust не, нема да му го проверам телефонот. Тоа е под нивото, и во мојата книга означува дека не го почитувам него и неговата слобода, и обратно важи. И не, нема да очекувам да ме излаже, исто како што нема да верувам слепо, оти досега тоа не е карактеристично за мене. За да ме лаже, и да ме изневерува, претходно ќе има други знаци во неговото однесување кои ќе ги насетам, и ќе бидат причина да разговарам со него. Ако веќе ја губи мојата доверба, тоа значи дека е крај. Многу е поважно однесувањето на пратнерот во релниот живот, уште на почетокот на самата врска, отколку на интернет. А ако знаеш како се однесува навистина, значи знаеш како ќе со однесува и на социјалните мрежи. Тогаш, ако имате сомнеж дека ќе пишува со други, нема зошто да започнувате нешто сериозно со таква личност.
Ниту сум го контролирала, ниту сум го ставила на распит. Само чисто информативно би ме интересирала причината за следење наеднаш 10 рандом женски кои немаат допирна точка со нешто интелектуално или интересно на пример, а притоа не се ни другарки, ни познанички. Далеку сум од тоа да земам да чепкам по телефони. Тоа страшно го осудувам. Секој заслужува приватност. Сум имала шанса да му прочитам во телефонот, но совеста и културата не ми дозволиле.
Има цела тема на форумов Брачни неверства која целосно ти го демантира мислењево. Не разбирам како уште на почеток на врска можеш да процениш каков е човекот и дали тој би те изневерил во иднина и според тоа да одлучиш дали ќе останеш со него. Значи и јас не сум за постојана контрола на социјални мрежи на партнерот, но кога се работи за сомнеж за неверство мислам дека секој од нас ќе го провери телефонот на партнерот.
Е кај мене е чудно. Ме има мене и една познаничка, ја знаеме двајцата. Само ние две сме женски и пејачки некои. И како да не се посомневам?
И што оти постои таква тема? И што со мислењата во неа? Лично, ако додека не почуствувам некаква стабилност со личност потенцијален партнер, тој не станува мој партнер. Потоа следува врска, по која не значи оти бракот е следен. Има и живеење заедно, учење на навиките и споделување секојдневие буквално. И пак не мора да значи оти брак е следно. Ако се влезе во брак, и се случи некое фијаско кое не можам да го надминам лично, или двајцата заедно, следува развод. Ако нешто не оди, му се става крај. И ништо не е оправдана причина за нарушување на приватност, се' може да се реши со разговор.
Значи до негде и се слагаме. Да помислив на тоа, ја распрашав за тоа. Прво пробуваше да ми продаде некој филм дека се другари, а таа 100% го нема запознаено во живо. Ниту имаа заеднички пријатели, нити на школо заедно, нити ништо. Јас се изиграв детектив, испадна дека дечкото живеел моментално во друга држава... Во совршен свет и ќе има промени во неговото однесување, да,во совршен свет, тој би ти раскинал пред да се допишува со друга. Но некои луѓе сакаат да го имаат и тоа и тоа. Да си имаат и стабилна врска по дома, ама и нешто на страна кога таа нема да биде тука. Мене ми беше муабетот, кај мене лично немаше промени во однесувањето, се си беше ок, но што ако интуицијата не ме доведеше до тоа јас да и го пребарам телефонот? НИКОГАШ не би дознал.
Не дека не си во право и размислуваш рационално и сосема коректно.. што смена кај тебе и што презеде? Сеуште си со неа?
Не е точно, би дознал според однесување спрема тебе, дали гледа повеќе во телефон место да разговарате, дали го исклучува екранот кога ти ќе и дојдеш во видик и ред други знаци. Кои ќе бидат причина да разговараш со неа, и да видиш како стојат работите. До тогаш веќе знаеш како ви течат разговорите, самото присуство и боди ленгуиџ кажуваат многу, па ќе видиш дали те лаже или не. Нема причина која оправдува нарушување на приватност, тука нема простор нешто да е не јасно.