Мислам дека се опседнуваш за глупости. Сепак сте на почеток и не знам колку тој сериозно ја сфаќа вашата врска. Можеби му е личност од минатото што му значи и не осеќа потреба тебе да ти се објаснува. Батали го ова и не барај игла во сено за да преовеличуваш и да премислуваш. Ако приметиш понатаму дека комуницираат биди директна и прашај го тоа што те интересира. Не гледам поента да бидеш со некого ако се плашиш да прашаш нешто што те мачи.
Кажав АКО приметиш дека комуницираат, не дека сега комуницираат. Ако толку те боде и не ти дава мир, прашај го и биди упорна додека не го добиеш одговорот. Само што ако си нападна да знаеш дека може лошо да се одрази тоа...
Не би можела да заприметам. Треба тој да ми кажи, ако сака. Не мислам по телефони да чепкам или да го прашувам Ќе видам како ќе оди натаму
Многу сте интересни. Во тема, совети од машка страна, женски си разменуваат совети Социјални мрежи и кој кого аднал. Добро, во каков свет живеете? Дали сте киборзи? Дали имате виртуелна врска или сте се виделе и допреле физички? Ич не е битно кој кого аднал. Може да не адне и да не заследи, да те изневери со првата/втората/осмата што ќе ја сретне на факултет, на работа, во кафич. Во право е @Snow-Star, единствено што може и треба да имате е самодоверба. Никакви детективски способности. Самодоверба и Знам што сакам. Ако сум сигурна во своите квалитети и знам каков човек сакам спроти себе, ќе го барам дури не го најдам. И кога ќе го најдам, ние двајца ќе бидеме се што ни е потребно, ништо одстрана не може да не измести. Не заглавувам со некого во кого се сомневам (во неговите вредности, неговата посветеност, амбициозност, штодае) затоа што е првиот, затоа што е време за сериозна врска, затоа што мајка ми рекла така, затоа што другарките се омажиле. Или си пасуваме, или не си пасуваме со тој другиот. Ако нешто чкрипи, не е тој за тебе. Толку. Не е ова натпревар, кој прв ќе стигне до светиот грал- маж и дете. Ова е ваш живот, не губете време со глупости.
Еве јас пример додавам секакви непознати ликови на Инстаграм на Фејсбук. Појма немам кои се ама ми се допаѓаат нивните постови. Но сепак не сум ни помислила на тоа дечкото да не помисли нешто. Нити пак чепкам во телефон ама ако пример си го заборавам телефонот и сакам да пишам од неговиот и ако нешто се испонаша чудно би го прашала директ. Нема потреба од толку вртење и себе измачување.
Имам нов момент. Бидејќи работев во Скопје, несвесно сум попримила некои зборови и дури акцентирње на погрешно место. Одма ми забележа дека сум се занесувала, сум зборувала скопски, сум влегла во филм. Сум живеела 4 години во Скопје и одма сун се занесувала, некои луѓе живееле и по 10 години па не зборувале скопски. Јас го убедувам дека нормално ее да попримиш нешто од средината во која живееш. Не дека не си го зборувам битолското. Напротив. Најголем поборник сум за тоа.. Стварно не знам..
Ако толку префрла за се многу тешко ќе ви оди. Знам бидејќи имам еден таков дома- татко ми. Филмот ќе ти пукне.
Има ли нешто што те поврзува со него, освен да броиш " моменти" за објаснување, оправдување и истражување?
@GirlLove типот сака да те контролира. После се вака шо читав шо постираше, мислам месец, два така нешто сте заедно. Ако тој за толку кратко време ти кажува како да правиш за плата, сега за акцент, шо ќе биди понатаму? Тој сака да биди како шо ќе ти кажи така. А и да зборуваш скопски или не, твое право, како сакаш ти ќе зборуваш. Не дозволувај да ти кажува тој шо да правиш и како. Размисли си убаво како би било понатаму, ако сега за толку краток период е вака.
Што бараш ти со овој не ми е јасно? Нели гледаш дека те омаловажува доволно или треба во крајности да оди? Утре ќе ти рече зошто носиш такви ѓаки,дај бегај од него ни прв ни последен ќе ти е.
Мене досега ќе ми станеше незгодно на форумов да барам мислења за олку “моменти”, ама па шо знам јас..
Леле типов уште на старт ама е напорен. Нејќел кондоми, те замара за платата, те замара како си зборела... Де бе што врска е ова, напорно и досадно. Праите ли интересен муабет некој или вака само си наредува и коментира нешто типов? Не ме сфаќај погрешно, мислам сте околу 30ката, па некако мислите време е за брак ова она, овој вика таман најдов женска, имам малку време пред брак да ја моделирам по ќејф иако не си одговараме баш, ти го трпиш зашо си викаш кој ќе бара сега нов, стварно 30ката еве ја. Извини од страна вака изгледа. Не е само да си у врска или слично, ваков не е за трпење. Недај боже се земете, после во брачни совети ќе се префрлиш, стално нешто ќе префрла он, тебе ќе ти смета и така... Сеа според ова што читам не сте еден за друг, уствари типов е напор и за ниедна не е, никој не би го трпел ова замарање.
А ти беше очајна да најдеш дечко, најде и сеа проблеми имаш и само попушташ од што сакаш да го задржиш. Дали и тој вака на форум си ја чука главата за да ја зачува врската?