ако мислиш дека е во прашање срам, пријди му ти и ќе дознаеш дали е до срам, или навистина не е заинтересиран.
Ми е срам и мене малку, како ќе реагира не знам или ништо нема да одговори, или стварно не знам...Ретко испаѓа се дружи со 50 годишни, 22-23 години е може ме смета за малечка, реално ниска сум многу кога испаѓаме со другарки
Срамежлив е, не знае како да ти пријде или може не те свиѓа. Пробај со по суптилни знаци , насмевни му се,биди во негова близина да те забележи.
Па тој и кога е во друштво заприметив не зборува многу, таинствен е некако, синоќа мој другар го викна на исто место кај што сум јас, дојде си поседе со неговите другари до нас, ии си отиде зад другарите, ко да бега од мене, знае веќе еднаш го аднав, ме избриша и не знам што потоа...Барем знае сега дека го свиѓам
Абе какви суптилни знаци. Ако е некој срамлив, пак нема ништо да преземе. Нека почне да му зборува и ај со здравје.
Со срамежлива личност треба подиректно, ама не толку нападно, онака лежерно уз муабет. Дека ако е тој срамежлив таа нека му се кези од 6ка до 6ка џабе е, може и да го подисплаши така да мисли дека му се потсмева
A, што ако не е срамежлив туку едноставно не му се допаѓа. Збориме за возрасен дечко од 23г, не за основец у 9то одделение па ме гледа и ми се смешка, мора да ме свиѓа... Не верувам да е толку на тие години и да не ја приметил. Имам и другари срамежливи, па и тие викаат коа женска ептен им се свиѓа се ќе направат да ја освојат... Ете и овој дел веќе го коментиравме еднаш. Чим на фб не те прифатил не е до срамежливоста. Може си мисли ама е напорна, не ја прифаќам на фб и упорно по мене, па незгодно му е. Збориме само мажите напорни ама и жени какви има оток... Има приметено, не ти дава фиидбек, мислам јасно е што и како е. Треба да се согледа од 2те страни некогаш
Веќе и не планирам да испаѓам у негово окружење. кога ми даде знак дека не сака...Да не ме направи болна по него..
Па не го моли и не трчај по него, да сакал нешто ќе направел. Зборам и од мој аспект имало и вакви досадни реално, не сум ги прифаќала на интернет упорно трчале по мене. Значи да сум сакала, ќе сум те прифатела, ќе сум вратела на пораки, не сум сакала, што уште напињаш. Не мора се директно да се каже, некои работи се јасни... Плус фактот дека не е тинејџер, сепак е веќе повозрасен, ми кажува јасно што и како стојат работите. Не си губи време, најди си некој шо ќе те сака и тебе.
Се согласувам, бидејќи и ја сум срамежлив и често знам да се преправам дека не приметувам субтилнни знаци. Тоа не значи дека сум смотан, само се чувстувам непријатно да пробам да направам нешто. Секој од нас си тера со својата замисла. Али пази, ако почне да му зборува, треба да знае каков пристап да има. Пошто често се дешава муабетот да биде нападен или исфорсиран и тоа нема да води никаде. Ако се работи за апла срамежлив тип, good luck then.
Јас се извинувам што се повторувам, бидејќи пишав и во темата за совети од женски, но еве да слушнам и машки мислења (и од женски, доколку ја видат поракава тука) Еден дечко мислам дека малку ми се допаѓа. Вчера ставив слика на фесбук (иначе сум многу ретко активна), ми ја лајкна, и веројатно се потсетил од таму па ме додаде он веднаш на инстаграм. Јас го прифатив, и после претпоставувам се сталкавме во исто време, и му лајкнав една слика. Потоа приметив дека и он ми лајкнал една слика, но не знам дали било пред моето лајкување или отпосле. Што е следно? Дали да му лајкнам уште некоја слика, али мислам ќе е упадливо. Или едноставно да пуштам ситуација па спонтано може некогаш ќе почне муабет преку стори или слично, или обратно. Знам дека е малце можда детски муабетов, но не сакам да сум ја таа што 'брка'. Знам што сакам, и имам храброст, не ми е тоа проблем, но порано имам ја правено први чекори (иако не премногу) и не вродувало со плод така да.. Знам дека секој човек е различен, на некои тоа би им се допаѓало и не би им сметало, други ќе ги 'олади', али не знам, сепак.. Мислење?
Има разлика меѓу срамежливост и храброст. Колку и да е некој срамлив, ако е заинтересиран ќе најде начин да пристапи. Можеби треба повеќе време, ама и обострано познавање за разговор.
Ич не ви го разбирам овој ваш свет со: Ми лајкна-На ми лајкна Ме фолоуна-Не ме фолоуна Ме стаи на сиин... What the fuck happened to good old-fashioned conversation?!? Ептен стриктни правила имате за тоа како, и кога е 'време' да се сподели некој збор.. па макар и во порака. Иzмачување ми е мене ова. Прашвам: Сакаш, или неќиш? Ќе се ебааме со месеци со лајкување, не лајкување. Не мом... Ова е само поглед од моја страна, и би сакала да можам оподобро да ја разберам вашата перспектива, пошто ќерка ми има 14 години, и сакам да знам како да се справам со идните 'проблеми'. Многу ми сте симпатични
Тажната вистина е дека соушл мидиа хапенд. Мажите немаат храброст да пријдат на некоја девојка. Се распрашуваат за неа, ја наоѓаат на инстаграм и таму и' пишуваат, отколку ведаш кога ќе ја видат да ја поздрават. Ако не му врати, барем не се усрамил во живо, јбг шит хапенс. Полесен начин, здравје. Жените истрауматизирани се ако некој им пријде, одма го гледаат како потенционален манијак. (Со право во овој чуден свет на пропаст). Едноставно така функционира светот денес, дечко/девојка се фаќа на интернет. Дури чудно е кога некој ќе каже дека се запознале надвор негде па продолжиле комуникација на нет (завидувам). Реално, само постарите неженети мажиња приоѓаат во живо со најлоши пик ап лајнс евер.