И ние со маж ми се запознавме на интернет во 2001ва.. тој дел го разбирам. Не разбирам зошто преходно има 'процедура' со лајкнувања, фолоунувања, а нема веднаш разговор во порака?
Па мора да се осигура прво човекот дека другиот е заинтересиран за да му слајдне у диемс И seen-от е болно трнче за егото. На еден начин си обезбедува територија, што си е сигурно, сигурно си е.
Кукавичлук... Ако ми лајкне, не чекам да пише, зеам, ја му пишам: Шо ти се бендиса на сликата бе? То 'бе' - препорачливо е да го користиш, за да не е на сигурно од одма, дали ќе му се удвараш, или ќе го претепаш
Поинтересно беше на месинџер или мирц. Знаеш дека си тука дојден на чатување. Ова фејсбуков ептен е... деликатен.
Некако современиве мажиња, посебно Македончето, се повеќе го губат тоа ''машкото'' во нив. Жениве поголеми мажи станаа од маживе. И на крај, зошто млади девојки бркаат постари. Ете зошто!
Телефонот му беше на полнач. Сакав да видам колку е часот бидејки мојот беше сосем празен. И ме виде дека му го чепкам и ми се развика. Се како ќе му кажев дека видов колку е саат од кај него на. Мобилен
Лајковите и останатите соушал мидиа алатки се предигра, лично мене, ептен турн он ми е овој дел, играта,пред да се деси разговор. Не ти е срам веќе да пишуваш за овој ? Колку понижувања можеш да голтнеш ? Зошто пишуваш у темава кога и претходно ти се даваа совети, а ти пак тераш.
Кјут се, стварно Не се ко во наши рани тинејџ дни со фразата Сакаш да се фатиме? или од нашите подоцнежни тинејџ дни со мирцот и zdr, asp, pls или на со hi5 и најубавата профилна на ачик Нови генерации, нови правила на игра, ама многу е удрено на визуелизација отколку на вербализација
Се согласувам. Според мене првите чекори и пишувањето прв ми се машка карактеристика, мажот е ловецот и он треба да брка. Ние жените почнавме храбри да сме многу, и ради нас машкиве станаа мекуши и без иницијатива (со чест на исклучоци нели) Јас немам проблем прва да пишам, но зошто, едноставно не е во ред. Мажот треба малце да е маж... @lovestoneddd Имаш мислење што да направам во ситуацијава моја? Да му лајкнам нешто пак? Али така ќе е можда малце очигледно дека го мерачам хахах. Или пак можеби да оставам еден период, па ќе видам дали ќе ми врати нешто на стори кога ќе ставам..
Ако му се допаѓаш, зошто да не пише прв? Зашто ние женските да пишуваме? Не велам дека не можеме или слично, но некако не ми штима едноставно
Технички можам, но мислам дека во природата на машките е да ловат. Нешто што самото ќе им прије мислам прави да изгубат интерес или привлечност.. Не е дека не можам, туку дека полошо правиме ние женските така..