Може не му се допаѓаш А ако тебе ти се допаѓа зошто да не му пишеш прва, нема да боли. Ова новиве генерации многу комплицирани, фолоу, риплај на стори, лајк а бе да ти пукне пична жила
Пиши му ти прва и не ја комплицирај работава, ако ви тргне муабетот тоа е тоа, вака џабе се мислиш и пак ништо. Остај ти кој лови, а кој е ловен, ти се допаѓа упаѓај во игра
Занемари ја природата на полот и помалку анализирај за да не се измачуваш. Се додека си правиш такви проекции нема да знаеш дали ќе успееш.
Уште една две ко тебе вака да делеа мислење, овде во кафанава ќе имаше доста вербални тепачки. Смени си ја призмата на гледање, ќе страдаш.
Не налага природата машкото да е 'ловец' туку општеството, и обратно, женското да е плен кој ќе чека да биде уловен. Од мали им се всадува у глава дека они ( машките) треба да ги влечат конците, а женските да не се истакнуваат многу околу тоа што и како сакаат, пошто невкусно било. Глупоштина.
Извини ама стварно морам да те прашам, што бараш уште со него? Што треба да направи за да се освестиш дека тој не е баш идеален за тебе?
Уште си со него? Секој втор, трет ден добиваш сигнал дека нешто не штима... Не го игнорирај тоа. Ми изгледа ко само да те користи, а не си мала за да бидеш толку наивна. Многу ми е грдо кога гледам женско што не се цени и им попушта на будали, кога трпи нешто што не треба да трпи наместо да пресече. Е ова е еден таков случај.
Ааааа... флертувањеее.. Ај кен рилејт -------------- Јас сум ловец, мажите се плен. Намалете со тие 'машки-женски улоги'. Не си наметнувајте сами на себе правилници кои не постојат никаде, освен во вашите глави.
Добро уште што треба да направи и уште колку да те понижи за да сфатиш дека треба да го откачиш? Мене дечко ми така да ми направи ќе го отерам у курац и никад повеќе нема да ме види ,сите се однесуваат како ќе им допуштиш , цени си се повеќе себе си и не дозволувај така да те третира откачи го одма.Искрено не знам кај ги наоѓаш вакви дебили .Штом ти се развикал значи кре нешто затоа што ако не криел немало така да реагира .
Совет па внимавајте лагата тст дволичието е толку стерилно спакувано денес,и наизглед неодоливо привлечно дури повеке и од шери чоколадце,за жал кога ке го отворите ке се соочите со вистината.
Зошто машките ретко кажуваат или воопшто не кажуваат, пример кога ќе одат со другарите на тоа и тоа место дека стигнале и дека е се во ред и потоа не кажуваат дека стигнале дома. Барем една порака да се прати. И зошто е констатирано дека мажите, сите мажи во брак, сакаат кавги???
Дали си ти среќна во врската? Дали сметаш дека те заслужува и цени? Не те прашувам ради ова, и дечко ми ретко има навика да каже дека стигнал кај што е отиден ама секогаш кажува кога ќе се прибере. За кавгите, карактер е се. Те прашувам ради тоа што премногу ви е тазе врската за толку маки и проблеми да имаш.
Мене се ми кажува дечко ми. И кога стигнал и кај оди и со кој, па често и селфиња ми пуштаат со другарите негови ако се излезени или собрани... Не сум му побарала извештаи, сам си кажува, така уз муабет, цел ден пишуваме, па ко навика некоја само е да кажеме кај сме шо сме... Не се сите машки исти...
Нема потреба на никој да полагаат сметка. Ние не сме навикнати да даваме постојан извештај за тоа каде сме и со кого ама поради тоа што често сме на фејсбук во последно пример може да кажам одам на кафе и слично (исто и тој), ама тоа завршува така. Е сега има два вида, едни кои стварно не се замараат и сметаат дека нема потреба и други кои го прават тоа со друга намера во зависност од околностите. Кавгите не би рекла дека ги има само во брак... човек кој сака да се расправа ќе го прави тоа и во врска.