Мене дечко ми ми кажува се ,секогаш па дури и до продавница да отиде знам. Така да не е проблем до "машките" туку до тоа каков дечко си избрала. Кога и да искочи ми кажува ќе искочам и кога се враќа одма ми пишува или ми се јавува дека се вратил. Исто така тоа дека мажите во брак сакаат јави е класифицирање и многу глупо мислење па срамота е на 30 години да го збориш тоа .
Сестра ми, ми рече така. Мажена е и ми рече, ќе те видам тебе кога ќе се омажиш, сега лесно ти е. Секој маж бара кавга и се сака да му биде средено, зготвено, испеглано. Се од жената се чека.
Глупост. 20г се у брак моиве, па татко ми знае и сам да си зготви и да исчисти, т.е си ги делат обврските. Па и татко ми појше слободни денови има од неа, а мајка ми повеќе е на работа, да се чека се од неа, ќе треба куќата да е ко нуклеарна бомба да ни паднала. Помагаме и ја и брат ми колку можеме плус, не се чека се од мајка ми. Не сум ги видела за глупости да се караат. Тоа кога имаат луѓево неуспешни врски и бракови, па си бараат глупи оправдувања изгледа од овој тип.
Па ако она така му дозволила така и ќе прави. Еве татко ми и мајка ми се во брак 25 години па готви и татко ми и мајка ми чистат заедно ,така да се е до компромис и до тоа колку ќе дозволиш на некому,што се омажила она да му биде робинка?
Маж ми не бара се да му е средено, зготвено, ако не е, сам станува и си средува и сам си пегла. И не бара кавга. Ама читајќи те каква е сестра ти, реално со такви сфаќања какви што таа има, само со еден таков лигуш од маж би можела да биде. Паметните мажи бараат паметни жени
Кој век сме за од жената да се бара само да чисти и готви? За тоа се венчаваат мажите, за бесплатна слугинка да си земат? И не значи дека сите мажи се исти ко оние на сестра ти, познавам многу што јадење си прават сами, си пеглаат сами итн. И аман од тие муабети "кога ќе се омажиш, ќе видиш, сега лесно ти е тебе.."
Мене дм своеволно ми кажува кај оди, ми праќа и слики и видеа, говорни пораки. Едноставно он така функционира, нему му било убаво да сум знаела јас кај е он и со кој се движи. Го почитувам тоа. Така да не мора да значи дека сите мажи не сакаат да кажуваат кај се и што се. Еднаш зборевме на темава у СДК и тука ке ти речам да не зимаш вакви муабети за сериозно. Тоа си е нејзино гледиште, она така ги доживува работите, не значи дека така и со тебе ке биде. Отвори си очи кога бираш партнер и ке видиш дека нема да излезе на крај како што вели сестра ти
Сум слушнала од мажи дека се глупи кога станува збор за читање меѓу редови, и додека не им кажиш нешто директно тие никогаш нема да те сфатат. Во смисла воопшто не обрнуваат внимание на детали. И стварно мислев дека така е, сѐ додека не почнав да се сомневам дека сепак не се толку глупи и знаат да прочитаат нешто меѓу редови, туку намерно се прават дека не знаат ништо поради некоја си причина (?) Што би рекле за ова (особено мажите)?
Повекето сме такви глупи,но има и од оние другите трачарки,тие се специализирани само за мегуредови читање се знаат и што мислиш во моментот но што ке ти се.Ретко некогаш и ке приметам,но помислувам дека е случајност или ке го прекутам или заборавам моментот,ако не е нешто премногу сериозно.
Јас скоро со секое машко што сум имала било какво искуство, за повеќето работи сум требала директно, кратко и јасно да кажам за да ме сфатат. А јас ко што сум тупаџика, ми треба време да го склопам тоа во 1 реченица. Сакам да ги внесам сите причини, ситуации и слично, за на крај да добијам одговор на последното кажано/прашано. Не знам дали било од инат, дали стварно се такви и не капираат или дали јас премногу кружам, ама мачно е некад. А инаку, сметам дека без разлика каков си и што си, секој треба да обрнува внимание на детали и ситници. Мене тие работи ми се најважни и најпотребни во целата склопка.
Не се замараат би рекол повеќе дека е, али да има и од инат. Јас се сметам себе за директен човек и многу мрзам кога треба да читам меѓу редови или не знам што, па чекај ова ли беше, она ли беше, чекај муабетот од пред 2 години имаше нешто спомнатоо, абе ајде оваа, што е ова, 90тите романтичен филм.... од инат се праам дека не разбирам да ги терам да бидат директни луѓето. Али не би рекол дека се глупи, или многу мал процент е дека се глупи, повеќето е не се замараат, се прават глупи или од инат тераат. Според мене, со мажи се тера само директно, нит проблеми, нит глава боли, среќен живот.
И јас сум таква, ми требаат повеќе зборови да се објаснам и често страв ми е директно да одам да не бидам многу нападна или да не кажам нешто погрешно. Муабетов ми е општо со мажите во животот, не мора да значи само за во романтична врска. За нас битни се деталите, за нив можеби не толку, дали намерно или ненамерно, и тука се појавуваат недоразбирања. Слично ми беше кажано како ова. Дека се трга маки со мажи ако чекаш нешто да сфатат што не е лупнато директно. Ама ми се случи една ситуација пред некое време кога добив одговор на нешто што не го имав кажано директно (што морам да признаам позитивно ме изненади) и си викам гледај кој не знаел да чита меѓу редови и да запазува детали.
Ја мислам дека сфаќаат кога им збориш/збориме меѓу редови али само коа на нив им одговара. Сум приметила дека кога станува збор за нешто посериозно и не сакам директно да им кажам, се прават на Васка Илиева и демек не сфаќаат, а нив кога им одговара нешто го сфаќаат. И во 80% (бар од моите) случаи, машките го слушаат она што сакаат да го чујат.
Citam ubo megju redovi, ama vie zenite ste so 300ta umishta. Pretopcitam jasno glasno da se kazhi so si odlucila/naumila itn. Mi e maka nekogas da igram igra na zborovi.
Читање меѓу редови е глупо , сакам кажување директно и јасно ,мразам меѓу редови па да очекувам мисли да ми чита зошто побогу не би кажала директно? Секогаш на дечко ми се му кажувам директно и не очекувам да ми чита мисли или да "чита меѓу редови" па никогаш не би била со некој што не кажува директно туку заобиколува па да му читам мисли па не сме мали деца возрасни индивидуи сме кои треба да се однесуваат разумно .
Ама не се работи секогаш за читање меѓу редови. Јас кога зборувам (дали е расправија, обичен разговор или раскажување нешто) не знам да го кажам тоа во 2 збора. Сакам да доловувам детали, да кажам се како што е, да преточам и емоција и мислења и се. Некако тешко ми е на прашање да одговорам кратко и јасно, а и да поставам едноставно прашање И пример се расправаме и јас кажувам вака така онака и добивам реакција само на онака.
Па стварно која е поентстс да не се кажува директно па у врска или тормозење е тоа? Па боље ќе бидам сингл него со некој што место да каже директно ќе кажува меѓу редови и ќе очекува да читам мисли.