Измеша лончињата цуцлето хахаха. Иначе да, треба да си директен ама тоа не значи дека треба да чмаеш пошо не ти рекол некој директно нешто. Некои луѓе не ни знаат со зборови да искажат чувства ама пробуваат да покажат, другата страна не треба да се прави наудрена дур не се каже јасно.
Инаку на темата за читање меѓу редови, многу мразам кога некој ја тупи цело време и очекува да читаш меѓу редови, без разлика дали се работи за партнер или другар/ка. Не можам да знам што има некој во мозокот ако не биде конкретен. Сум имала така врски, кога молчел, ја тупел, и не прејдувал на главното и очекувал да сфатам самата што сакал да каже. Со тоа доаѓало до караници и откако ќе пукне тиквата тогаш ќе каже што и како било и како треба да биде. Преферирам директно да се отворат картите, а не влечкање цело време.
Ова ми беше најмногу поентата, кога се даваат јасни знаци за нешто, дали мажите се стварно глупи или намерно се прават наудрени. Се согласувам со тоа дека треба да се настојува директно да се кажува, а не само одоколу да се врти. Ама јас сум од тие што не умеат најдобро да ги искажат чувствата со зборови, па се обидувам да се објаснам надолго и нашироко често, а на крај тоа да не е (целосно) сфатено како што треба. На пример не треба да се чека некој секогаш да ти вели "те сакам", "ми значиш", "ми недостигаш" баш со тие зборови. Ако обрнуваат внимание ќе сфатат дека и на други начини се (до)кажува тоа.
Или "извини" и "во право си". Некогаш и да не се каже, ако со дела некој се искупи за згрешеното или се поправи, не мора да се настојува да се чујат тие зборови и се да испадне исфорсирано.
Не се глупи, ама кога ќе им се лизне од раце шансата шо се вика, после да видиш како трчаат. Лекот е само директно да си се изјасниш. Ем не ја тупиш, ем не губиш време. А ако и директно не те сфати, тогаш и тоа што си го прашала било многу.
Подобро директно да се изјасните. Лично некогаш премногу се напрегам да прочитам меѓу редови и кога ќе прочитам не знам дали точно сум прочитал.
Мажи сакаат кога сме директни, од проста причина што најчесто ги мрзи да мозгаат а реално ние сме доста вешти со зборови и нештото не знаеме да го поедноставиме. Секогаш практикувај да си директна за да си заштедиш на време а и добро делува против главоболки од типот “разберено-недоразберено“.
Карактер е во прашање, не пол. Манипулатор е манипулатор, а незаинтересиран, или игнорантен, е незаинтересиран и игнорантен. Лично, сакам отворен пристап, не сакам суптилност ако претходно нема повод за истата. Во смисла на флерт., или било каков друг контакт. Глумење лудило, особено од страна, ми е нон сенс и за двете старни, не толерирам такво однесување. Ако некој има очекување дека ќе му ги прочитам мислите, уел, негово ќе биде и разочарувањето.
Сум сретнала мажи што и да им нацрташ нешто пак нема да те разберат. А и онакви што ќе те разберат и без да кажеш збор. Нема потреба од генерализација, секој човек сам по себе си е посебен и треба да се прилагодиме на тоа што сме го одбрале.
Обостраната комуникација не ја толкувам како не/разбирање и потреба од суптилност во не/вербалниот јазик. Пристапот, начинот, тонот во разговорите произлегува од менталната компатибилност, степенот на познавање и искреност. " Глупи" е навреда и генерализација за недостаток на објективност.
Дали ви е...да речам детски кога тој бара внимание? Во смисла тој да ви лежи на гради, да сака галење по коса, чешкање. Всушност да, знам дека не е, само еве јас не обожавам да му правам така. Повеќе јас сум атеншн сикерот па кога тој е таков размазен ко да не сум јас јас
Зошто размазен? Секој сака блискост да осети и во убава врска со искрени чувства секој ќе има желба истото и да го покаже, како што сака и да го добие. Не гледам тука ништо лошо, ниту има потреба од преувеличување дека бил размазен или attention seeker.
Знам дека нема ништо лошо, само јас не сум навикната тој да се однесува така. Повеќе време јас сум таква
Не ми е детски воопшто. Колку што јас сакам да се "размазувам" толку и тој. Всушност ќе ме загрижуваше да не беше така. Повеќе сакам кога мажи покажуваат осетливост и си бараат внимание, наместо обратното. Кјут ми е. Не размислува секој така ама ете. Скроз нормално е.
Ако нудите Дормео удобност, ќе switch -неме улоги. Шала на страна, нема ништо поубаво од лежење на гради и споро чешкање со прсти низ коса. И ние понекогаш сакаме да не размазувате.
Ме интересира мислење од машките членови, не најдов посоодветна тема, ако има, нека премести модератор. Ја видов на Инстаграм Ава Карабатиќ, старлета, објавува провокативни фотографии на кои е сосема гола, со мала цензура. Ги погледнав и коментарите, полни со восхит, а од друга страна има и негативни коментари. И ме замисли тоа. Ок, таа е старлета, но има и доста обични девојки кои, ако можам така да кажам, буквално си го рекламираат телото на Инста. Ме интересира, што вие машките членови мислите за девојките кои слободно го покажуваат своето тело на слики на социјални мрежи или кои во живо носат облека која повеќе открива отколку што покрива? Дали ги сметате за храбри и на тоа гледате позитивно или сметате дека не е во ред и зошто?
Апсолутно треба да се каже извини и во право си, јасно и гласно. Човек што не знае да каже џабе му е да купува цвеќиња или не знам какви дела да прави. Тој што не може да вокализира е незрел човек. Апсолутно мора да се настојува. Ако некој неможе преку својата гордост да премине и кога ќе згреши да не може да каже извини или да признае дека друг е во право, зошто ми е таков недоделкан.