Во ред е секој да прави што сака, се додека не ги прекршува законските норми, или во случајов инстаграмските закони. Лично не би преферирал такви девојки. Зошто? Затоа што сметам дека една личност треба да поседува доза на елегантност и да го привлекува вниманието со својот карактер, манири и интелегенција, наместо со откривање на физички атрибути. Така да, ниту би ги плукал, ниту би ги величел. Едноставно би ги прескокнал.
Јас нудам метални шипки Ако партнерот си сака галкање, треба да му се исполни желбата. Ако другиот партнер не ужива да гали, треба да се направи компромис. Не зборувам за цвеќиња и не знам што. Зборувам за поправање на грешката. Јас немам проблем да признаам грешка или да се извинам. Ама буквално бев дел од разговор кај што признав дека другиот е во право и разговарав за тоа, без да изговорам "Во право си". На глава ми се качи соговорникот затоа што не сум ја изговорила фразата.
Фразата е најбитна. Не може да се каже извини и во право си поинаку освен вака и да го има истиот ефект. Се друго е пробување да се избега од одговорноста или незрелост да се прифати сопствена грешка. Пошо кога ќе речеш "во право си" на друг, се слушаш и себе си кај што го изговараш и си признаваш прво на себе си, а после на друг дека ти си згрешил и ти не си во право. И не е многу пријатно да слушнеш јасно и гласно дека не си во право. Не зборувам за тебе конкретно туку општо. Треба пазење кои зборови одбираме да ги употребиме.
И шо е храбро ако се соблечеш? Ај ќе се соблечеш, и? Што си постигнала? Ништо. Храброст е да правиш добротворни работи кои ретко кој ги прави и кои се тешки за правење и кои имаат големи резултати. Не е храброст да се соблечеш дома и да се сликаш. Глупост е. Плачење за внимание.
Да, точно е ова што го збориш. Т.е Во право си Едноставно јас сум личност што повеќе цени да се покаже извинувањето и признавањето, без разлика дали ќе се каже Извини или Во право си. Сепак, треба и луѓето околу себе да си ги научиш. Мајка ми на пример, кога не е во право, нит кажува нит покажува. Ќе покаже додуша таа после некое време, ама таква е.
Има разлика од ниво на разголеност старлета и ниво на нормално покажување кожа со вкус, не може сите да бидат ставени во ист ќош.Веројатно не треба во бурки да се шетаме или евентуално хиџаб да ставиме. За првиве не верувам дека некој има позитивно мислење или ги гледа како храбри, зашто не се храбри, работа им е тоа.
Порано не правеше вака многу, често не го гледав да биде таков, а и јас не му дозволував. Пред некој ден така ми легна на гради и се осетив чудно. Сакав да му речам прво да стане, ама го оставив. Па по некое време ми рече убаво било вака јас да лежам врз тебе. И се осетив малце...лошо што претходно сум го одбивала
Дали би ја оставиле девојката, која има потреба од внимание, природа, шетање, за да одите сами на планинарење неколку дена, се разбира организирано?
Доколку пречесто се случува да оди на планинарење веќе е сомнително. Елаборирано : Секој од нас сака некогаш да излезе сам или со свое друштво без партнерот но секако треба да се има обзир и за желбите на партнерот. Ако секој викенд тој има желба само со друштвото да оди на планинарење а не те вклучува и тебе има место за сомнеж. Ако еднаш во месец дена му се случува би требало да е прифатливо. Доколку ти би сакала да го ``резервираш`` за шетање без други личности околу вас ,имаш право да го направиш тоа. На крај сметам дека за повеќето работи во животот партнерот треба да има приоритет пред друштвото.
Секој месец оди, овој пат со спиење. И затоа ми е сомнителен. Демек сам ќе одел и таму ќе запознаел луѓе. Ако е така и јас иначе си имам френд за шетање. Ќе си го свикам и завршена работа.
Залудно прашуваш кога после сите совети посочени кон тебе, ти пак си тераш по свое и не сфаќаш дека некои црвени знаци веќе не се за прескокнување. Не знам зошто воопшто се мачиш да пишуваш и бараш мислења. И нема што да форсираш кога постои толкава нефункционалност меѓу вас. Не ни знаете да се договорите, што значи комуникацијата ви е лоша, а тоа е најголем проблем.
Да не ти кршам филм ама по муабетов дека тој ќе си запознава таму и ти дека имаш френд ми стои дека двајцата си терате на своја страна и се повеќе се раздалечувате еден од друг. Како што ја прочитав @IM.TMKQ дека комуникацијата ви е нарушена, мислам дека работата е готова и не се движи во позитивна насока. Особено ако дечкото некој граници на толеранција ги преминал.
1. Понуди се и ти да идеш, само понуди се, истестирај го. Ако прифати без проблем тогаш можеби и стварно планирал така да е сам и таму да запознае некој, ама ако ти негодува тогаш запрашај се малку... 2. Со болдираново, никој ништо не постигнал у една врска вака терајќи. Не е финтата сега да си водиме инает и да си го мериме кој, колку и како може. Болдираново е само израз на бес и на она “да му покажеш“. Немој така, ни во оваа ни во ниедна врска немој да пријдуваш со ваков став. Збори отворено, во последно не сум те читнала за врскава, ама настојувај да си отворена во муабет со него, доколку немаш таков фидбек тогаш расчисти со ова.
Повреда на нога имам. Тоа е целата работа. Еднаш беше ок, ок реков. Без спиење беше. Да, фрустрирана сум затоа така реков. Еве имав вчера температура го нема да се јави пола ден како сум, сфаќам дека е на работа, но ако сака може да се јави. Еднаш, не ми се јави еден ден. Почна одма ти имаш корона, земи провери се, не си мала. Ќе ти се влоши состојбата. А, гледам денес ми е подобро. Немам ништо Само отворен муабет...
Фино лепо ќе си раскинеш и ќе бараш некој подобар, не го бива момаков. По сите работи што ги изнакажа јас да сум на твое место 10 пати ќе му раскинев до сеа. И не барај веќе совети кога ниеден не примени, ми се чини дека од досада го правиш ова.