Момците не размислуваат на долги стази, оставаат на времето. Тоа не значи дека навистина ќе раскинете, туку зошто сега да планирате кога има уште една гсина. Мисс јас и дечко ми пред две години раскинавме за ова. Бев на свадба и таму еден тип цело време леле колку си убава, те земам за жена (навистина имаше намера да се жени, но најверојатно не беше сериозен ) се смеев со него цела вечер. Ми годеше кукла си, најубава си, леле зошто си толку помала итн. Наредниот ден му кажав на дечко ми како сме се зезале и овој демек ќе ме зима за жена. Полуде. Тој сфатил дека јас сакам љубоморен да го направам, демек повеќе вредам, а тој не ме почитувал толку бла, бла, бла... Раскинавме. После неколку дена се врати со подвиткан опаш. Се уште се лути кога му кажувам такви ситуации, а сака потполно да сме искрени. Е ај сфати ги
Марама, има некои работи кои сепак треба да се премолчат , се разбира се додека не планираш пак да се видиш со типот па да биде случка како од филмот Unfaithful. А вака еднаш си го видела типот, сте се зезале и не планираш и не сакаш повеќе да го видиш- зошто да го замараш партнерот со сите детали, доволно е само да спомнеш дека сте зборувале
Машки ај помагајте!!! На почетокот се беше нај нај да не речам најубавите денови во мојот живот почнавме некој врска од која ни двајцата не очекувавме дека ке опстане се беше сватено ко не шала ама како викаат се што е така гарант испаѓа нешто големо.Он ме запозна со неговото друштво и јас со моето и се беше ок.Но се случи нај неочекуваното еден негов другар почна на некој начин да ми се доближува да не речам да ни се меша,мене се обидуваше да ми ја полни главата и на него а се тоа било како рачка да јас и он се скараме и успеа на некој начин,он се тргна од друштвото,а они не го бараа него туку мене а со мене се знаеа само неколку месеци и мене се ми беше чудно а јас излагав со нив со надеж дека ке си ги пораам односите но тоа не се случи.Он не излегуваше со нив и никој буквално не знаеше што се случува со него а и мене ми падна многу чудно поради тоа што тој ептен се дружеше со нив и наеднаш го снема.и се случи тоа од сто најмногу се плашев типот што ни ја полнеше главата и на мене и на него уствари као демек сум му се свиѓала,глупости во боја и сакала несакала се најдов во најгрдиот триаголник во мојот живот.И не мозев да издржам никогаш во животот ми се нема ова случено единствено што напрајб е што се тргнав и јас од нив и пробував да си попраам односите со овој и не знма дали ке успеаам пошто не знам се што му има другаров зборено и се што се има случувано и .... дали од машки или женски аспект има некаква надеж,што треба да напраам и .... пошто мислам дека ставрно се имам заљубено за прв пат во мојот живот фала однапред
Зборувај со него, објасни му дека ни ти не си знаела што се случува и се било само една обична, глупава ГРЕШКА! Кажи му дека го сакаш, дека нема да дозволиш за глупости да се разделите на ваков идиотски начин, буквално објасни му се како било, што ти зборел неговиот другар тебе, што на него.. Јас од мој аспект (женски ) мислам дека ако стварно те сака ќе сфати дека ти не си крива за тоа што другарот се заљубил во тебе и сакал да ви наштети ан двајцата полнејќи ви ја главата со глупости
само искрен разговор...друго ништо!!!! Карти отворени на маса, отвори му се и тоа е тоа....Гуд Лак !!!
Добро си сватила. Не сум ни јас машко,но мислам дека грешката ти е во тоа што правиш план на долга стаза. Тоа нив ги преплашува,исто како овие два збора трудна сум. Година време сепак е долг период,може многу работи да се сменат,од кај знаеш,може па ти ќе бидеш онаа која што ќе се промени,ќе го промени мислењето за него,не мора даа биде тој тоа... Убаво ти кажа феминката над мене,зависи и од тоа колку време одите.. Не ја прави истава грешка втор пат,остави на спонтаноста,нека не те боли главата уште од сега за тоа што ќе биде одгодина!
Долго време се мислев да прашам но еве конечно се решив.Дали вие момчината преферирате девојки кои имат одено со многу момчиња или тие кои имат одено со малку (во некои случаи и со никој ) ?
имам јас едно прашање до вас машките членови на форумов: зошто голите раменици кај зените ви изгледаат толку привлечно што е толку возбудливо кај рамениците? благодарам однапред на одговорот
Не ми е јасно каков одговор би требало да ти дадам на ова прашање... Едноставно, разголени раменици, врат, плеќи = неодоливо и секси искушение. Наместо да прашуваш, користи го овој податок кога ќе е потребно. Бараш генерален одговор... Едноставно нема никаква наклонетост, зависи од дечкото... Некои бараат искуство, додека други сакаат да се први во многу работи кај девојката.
Веќе долго ве следам на сајтот но конечно се регистрирав.. Ми треба мислење од машки но добродојдени се и женски мислења. Почетокот е сличен како на Дина..најпрво тој и рекол на СВОЈА братучедка дека сум била убава,сум му се допаѓала и сакал да знае дали му се допаѓам бидејќи се познававме со братучедка му и јас и кажав дека е симпатично дете..после тоа тој ме адна на фб па почна лајкови и ретко враќав и јас..поминуваше времето и ние се запознавме,и потоа јас стварно се "затрескав" во него..Добро беше се.. се гледавме се однесуваше прекрасно но кога стапивме во ВРСКА целосно се промени.не беше веќе тоој.. бевме заедно само 2 нед бидејќи не можев да го издржам неговото однесување.. постојано беше со неговите другари како само тие да постојат ии кога е со нив тотално ме игнорира.. Некогаш ќе се појави на фб ќе пише нешто но сега го нема ни Онлајн и сме само на "здраво" но неговиот братучед е со сестра на моја другарка.. ии кога тие двајца биле излезени отишол со нив ии ми се јавуваат (сестра и на мојата другарка) да одам таму и таму но си помислив "што мисли дека ќе ме има само кога тој ќе посака" и не отидов.. И сегаа не знам штоо да правам стваарно го сакам премногу..
Имам една дискусија тука со еден тип и баш ме интересира мислењето на момциве ( и на девојките секако) тука. Ај вие дефинирајте ми ја обратната психологија,кога,како,зошто би ја користеле...?
јас мислам дека ок си постапила,а вака гледано и типчето не е баш како шо си очекувала дека ќе е ...тогаш ЗОШТО мораш да бидиш со него?Без разлика дали си го сакала или не,размислувај малку за твое добро...Ако тој по 2 недели се покажал како таков,замисли каков ќе биди понатаму .
Значи со дечкото што го сакам/свиѓам се имам мувано два пати, али на пијано. Никогаш не збориме за нас двајца, значи никогаш, но кога сме заедно си имаме така нешто што дефинитивно не е пријателство, мада не би знаела како да го наречам. Дури ми се јави да ми честита роденден, што беше прилично изненадувачки гест од него. Иначе, наводно тој е многу, прекомплициран, и стварно не знам ни што да мислам ни што да праам, а муабет со него да праам за тоа, никако. Совет ?
Ајде и јас да се изјаснам околу мојата ситуација и да побарам да ми протолкуваат оти некако не можам да разберам некои работи . Веќе подолго време ми се допаѓа еден дечко ,си упатуваме погледи и насмевки а мене не ми е јасно негово однесување топло-ладни односи , кога сме излезени некаде по клубови најчесто ме погледнува токму кога сакам да му го уловам погледот ја тргнува главата настрана и секогаш кога мислам дека ете сме блиску дека можеби ќе собере храброст да ми пријде тој само ќе си ја помине вечерта со другарите и само ме надбљудува ,не знам како повеќе да го охрабрам освен со тоа што му се насмевнувам не ми е јасно која е бариерата помеѓу нас и како да ја срушам а не сакам прва да му пријдам за да не излезе дека трчам по него
По утрото денот се познава а, овој типов уште од почеток забушава, така да со повреме мафни го, баш изгледа како некој незрел и несериозен... не сте требале да дозволите другарот да ви се вмеша и до толку да се зема слобода да зборува. од напишаново ти воопшто не си виновна, не си направила ништо, е сега останува на дечко ти, кој без причина ја бара вината кај тебе... А дечко ти пред се треба да има доверба во тебе и тебе да ти верува , а не да слуша сенекој отстрана што ќе му зборува.. ако не правиш муабет, никогаш нема ни да дознаеш, само ќе си претпоставуваш и нагаѓаш до утре -или дечкото е ептен срамежлив (и мора да го ослободиш, да го отсрамиш ) -или се прави некој тип, па како тебе, така си мерка и други женски -или искрено сака нешто со тебе, ама не е спремен да ти пријди, бара начини, можеби и сигурност дека нема да биде одбиен..... за каков и да се работи, денес воопшто не е срамота прва да му пријдиш, и зошто мислиш дека ќе испадне дека трчаш по него??? Па нели и ти му се насмевнуваш итн.., си му дала до знаење дека ти се допаѓа. А, тој збор `трчање` е стварно глупав измислен термин! На мојот дечко јас му пријдов, тој многу се срамеше, иако изиграваше фаца и ден денес се смееме на тоа
Ми се има истово случено, само ние прекинавме контакт Се гледаме секој ден, и ептееен во нужни ситуации комуницираме. Затоа би те советувала тебе да не не ја повторуваш мојата грешка, додека можеш, ( за мене е касно), биди опуштена со него, смеј се и дури ако некогаш паднете на муабет за тоа што се случило свртете го на смеа, така повеќе ќе се опуштите.Зашто да не правиш муабет, така само ќе ја повториш мојата грешка, а еве јас и он не сме знаедно.. Баш напротив, прај си муабет биди си опуштена, само така можеби следниот пат мувањето нема да биде на пијано
хмммм како, кога, зошто....па ИМЕЊАЧКЕ , зависно од ситуацијата да ти кажам право....има мислам различни видови на обратна психологија така да зависно од контекстот на ситуацијата е....ајде еве да речеме дека се работи за љубовна обратна психологија, на еден начин те победува во твојата игра....пример ти го свиѓаш него ама се праиш пичка ипол а он исто така ти го има фрлено меракот ама не те ферма 2 посто и ти се нервираш и тоа ти иде на живци и само поише се затрескуваш...на некој начин е уствари и тактика.....друг начин да ти праи обратна психологија е да ти вика дека неможеш да го придобиеш - а тоа нормално те нервира, а истовремено ти е интересна и играта....За кога се праи, искрено мислам дека се праи секогаш кога ќе се појави можност, ако "играчите" се вешти во флертот, зашто според мене е една од најмоќните видови на флерт и нормално забавна....А зошто - па исходот т.е. целта како и да е се знае уште од почеток - да се придобие другата личност или така речено да и се протнеш под кожа....Е сега на сосема друго ниво, мислам дека ова си доаѓа потсвесно и дека вешти флертувачи (ако можам така да ги наречам), ова доаѓа сосем природно и на еден или друг начин ќе ја доведат ситуацијата, т.е. ќе сведат се на флерт со обратна психологија
Абе ај да ве прашам нешто...има еден дечко ама воопшто не го разбирам..од една страна ме погледнува,изгледа дека му се допаѓам ова,она..и имам дознато дека рекол за мене дека сум убава..и тоа на братучед ми му рекол...а од друга страна излегува со други женски прво имаше девојка,но потоа дознав дека ја изневерил и раскинаа и сега не знам што прави.Ние сме другари да речам имаме здраво како си? и тоа благодарение на неговиот најдобар другар кој долго време ја сакаше мојата другарка па бевме еднаш на кафе сите заедно.Тој мислам дека знае дека ми се допаѓа .Ова се случува веке година дена...значи типов ме вади од контакт не знам што да мислам... и не можам да го заборавам,бидејќи кога ќе сватам дека нема ништо тој ќе почне некако да се додворува...А уште најтрагично еден друг негов нај другар деновиве се затреска во мојата др нај другарка..значи ова е хаос..што ми се случува.. имам една дилема дали да се обидам уште еднаш за последен пат па некако да почнам повеке да разговарам со него или крај и да се повлечам? Совет??