Не бе треба да се ака сеа девојчево дома и да плачи за овој. За кој очигледно и претходно пишав соминтелен ми е што е раскинат тазе со претходна девојка.
Да раскинат тазе и одма со друга девојка да продолжи чудно е, прво нема шанси одма да ја заборавил старата. Друго чим и остава простор на таа да му се јавуе не сака да ја изгубу уште не е сигурен дека со неа сака сроз да заврши. И трето ти ќе останеш повредена тргни се од него со време.
Дали навистина мажите секогаш сакаат жените да им бидат средени, во секоја прилика? Се исшишав малку пократко од вообичаено, и тогаш со тој што се гледав, знаете кој, ми рече дека не сум му била убава, тој сакал долга коса. ' Не те сакам, не си ми убава. Може да се видеме кога ќе ја пораснеш' Е, сега, на муабетов, сестра ми ми рече дека тој можеби навистина сакал долга коса и требало да сум го послушала и да не сум ја кратела. Исто, ми рече дека мажот и, сакал секогаш кога излегувале на Широк сокак, да биде средена, топ. Јас мислам дека, прво се средувам за себе, и како сакам така ќе се шишам. Гледам секогаш да сум средена, депилирана, некогаш знаам и да се попуштам но не до граница да изгледам одбивно. Некогаш не се Шминкам ако одам блиску негде. Зошто секогаш, жената треба да ај да не речам биде потчинета, од мажот?
Зошто им дозволувате, затоа. Моја глава, моја коса. Шо сакам ќе прам со нејзе. Ако не му чинам, нека си најди друга.
Косата брзо расте,кога ќе дојде тој момент пицни се помини на корзото вака ,темпирај време кога он ќе е таму . Тогаш може само да ти плукне под прозор,ништо поише. Позз
Ти си се средуваш за таква каква што сакаш да бидиш. Ако сметаш дека може да влијае врз тебе, сега за косата, утре че ти рече за бојата на косата, за алиштата, па колку да излегуваш што да излегуваш. ТИ немаш свое јас на некој начин и му дозволуваш да управува со твоите емоции. Убаво ти кажа Вајлд, ако не му чини нека си најди друга.
Ај тој без мозок, ок, знаеме дека таков ти е вкусот за мажи, ама коментаров од сестра ти...немам зборови. Дно дна! Научи да се ставаш себеси на прво место и да се почитуваш!
Без навреда ама не ја слушај сестра ти многу е проста. А на клошарот ако не си му била убава нека си најде некоја убава по негова мера , јас не знам зошто уште комуницираш со него стварно ич не се цениш како да уживаш да те понижува некој и да те третира ко лајно. Еве пример на дечко ми ми вика сакал со природна боја да сум си јас си се фарбам и најбитно ми е мене да ми се свиѓа не може он да ми одлучува за моја коса . Исто така многу сака кога сум со многу долга коса ама зошто ми беше изгорена од фарбање се исшишав до раменици и никогаш не ми рече дека му е грда или дека јас сум грда секогаш ми кажува дека сум му преубава. А за средување многу сакам да се средувам и шминкам ама не секогаш нормално не сум 24/7 средена ,некогаш се десило да спијам повеќе денови кај него па сум била неисчешлана во косата до негова блуза со подочници и никогаш не ми рекол грда си секогаш ми кажува дека сум му преубава. Не не треба жената да биде потчинета на мажот избриши го тоа од глава или спреми се да бидеш цел живот третирана ко лајно. (Извини на израз ама не знам како поинаку да доловам). Никогаш не би си дозволила на себе си некој да ми се понаша така .
Дали сериозно си дозволуваш да се запрашуваш дали требало да ја оставиш косата подолга за да му бидеш убава на вакво ѓубре? Додека мислиш дека твојот став за твојот изглед и одлуки е побитен, ништо не правиш. Кога ќе си сигурна и одлучна дека тој или било кој друг нема такво право да ти кажува што (не) треба да правиш, тогаш за ваквите веднаш ќе знаеш дека треба да ги отстраниш по брза постапка од животот.
@GirlLove без навреда, најдобронамерно, прво разреши ја твојата разнишана самодоверба и поработи на самопочитта па занимавај се со врски и дечко.И помалку слушај ја сестра ти, стварно.
Ај ти кажи му, кога ќе има брада ко поповите, тогаш може да се видете. И не и дозволувај на сестра ти премногу да го контролира твојот живот. Твој живот е, ако сакаш и на кец ќе се ошишаш.
Искрено, јас да бев модератор би ти забранил пристап на темиве додека не раскинеш со дечкото. Мислам, кој пат е ова да побараш совет во врска со него и по кој пат цел форум ти даде кристално јасен совет да го оставиш? И што направи ти? Ги изигнорира сите совети и си продолжи понатаму за после ден-два пак да дојдеш и бараш совети од истите личности кои не ги послуша. Јас не знам што веќе сакаш од нас? Каков совет очекуваш? Или ти е ептен тешко, или ултра досадно и тролаш овде.
Не може никој од форумов да и помогне да ја врати самодовербата. Треба да отиде кај стручно лице за тоа. Но, без оглед на ниската самодоверба, подобро е да и се каже вистината, која таа очигледно не ја прифаќа.