Ако ја напаѓате, само и' одмагате. Најлошо е кога си 'долу', некој 'да те толчи' одозгора. Малку емпатија, не е на одмет.
Не можеш да му помогнеш на некој што бара помош, добива совет што очигледно не е нешто што сака да го чуе и пак тера по старо. Не знам што треба да се случи за да се освести некој колку е заплеткан во нешто олку токсично, џабе совети се бараат, џабе објективни мислења и помош се нудат, имавме веќе еден пример од пред неколку дена. Џабе кажуваме за реални примери од животот што за жал се случиле и уште се случуваат. До членката- престани да дозволуваш други да ти влијаат на донесување одлуки за вакви тривијални работи. Баш дека ти е сестра, треба да покаже разбирање и поддршка, како жена кон жена. Најискрено се надевам дека ќе ти се отворат очите после ова оти ако продолжиш со некој ваков, се плашам да помислам што е следно.
Во (не)среденост прво воопшто не ни спаѓа пократка или долга коса, па ни шминка. Сè освен одржување лична хигиена е ствар на личен вкус и стил, твое е телото и ќе си го украсуваш и уредуваш како сакаш. Тука и советот од сестра ти е катастрофа, ама за дечкото веќе самата се потчинуваш со тоа што упорно остануваш со него. Според сè она што имаш пишувано, типот нема трошка осет и почит во ниедна смисла, ниту надворешно за твојот изглед и право на стил, ниту за твоето ментално па и физичко здравје, итн. Не сакам да звучи како да те напаѓам, ама стварно е жално и ствара секундарна иритација на човек да ги чита случкиве иако не те познаваме, дај малку почитувај се себеси. Со ваков идиот може само подлабоко да ти тоне и самодоверба и психа општо и сè.
Да ги имам мозоците и "проблемите" на некои од тука месец дена, ќе одморам. Џабе зборите,она упорно оди со глава у зид, свесно. После сите глупости од негова страна јас не знам како одлучува да остане со таков тип на човек. Мазохизам.
Самата се правиш потчината никој не те праве, незнам зошто не и ја затнеш муцката на таа сестрати веке во секоја тема ја има што паѓаш на тие конзервативни срања секако ја ако имам дечко ке му кажам да се избања во тој смисол да биде попедантен ама да му кажувам за коса за стил нема шанси.
Ниедна жена не може да биде потчинета на мажот доколку сама не дозволи. Се додека не изградиш став сите ќе ти го контролираат животот. Ни сестра ти, ни дечко не се релевантни кога е во прашање твој избор и одлука, а за да бидеш решителна треба да поработиш на себе. Ти недостасува твое јас ( самодоверба, самопочит, самокритичност, љубов кон себе).
' Не те сакам, не си ми убава. Може да се видеме кога ќе ја пораснеш' @GirlLove Ја би го шифт-делитнал за навек ликот, ти како сакаш
Како... се флертува со машко? Еве стварно не знам. Досега само едно машко ми се свиѓало доволно за да направам нешто со него, и тоа беше со преочигледни знаци како седење во скут, преголема физичка блискост значи и на крај отворено кажување “слушај вака значи сакам тоа и тоа со тебе”. И ми успеа тоа, иако од оваа гледна точка пренападно сум се понашала. И сеа, шо да праам ако ми се свиѓа некој друг исто така со кој конечно сакам нешто со него, ама не знам како да пристапам без да мисли дека сакам другарство.
Ние кога се запознавме најпрвиот пат само онака обичен муабет правевме. Ми се свиѓаше ама викам ај да не го уплашам од одма вака со флерт Во меѓувреме пишувавме на фб Па следниот пат кога седевме во кафич и јас тука цело време го гледам со онаков поглед, па само џоа случајно по рамо некој допир или рака, се сеќавам и намерно облеков тесна блуза тогаш, па си ги прчев пред него На крај така еден убав пољубац...у образ му дадов и го гушнав силно. Али ова пошто уште по пишувањето приметив дека му се свиѓам, па знаев дека имам големи шанси. Иначе сум срамежлива па не би ризикувала да јадам корпа.
@GirlLove дали ТИ мислиш дека сестра ти е во право, а и тој? Ако мислиш дека се во право, немаме што да кажеме ние. Ако мислиш дека не се, фино лепо ќе го откачиш а нејзини совети нема да бараш.
Да и кажиме да го остави зашо може да ја истепа. Шо може друго да е според Валјд?! Секој е тепач според нејзе... е сеа со тоа колку ќе и се крене самодовербата, не знам..
Тоа што мислите, без ароганција, надменост и навреди. Никому не сум седнала в скут, ниту ќе му седнам. И не, не е оти имам над 100кг и можно е да не ме искрепи, туку оти ми е вулгарно. Флертувањето (за мене) е игра со зборови и говор на тело. Не можам да ти кажам, треба да ти покажам.
За флертувањето обично ми доаѓа природно со тие што не ми се допаѓаат Додека со тој што ми се допаѓа се здрвувам цела харизма ми ја снемува внимавам што зборувам и едноставно не сум тоа јас. Си ја мрзам оваа особина
Никој не ја навреди девојката ,вистината е дека дозволува да ја понижуваат и да ја третираат надолно ,500 пати бара совети и пак е со него ,човек да си помисли дека е мазохист . Во право е членот погоре да бев модератор ќе и забранев да коментира по темите за љубовни проблеми затоа што со месеци само коментира и се жали и пак останува со него еве уште да ја истепа уште тоа не и направил.
Јас мислам дека @GirlLove трола, биг тајм. Не сакам да верувам дека постои реална личност со такви ставови и размислувања.