Ако некоја личости ви пишува постојано а никако да проба да напраи муабет , цел муабет се сведува на како си што се дешава .. 24/7 и на сто обиди за да продлабочиш тема се пресечува , истото се дешава и во живо, дали е карактерна особина, што нема муабет или има други намери особава ..
Таков му е карактерот, или па му треба време за да свикне. Ама штом и во живо е така, карактерно е... Барем јас мислам, не е единствена особа со тоа..
И јас сакам да прашам за истово ...и мене ме интересира шо е со тие луѓе што дотолку незнаат да сврзат моабет или не им се замара, а пишуваат!? ..
Можеби им се прави само муабет. Не сакаат да брзаат. Ако на секое ваше отворање на нова подлабока тема (за разлика од секојдневен муабет) тие се сечат и не знаат како да продолжат или вешто ја избегаваат може да значи повеќе работи. Страв од покажување на емоции и размислувања пред соговорникот, страв од реакција на соговорникот доколку не се сложи со нивното размислување или одговор и последното најверојатно од непознавање на зададената тема па немање што конструктивно да се додаде. Познавам многу зборливи личности на општи теми кои кога сум ги довел во ситуација за нешто не толку длабоко (пример размислување за политичката ситуација во САД, овогодинешен победник во Лигата на Шампиони во Фудбал, последици од коронава... ) буквално се сепнувале и не знаеле , не сакале, не можеле да продолжат со течното и брзо темпо од предходно. Затоа јас , личните прашања и теми што не се очигледни на прв поглед а се поврзани со нив или со некоја друга личност воопшто не ги започнувам и прашувам доколку самите не покажат иницијатива.
Не станува збор за лични работи да кажува некој туку да се навлезе во некоја одредена тема на моабет па макар и за дупките на улиците во Скопје да се зборува и на тој начин да се придвижи точката на комуникација од дебилно ниво со поставени милион пати како си и што праиш или со пратените обични смајлиња и стикери.. А не постојано истото ко шо пиша членката 24/7 Тоа ни беше поентата ..
Не секој човек може да сврзе комуникација со секого. Со еден има теми на муабет, со друг не. Не е карактерна особина, туку енергијата и вајбот што се воспоставува помеѓу двајца. Му се допаѓаш, но едноставно не знае за што поточно да збори со тебе и ти ги врти најосновните, секојдневни муабети. Или потруди се да најдеш ти некоја соодветна тема за разговор или биди отворена и не си го трошете времето.
Па незнам бидејќи само на тоа се сведува и ќе се избаци човекот со 1000 срцинја и бакнежи, незнам дали е површен човек без муабет или тој мене ме гледа ко површна особа, незнам како да добиам правилен заклучок и како да се однесувам.
Оф мори мајко Не ми се веруваше дека има некои личности што до тоа ниво се затворени или срамежливи. Јас мислев дека фрката ги погаѓа кога ќе почнат да прават муабет за себе. Што да ви кажам освен ако имате нерви и време лека - полека да ги опуштате да се отвораат за да почнат да зборуваат нешто надвор од шаблоните.
Повторно јас, сакам да ве прашам, како би се однесувале и што би мислиле, ако договорите состанок со особа ,second date, и ја чекате и таа личност да ви спомене точен час и на крајот завршувате со прашање дали состанокот ќе се десит или не и добивате одговор дека личноста е изморена и само се извинува што неможе да дојде...
Голем малер си. Се на "леви" налетуваш. Нема што да мислиш не си му била во плановите. Барем за тој ден.
Барем се извинува, некои и за тоа не се способни. Почекај некој ден и види како се одвиваат работите. Можеби навистина бил изморен.
Би разбрала, но глупо ми падна поради тоа што личноста не ми напиша во стилот, слушај изморен сум ќе се договриме за друг ден, напротив, да не го прашав лично јас можеби ќе чекав и до покасно за да сфанам дека нема намера да доаѓа.. затоа незнам како да изреагирам во ситуацијава.
Дади му евентуално уште една шанса. Ако пак така рендом се изгуби претпоставувам знаеш и сама на каде ќе води се тоа
Е многу мразам така кога се губат луѓе. Јас сум личност со висок праг на толеранција ама нагазни ми на нога бегај подалеку од мене. Ништо, или зборувај со него и дај му шанса, може едноставно не е таква личност што сака да се правда или удри му клоца. Никој не заслужува да чека.
Ау многу често. Не се замарав, некогаш ќе прашав, некогаш не. Нареден пат кога ќе ме викнеше ќе речев да, па немаше да излезам.
Пробај со уште една шанса, ете ти пишале. Не мора да значи дека наредниот состанок ќе го избегне. Може бил уморен и не успеал да ти каже. Можело подоцна да ти каже и да си почекала, да не си го прашала ти..