Би оладила кон личноста. Прво, кога договарам било што, со било кој, сакам да знам од прилика барем време. Не може цел ден да висам на закачалка за да бидам достапна кога ќе им текне. Второ, се откажува на време. Вака цел ден се спремаш, одложуваш други работи и на крај во последен момент ти откажува. И тоа дека ти си прашала. Инаку до кога ќе чекаше да ти откаже? Трето, измореност не ми е ок изговор за откажување втор состанок. Да сте оделе подолго време, сосема е ок. Ама обично ова ви е период каде треба едвај да чекате да се видите. Не ми делува многу заинтересирано. Не мора да прекинеш комуникација. Не знам каква ви е комуникацијата, дали тогаш делува заинтересирано?
На зборови филмски заинтересирано изгледа.. и неможам да проценам дали е стварно изморен и емотивен човек или манипулатор и мангуп , јас мислам второто а такви особи лично не би сакала да ми се во животот, но затоа барам второ мислење.
Јас би го прашала баш тогаш, во моментот, да не се случило нешто чим е толку изморен? Нашето мислење не е побитно од твоето, кое веќе го имаш. Не можеме да го процениме како ти што го знаеш. Само ќе кажам дека интуицијата најчесто не нè лаже.
Му направив масажа сабалје. И вечерва му реков ај измасирјме и ти. Ми рече : Кој ти е крив шо седиш на промаја. Јас: со милно : ајде, како те измасирав тебе јас. Е тука збесна. Не ти е срам ми прекаруваш. Една банална масажа, а јас, го реков милно. Дали јас сум крива?
Воопшто не си крива ако бил изморен или го мрзело, постои друг начин, дали постојано има вакви изливи на бес?
Не Несакам да ти зборам негативно но ваквиот бес некогаш може да доведе до степен и рака да дигне натебе, а ти воопшто не си крива !! има го на ум
Постојано сум јас крива за нешто. Не велам дека не грешам, ама па за глупости да се нервирам... Последно бев виновна зошто во последно време не сум му кревала од одма, се случува да ми е заплеткан мобилниот во чантата, ништо нарочно.
Треба да те банираат од темава пошто НИЕДЕН совет не применуваш а само ми ствараш нервози кога читам какви срања ти приредува...
Не, ние сме криви шо сеуште јадиме трици и ти даваме совети, кои ти изгледа ги принташ и си го бришиш газот.
Зошто сеуште си со него??? Зошто дозволувате вака да се однесува некој со вас, да не ве почитува, да не ве цени. Колку црвени знаменца имаш на почеток на врска, што чекаш сеуште??? Сакаш некој да те малтретира и во брак ли? Зошто си со човек кој не се однесува добро со тебе?? Ова што јас го гледам не е љубов... кажи ми што гледаш во него што не можеш да преќинеш.. една една причина барем. Па што ако имаш 30години, животот е пред тебе не вреди да се оцрнуеш само ради тоа што имаш 30 и сестра ти ти вика дека нема да најдеш дечко... па поарно сама цел живот место да трпам омаловажувања. @GirlLove
Крива си што сеуште го толерираш и не му раскинеш. Крајно неблагодарно од негова страна. Со најдобра намера си го направила тоа и наместо тој да ја сврти работата накај романтика, тој со цел памет уште ти се сили и заканува. На крај краева ти најдобро си знаеш. Читам дека членкиве од форумов те советуваат да прекинеш доколку не ти се допаѓа, ти не ги слушаш.
Јас би другиот пат кога звони нема воопшто да кренам и ќе го отерам у к*рац. Зошто се мачиш? Шо уште треба да ти направи за да го откачиш? И ќе бидеш ти крива секогаш дури си со него.
Јас κолκу што запомнив, во. темата "Анκсиознист" κажа за тоа што едната другарκа ти е омажена, другата другарκа живее во друг град а, момчето со κоешто планираш да имаш врсκа не саκаш да излегуваш уште сега со него па, оставаш тој да те поκани. Сега не ми е јасно, κаκо тоа во љубовна врсκа си?? Нели се уште не си?! Прости, јас таκа сфатив !
@GirlLove кога те читам, ми иде да ви дојдам таму и двајцата да ве зашлакам на лице место. Секој втор ден само глупости пишуваш, за тоа како тој се однесувал. Ти даваат сите совет уште пред месец дена и повеќе да го откачиш, ти уште тупиш со него и што се понаша како дете некое. Веќе не треба ни совет да ти се дава, пошто ти и уште две членки воопшто не слушате. Зошто да се тупат зборови мислам....