Многу лошо може да влијае врз нејзе доколку и ние ја игнорираме 100%. Како што прочитав по темиве девојката има семејни премрежја, има сериозен проблем со анксиозност и доколку и ние тука и свртиме грб може недај боже да има серозни последици. Можеби во нас ја гледа и последната сламка за спас и надеж дека некој ќе ја поддржи во некоја одлука. Би требало да сме по трпеливи и да не избрзуваме со носењето заклучоци. Едноставно девојката можеби не сака да си признае дека дечко и (најверојатно во кого највеќе има доверба и бара најголема поддршка) и го врти грбот за многу работи и ја остава на цедило.
Девојκата нема дечκо. Во една тема вели-има, во друга-нема. Навистина човеκ да се збуни, многу κонфузно неκаκо се исκажува, κаκо да ја сфатам?! Или очигледно на тие што им треба помош, не можат да се изјаснат. Треба да погодуваме, изгледа. На κрај, јас сум за да си фати нов дечκо !
Мене па ми е многу чудно ова, секоја недела ќе напише нешто девојчето, сите ќе ѝ изнапишуваме совети и нејзе наеднаш ќе ја снема сѐ до другиот проблем.Ниту враќа на советите ни ништо. Јас не би рекла не пишувај, не е моја темава па да кажувам дали некој треба да се искаже или не, ама барем да не бара совети за џабе. @GirlLove не , не си крива за ова што си го пишала.
Како што и горе се изјаснив и јас сум за да си фати нов дечко. Неговото однесување е сосема непотребно на сите нејзини проблеми што ги има. Сепак вие подобро ја знаете , можеби страв и е да признае дека треба да стави крај на таквата врска па затоа неодлучна е .
На @GirlLove и е гајле за советите наши. Има 30 години и пак ќе дојде тука да си се пожали за да и е полесно на душичката и ќе ја снема. Нема да и дојде памет затоа што анксиозноста уште толку ја дотепува. На девојчево му треба психолошка помош.
И само зошто мислиш дека нема да најдеш друг дозволуваш да те третира како ѓубре? Па дај малце повеќе цени се подобро сама биди отколку со некој таков. Треба од дома проблемите да ти се поука за да не бидеш и ти во не среќен брак.
Подобро сама него со ваков. Нема да дојде апокалипсата ако останеш сама еден период и се посветиш на себе. Едит: Ајде кога веќе тргнав да пишувам. Ако ти не се цениш сама, тешко дека ќе најдеш некој што ќе те цени. Батали го овој, поработи на анксиозноста и пробај да се тргнеш од токсичните луѓе околу тебе. Види, дали ќе најдеш некој или не, не знам. Само знам дека кога ќе поработиш на себе си и ќе се цениш, нема да заглавуваш со вакви токмаци. Се надевам дека не си мазохистички настроена, мораш да прифатиш дека овој ваков ќе си остане и ќе станува бетер. Ако навистина сакаш да ти се смени нешто во животот, мораш да пресечеш. Знам дека се жалиш тука колку да ти кажеме дека тој е крив за вашата врска, ама мораш еднаш и ти да превземеш одговорност.
Ех... јас си бев 2 години и си уживав. Си шетав по Европа, мислам тоа беа најубави две години. После се уозбилив Сакам да кажам ќе си најдеш човек кој ќе те заслужи и кој ќе те цени повеќе отколку овој.
Проблемот е што мислам и јас направив грешки... Свесна сум. Само нз зошто не ми успеа со никој, можи е до мене. А и тој така ми рече дека е до мене, не ми чини карактерот и дека ни Господ, ни психијатри, ни апчиња никој нема да ми помогни.
Па тој те прави психички слаба за да те контролира. Те нашол наивна и слаба и те игра како што сака. Којзнае све кај си го има брцано,а ти не знаеш.
Со тоа да си остани. Тој ми велеше дека нема со никоја, дур е со мене. Има Господ и верувам. Хахах кога замина Охрид со другарите му врнеше сите денови.
Почни со психолог доволни се и две три сеанси за да промениш перцепција за работите околу тебе. Со само тоа што ќе почнеш да се цениш веруј ќе шириш подруга енергија и ќе почнеш да привлекуваш подруги луѓе а не вакви токсични маженца.
Сама си се родила , не си врзана со папочна врвца за некој да си ги истресува фрустрациите на тебе. Мораш да научиш да се сакаш и почитуваш себе .