Какви грешки жити се си направила , прекини да го правдаш типот . Знаеш како викаат " Fool me once shame on you , fool me twice shame on me. "
Ова се нерекува психичко насилство, сакаш да ти го објаснам кругот за да бидеш свесна дека си дел на тортура. Еве вака, прво е добар фин, после некое време почнува да те навредува и да има изливи на бес,после некое време станува добар и почнува да те убедува дека ти си причината поради која тој е таков,се смирувате после период убаво(2-3 дена мах) и повторно почнува истото и кругот се врти само што ситуацијата станува полоша, а дечково ако смета дека ти не си океј и си за лекарства зошто не ти прекине.. Престани да се обвинуваш и пресечи додека работите не тргнале на полошо, не го сваќај како крање туку најдобронамерен совет. И ако сакаш не 10 ,1000 пати пишувај овде и сто пати ќе одговараме но само земај ги советите како добронамерни и делувај. Подобро сама ,наместо токсична врска! Кога си сама имаш прилика да запознаеш нов човек, па има луѓе на 60 години наоѓаат..
Оваа реченица мојот мозок едноставно не може да ја разбере. Би била во неквалитетна врска само затоа што се плашити дека ќе бидеш сама? Би трпела насилство, навреди само за да не си сама? А што е тоа толку што те исполнува кога си со него. Убаво ти е? Се чувствуваш како најсаканата жена на светот? Нема нешто што не би направил за тебе? Те почитува? Штоо? Штоо е тоа што те тера да бидеш со него, ова е мазохистички и за мене не е нормално, ја бараш вината во себе за да го оправдаш неговото однесување иако знаеш дека неговото однесување не е во ред, самата себеси се навредуваш се понижуваш, и да ти и сега си сама, само не си свесна за тоа.
Тој знае дека посетувам психијатар и пијам лекарства. Не му, ни, пишувам повдќсњ. Денес баш убаво си поминав, почнав и по прегледи да си одам, на гости кај една другарка бев и така.
Не знам колку си упатен, ама сите и' даваме најдобронамерни совети и џабе. Не може да се помогне на некој кој прво сам на себе не си помага.
@GirlLove те замолувам како блиска личност да ги послушаш сите членови што ти пишуваат (макар што и некој се малку поостри) да ги послушаш. Немој, не заслужува никој да е психички, емоционално, па не дај боже и физички малтретиран.
Таа никогаш нема да разбере и се пишуваа два месеца, ама никако да разбере. Се надевам еден ден ќе разбере..барем ќе послуша совет.
Луѓе, што ви е... Мислите така лесно е да се прекине таков циклус на токсична врска. И треба повеќе поддршка и разговор константно со другарка.
Мене бившиот еднаш проба да ме понижува после не му се повтори, зошто му раскинав а @GirlLove се мачи со типов зошто и е страв да не биде сама. Ете, 2 години скоро сум без дечко па што? Жива и здрава сум. Не давам некој да ме омаловажува и третира ко ѓубре па и да има испади. Стварно не ми се јасни некои девојки што се трпат само за да не бидат сами. @GirlLove последен пат ти кажувам, те молам значи те молам спаси се од човекот на време додека не почнал и физички да те малтретира, а ќе почне. И не, не те сака.
ке видиш дека ќе го добиеш истиот одговор што го доби од сите нас овде, се надевам тоа ќе ти помогне за одлука да донесеш правилна
Верувај подобро е да си сама, отколку во токсична врска. Не заслужуваш да бидеш психички малтретирана. А не дај боже еден ден може и физички да те малтретира. Затоа не дозволувај да дојде до тој ден, сечи сега на време, раскини му за твое добро, за твој мир и здравје. Ќе се чувствуваш како препородена кога ќе ставиш крај на таа врска, верувај дека сè што ти зборуваме е за твое добро. Ама само од тебе зависи како ќе одлучиш.
Како да го чекам да дојди и го нема. И ете го се јавува. Реално беше ептен дури и свикав од шо ме боли душата и ме слушнаа моите. Иначе пропуштив АД деенс да се напијам. П. С. Открив дека се дружел со некои девојки, можно е тоа да е дур сме биле заедно, видов една слика на фејсбук кај другар негов
Девојче, НАПУШТИ ГО. Без разлика твојот карактер каков е, тој се што ти направил досеа, не вреди според мене. Н А П У Ш Т И Г О.