Секој ден ти даваме совети, да го оставиш, ама ти не нѐ слушаш. Не знам веќе што повеќе да кажеме во врска со твојата ситуација. Што ако имаш 30 години? Животот не е завршен. Не вреди да го трошиш времето на него. Раскини му!
Не знам по кој пат советуваме, ама ајде. Значи тебе воопшто не ти се проблемот девојките со кои се дружи. Ти имаш проблем со него и вашата меѓусебна релација која ти ја нарекуваш врска. Ти му кажуваш дека ти значи, тој ти се развикува. Ти го масираш, тој ќе те навредува. Ти му пишуваш, тој те игнорира. Не знам како успеваш ова да го дефинираш како љубовна врска, кога ниту оддалеку не е тоа. Јас единствено него можам да го дефинирам како емотивен манипулатор и човек кој не заслужува да има никој покрај себе, а за тебе пак ќе речам дека си жртва бидејќи знам дека имаш проблем и со анксиозност и депресија. Но ниту една членка од форумов нема да може да ти помогне повеќе од давање совет. Не можеме ние наместо тебе да му раскинеме, не можеме ниту ние да му кажеме какво ѓубре е. Само ти можеш да го направиш тоа, а ние единствено може да ти гарантираме со сто процентна сигурност дека без него ќе ти биде многу многу подобро. Почни да се оддалечуваш. Собери сила и прекини ја оваа токсичност. Ако ме прашуваш мене, најдобро и преку телефон. Не заслужува повеќе.
Девојките се важни, бидејќи ако не ги видов сликите немапе да знам дека и кој знае што правел со нив, а паралелно и со меме се гледал. Гледаш Господ ко ќе сака. Веќе направено! Си дсвсм простор да дишам. На една другарка вчера и кажав и ми олесна, ништо не им кажував иначе, од срам...
Ако со некоја од девојките имал и нешто повеќе од пријателство, тогаш да, таа е причина плус но не би рекла и дека ти е примарната причина поради која треба да го оставиш (си има вашата „врска“ и многу други црвени знаменца). Немаш од што да се срамиш, препушти му го тоа чувство нему.
И што дека? И со катанец да си го заклучи алатот џабе ти е, кога овој те гледа само ко предмет за рекреација.
Рековме има и без девојките црвени знаменца, да Ова дојде како јагода на шлаг. Која може сам да си ја голтне. Мислата дека ме изневерил мене, ме надитрил, ме направил будала му ја оставам него да си ја мисли. Хахах се шокира кога дозна дека Барселона му изгуби со 8 Karma is a bitch.
Не можам да те разберам, колку и да пробувам. Може да ни објасниш какви ви се односите моментално? Или поточно, каков е твојот однос кон него, бидејќи неговиот токсичен веќе го знаеме?
@GirlLove овој нема црвени знаменца, ти вее црвени банери со светлечки сирени. Си требала да му се јавиш на телефон и да му кажеш чао. Потоа block and delete.
Се испративме вчера. Кога ми кажа дека јас не сум била девојка за сериозна врска, кај него изгледа не сум ги имала тие одредени работи што требале. Јас сум правела работи за тој да помисли дека не сум за сериозна врска јас. Хахаха И демек само за секс ќе ме барал. Му кажав дека и покрај се, пак си останува сељак како и впрочем што си беше на почеток и да не ме бара повеќе. Не постои во мојот живот. Го избришав. Чао тути
И јас тоа сакав да прашам. Нејзината страна не ја кажува, само неговата. Може нешто довело до тоа он така да се понаша, не викам дека она е крива али со тек на време може му се смачило од врската и од неа па затоа така се понашал, што не е добро и од негова страна, требале одамна да раскинат. Права токсична врска, токсични еден према друг цело време, бар од тоа што читав.
Моја страна: Му купив подарок, по месец дена дојде некоја кавга и му реков дека јас ако не го сакав и почитував немаше да му купувам подарок. Следуваше : ТИ МЕНЕ МИ ПРЕКАРУВАШ, сите подароци ми ги врати назад. Кога му го фатив мобилниот да видам колку е саат. Следуваше : ШТО НАПРАВИ? НЕ ТИ Е СРАМ ДА ЧЕПКАШ ПО ТУЃИ МОБИЛНИ? МЕНЕ НИКОЈ ОД ДОМА НЕ МИ ЧЕПКА, А НЕ ТИ. Објаснето му беше дека немам никаква намера да чепкам. Му го подадов мојот мобилен и му реков еве кај мене се ти е дозволено и не сакаше да го земи Имам и др ситуации, само не овде во ЛП
Па добро али зошто си кажала Ако не те сакав зошто би ти купила подарок? И што ако си му купила подарок, не треба ни да го спомнуваш тоа во караница, може и затоа ти ги вратил подароците, испаѓа како должен да ти е за нешто. Глеаш какви испади има , како ви функционирала врскава без доверба ја не знам, не ти верува ни најмали небитни работи, а не па нешто поголемо.
Нема да зборувам за ситуацијата, но потполно те разбирам зошто се создава оваа токсичност. Ми е жал шо че бидам директен, обично таков сум, али и од друга страна полн со емпатија. Значи, тој не те сака вистински онака како што мислиш ти на романтичен начин, туку те сака (или те сакал) за секс, ништо повеќе. Тој нема намера со тебе да ги решава работите на мил и добар начин, тој че те навредува и гази под себе. Се додека не му се здосадиш потполно и фрли како партал. Тој тип не е за тебе, ниту ти за него, не се совпаѓате. Почни да правиш работи што те прават тебе среќна и само тебе, потруди се на некој начин да бидиш силна и вратиш и појачаш својата самодоверба. Вредиш повеќе, отколку да те малтретира едно копиле како ова. Ебаму копитарот.
Е да, ова е навистина еднакво на сето психичко малтретирање шо го врши тој. Најискрено, закажи си побрзо термин на психијатар и раскажи реално таму, а не розови ситуации, пошо тој буквално се моча на тебе, а ти мислиш дека е карма шо му губел тимот, јебала га Барселона. Дечково мислам дека воопшто не ни сметал дека е во врска со тебе, читаме месеци наназад шо ти прави, туку си нашол кај да се истура, и јајцата и нервозата. Се надевам дека докторката ќе ти помогне пошто ние толку можеме, дека ќе се средиш за брзо. А тек тогаш, кога ќе си стабилна и кога ќе се цениш сама, можеш да очекуваш дека ќе најдеш соодветен партнер.
Прво имам веќе закажано. Второ, кога ќе му го спомнев мојот тим, му велам спротивни тимови сме си сега. А тој одма уште еднаш ако го спомниш тој твојот гнасен тим да не ми зборуваш. Трето , можеш Лп слободно не скам тука се да пишувам
тој тебе какви работи ти кажува и ти прави и ти мислиш дека со иста мера ќе му се врати ова како кога тебе те понижува? Се споредуваш со резулатат од фудбал? Ако навистина имаш 30 год, наместо да бидеш среќна што на тие год би требало оддамна да бидеш зрела и да бегаш од вакви психопати ти викаш нејќам да останам сама на 30. Демек животот завршува после 30 и нема веќе слободни мажи? Баш кога си на 30 год возраст ем си млада ем си зрела(барем би требало).
Се смеев бре за фудбалот. Ај доста за него поќе, не замарам ветувсм. Одам да си го изодам патот сама. Позџ, ви благодарам и ве сакам.