Се знаеме многу добро, планиравме многу работи за ова година корона вирусот ги зафркна и само на интернет сме. Нема друга 100% нема ни фб кутриот, за тоа му кажав отворено дека преку лајк не би поминала и он им ист став али стварно не знам ако му речам дека ми смета, се осеќам запоставена ќе си речи оваа нема што да прави или ако вратам сега едвај чекаше да и пишам..Патетика жива. Не сакам да си дозволам сакам да сум кул али.. Тој треба сам да знае 35 има!
Ама не игра улога тоа дали ќе те покаже или крие. Не може некој да исчезнува ако му е убаво и ако планира нешто повеќе. Јас лично би се тргнала од него. Ако има време за сè друго, а со мене не комуницира со изговор дека му е тешко - не ми треба. Ако има проблеми, нека разговара а не да бега како мало дете.
Што тогаш 300 филмови до вчера т.е завчера зошто 2 дена го немаше, јас повеќе м**а имам п** една. Извинете премногу гневна сум. Се океј се супер и го немаше до пред малку, немам ни отворено да видам што кажал неќам патетична да бидам, незнам како да изиграм кул..
@Purelove92 Јас мислам да му дадеш време. Сите имаме понекогаш периоди кога сме изморени од се и од сите, ама буквално од цел свет. И ако во такви денови некој уште повеќе напнува да споделиш што те мачи, тоа уште толку иритира. Можеби и човекот е таков тип што си чува во себе па има потреба да си расчисти со себе некои нешта, можеби па и нема некоја посебна причина но ете едноставно е нерасположен. Сега штом ти има пишано, прашај го само дали може да разговарате. Во разговорот постави му прашање дали му претставува проблем што плановите ви се одложиле. Искрено споделете дали ви одговара да продолжите со комуникација и единствено доколку нема некој поголем проблем може да го замолиш за во иднина кога има вакви денови барем да ти пише порака и да те извести дека му треба малку време. Нормално истото разбирање треба и тој да го има за тебе кога ти ќе имаш лош ден/недела.
Го сфатив пред една недела исто го немаше 3 дена , знам дека му е тешко има големи проблеми затоа и поминав преку тоа.Нормално дека му е проблем што ни се одложија плановите на цел свет му е..Но тој има поголеми проблеми, али сепак јас пред еден месец имав мала операција и секој ден успевав барем една порака..Би му кажала колку ми смета ама не сакам да испаднам како зависна од него тоа мие проблемот..
На месин Овие Византиски игри и надмудрувања,до кога едноставна е љубовта ако ја сакам ке и пишам па веднаш после тоа нека ми раскине,сега ние се занимаваме што ако нешто помисли па сешто човек може да помисли па и нека помисли што ти стори го своето ако ти значи ако не остани кул.
Ако никогаш не сте збореле на таа тема, тогаш кажи му. Ќе видиш колку полесно ќе ти биде, па што биде нека биде, бар ќе си го имаш кажано твоето и ќе видиш како ќе биде понатака. Како и да е, не му мислиш ти лошо, еднаш ќе разговарате, не значи дека го напињаш. Ако после разговорот пак е исто, тогаш ако можеш издржувај ги тие негови денови, ако не можеш стави крај.
Болдираното, токму тоа се обидувам да ти го кажам. Можеби ти си покомуникативна личност, а тој позатворен тип. Има луѓе кои сакаат да споделат мака, а има и такви кои си чуваат во себе. Не можеме да бидеме сите исти како од калап вадени. Секакви не има. Фактот што ете и самата кажуваш дека бил тука за тебе кога ти било тешко и дури и во 5 часот наутро, мислам дека зборува за тоа дека човеков не е тука за да си пополни време. Обично во тешкото се гледа дали му значиш. Не би сакала во нешто тука да те убедувам, бидејќи сепак ти го познаваш многу подобро. Само ти кажувам мислење од она што ти го раскажа. Што и да одлучиш, само ќе ти речам излади мисли и чувства па зборувајте. За да не дејствуваш во афект.
Луѓе ви благодарам на сите што одвоивте време, ќе видам што има кажано али ќе преноќам барем, сега не би му напишала баш убај работи
И така си се свртив кон друга машка особа. Т.е. Тој прв ми пиша. Одамна немаме контакт, бевме како во една врска, нз како да ја опишам, немавме секс, идеше ск, се шетавме, знаеше да ме бакне, да ме гушне и в чело особено како и шо најмногу сакам. Е сеа, почна да ми пишува во стил, кај си ти, те гледам низ Широк Сокак, те гледам кај Веро и сл. Како да ме следел муабетов хаха. Пишуваме недела дена и само смешки ми прави е демек ти си за Реал, јас за Барса, малку како незрели шеги. Не знам шо му е поентава. И нз како да постспам.
А па оној јас сингл, ти сингл и за секс само, де море хахаха Демек така да смњ праеле па после можи за врска ќе ни тргнало. Хахах.
Абе постапи како што ти доаѓа, зафркавај се и ти, прајте си моабет ако ви тргне излезете запознајте се ништо лошо нема во тоа не анализирај премногу... Нема што да незнаеш како да постапиш немора постојано некој да ти диктира како што да направиш мислам доволно си зрела ..
Ама не можам веќе да си помогнам, ќе идам кај стручно лице. Сите ми ја туркаат самодовербата. Немам поддршка од никој за ништо