Девојче не можеме ние преку форумот да ти ја подигнеме самодовербата, треба сама да поработиш на тоа. И зошто имам чувство дека во се нешто бараш проблем? И што ако те видел? Не разбирам? Една недела пишите, за една недела дозна се за него?
Никако нема да постапиш. Ќе си пишуваш ако ти е интересно, ако те има заинтригирано можи и ќе се видите. Ама да ти кажам нешто, не мора да бидиш нон стоп со некој, можи да си и сингл и самоуверена. Ќе си размислиш што е она што ти ја урива самодовербата и ќе работиш на то. Дали физички изглед, дали психички, дали се осеќаш неизживеана, дали мислиш дека си некомуникативна... Карикирам сега, не знам што можи да те кочи. Не мора да си со некој! Не мора нон стоп да бараш, да луташ! И фала Богу дека ќе ти ја урнат самодовербата кога не се за тебе. Треба да си дајш време и да ја запознајш личноста. Ако треба да биди, сами по себе ќе се наредат коцките. Биди малце сама. Крени критериуми! Шетај со друштво, забавувај се, оддалечи се од социјалниве мрежи, читај книги, гледај филмој... Разбистри си го мозокот малце! Се замараш со личности што не те заслужуват. Немој така... Секош клавај си се ти на прво место. Тебе да ти е убо! П.С Малце ја раздолжив работава, ама те читав и по други теми, а немав прилика да пишам досега.
Сеуште го нема типецов. Не знам шо ми се дешава, како празна да ми е душава, нит ми се искача, нит ми се пие, цело време мислам на него шо и како да направам за да ми пише пак. И знам дека грешам ама посилно е од мене. Риба сум у хороскоп и премногу сум емотивна, мислам дека да не идев на работа ќе побрлавев до сега. Ми викаше да идеме Албанија на 2-3 дена, ми ѕвонеше за добро утро за добра ноќ, гласот да ми го слушне, и стварно ми фали. Идеше кај мене на работа денот го започнував со него, а сега го нема. Како да си помогнам, ве молам без осудувања и навреди.
И јас бев во иста ситуација и размислував ама баш исто како тебе. "Што да напрам, за да се заинтересира детево пак за мене"? И да ти кажам, од искуство, ништо не можиш да напрајш како што не можев ни јас. Не ни бил заинтересиран на прво место. Само те манипулирал. Моментот ко ќе се гледаш со некој и ќе го снема, па ќе размислуваш како да го привлечиш пак е моментот кига треба да сфатиш дека тука радост нема. То е пропадната работа. Можиш ти да се понижуваш, да му пишваш прва, да се трудиш да му си интересна, малце љубоморен да го прајш и тако даље ама резултати долгорочни ти на какви што се надеваш нема да има. Верувам дека нема да ме послушаш, ни мене ни некој што ќе ти пиши слично, не слушав ни јас, ама вистината е таа. И да знајш дека без секој се можи! Батали го! Што порано, то поарно
Да не ти светат и очи?! Зашто очите ни светат κога сме заљубени. Не се сеκирај!! И мене ми се има истото случувано κога сум заљубена. Само, се неκаκо на погрρшни наидувам. Божем пролет, летно време е ќе си речам ама, подоцна се доκажува спротивното. Сега веќе ми е κасно за таκви тин-аκции или κаκо да ги наречам, авантури. Таκви ти се и годините. Мене-не ми личи...тебе ти личи! Мој совет ти е да бидеш малκу недостапна, да не бидиш цело време достапна...но, да не претераш па, да го изгуби интересот за тебе!
Ај едно сфати, како пријател ти кажувам затоа што и јас имам некогаш ниска самодоверба. Ама сепак на крајот од денот, онака пред да заспиеш, повторувај си "ако јас не се сакам себе си, како може да очекувам некој друг да ме сака повеќе отколку јас самата себе". Ќе видиш ќе има подобрувања.
Ако добро разбрав, сте си пишувале веќе недела дена а ти тогаш уште беше во врска со тој другиот. Дај сериозно посвети се сама на себе прво, читав и по другите теми дека не ти е добро ама ова од една во друга врска само полошо си правиш. Нема ништо страшно од тоа да не си во врска.
Не е вистина од сите на форумов си имала и имаш подршка,вратичката ти е отворена но птичката се плаши да полета сама на слобода,значи излези и полетај бре надвор на слобода па и биди сингл некое време ништо страшно,сама сингл девојка ништо по инспиративно ништо по sexy.
Се додека прво не се ставиш себе и си посветиш внимание на себе никогаш нема да најдеш среќа. Среќна ќе си кога ќе се прифатиш сама себе, а за тоа треба време. Светот врие со машки, не ти треба маж за да си среќна. Знам дека тоа пишување ти го трга вниманието, но тоа е само привремено.
А да се запознаете @Stark и @GirlLove може ќе си се погодите еден со друг? It's a joke, пред некој да ме каменува. Или можеби не е... хммм.
Воопшто не е битно мислењето на другите со кое си опседната. Во твојот живот ти ја имаш главната улога. Важни се твоите погледи, интереси и цели. За да очекуваш поддршка треба да бидеш изградена личност, став, принципи и храбро да носиш одлуки. Според постапките, имаш многу да работиш на себе. Посети стручно лице и почни од некаде. Времето вложено во личен раст и развој е најдобро инвестиран дел од животот. Намали со тоа пишување и кој што сакал да каже. Не е ништо трагично и изгубено да бидеш сама и слободна. Со ваквото однесување оставаш впечаток дека си очајна и по секоја цена треба да бидеш со некој. Поправи ги грешките додека е време. Има такви што се провлекуваат цел живот. Не дозволувај да дојдеш до таму, доколку си одлучна да прифатиш совети кои членовите добронамерно ги споделуваат, а ти упорно одиш во бездна. П.С. Возрасна си и се надевам дека ќе размислиш што понатаму со себе.
Не бев сигурна каде да го поставам прашањево, но еве да рачевме се работи за почеток на нешто , дали вие би можеле да очекувате сериозност од личност која секоја вечер, во буквална смисла е излезена до утринските часови(6-7), од понеделник до недела, Дали ова дава знаци според вас за сеуште не созреана личност за врска или знаци за имање повеќе личности настрана..
Сериозност од таква личност не очекувам. Таквите што секој ден се излезени до утринските часови ги сметам за уличари и со такви не би си губела време. Тешко да се променат. Може и да имаат повеќе личности на страна, кој да знае. А да ме боли глава мене секој ден, не фала.
Сериозен човек,односно стабилен не ака до утринските часови,може ајде еднаш,два пати ако станува збор за собиранки или прослави. Ама во време на пандемија,каде се е полу-мртво и со работно време едвај до полноќ ми е малце чудно. Ти го поставив прашањето затоа што прво нешто што ми падна на ум е да не дечкото конзумира некои наркотични дроги. Обично таквите лица скоро секој ден го преспиваат,а навечер лутаат свежи,ведри. Преку ден не се активни,а ниту па присутни со паметот.