Секоја личност е различна, ако тебе ти треба внимание 24/7, некој не го саката тоа, искрено еве лично мене одбивно ми е некој да ме замара цело време и да не ми дава простор да дишам, особено ако се гледам со некој или сум во врска, не сите сакаат внимание немојте да бидете опсесивни, најдете си и друга занимација покрај партнерот.
Полудечу. Синоќа не бев у можност да пишам на форумов, бев искочена со најдобриот другар на кафе. Овој за кој шо ви раскажувам беше у истиот кафич и ме виде али седевме на различни страни. Накај 23:30 ми пиша еј шо праиш, слободна ли си вечер ако немаш план да се видиме. Му кажав важи може, само кажи ми у колку саат за да планирам. Не ми врати на прашањето у колку саат, туку ми прати видео како праи скара кај другар негов. И згора на се, по пола саат пред мене на булевар помина со неговата најдобра другарка. И еве пак скоро цел ден го нема. Шо и како да направам не сум паметна?! А и дечко и на другарка моја напати искача со него, па незнам како дошло до тема и некој од дечките шо биле собрани кажал дека од сигурни извори дознал дека овој “мојов” се гледал со некоја девојка, и као демек за кратко у јавност ке се појавеле.
Многу детско однесување. Кога те видел со твојот најдобар другар валда од љубомора ја собрал неговата најдобра другарка за да ти врати. Мавни го таму
Не постојано се заедно, сигурно бил и претходно договорен со неа. Башка и он не би можел да знае дека јас баш у Карпош на булевар ќе поминам и ќе го видам..
Не знам и јас, некако у него најдов утеха, потпора, се зближив. Не дека се имам заљубено али го имам засакано како човек. Од глава не ми искача.
Мхм, добро тоа е веќе друго. Зошто не го прашаш отворено која е причината за ваквото однесување? И како реагираше кога те виде, се поздравивте ли? Или избега?
По колку години имаат машкиве со овакво однесување? 3та за 4та година средно со памет заглавен во основно? Не знам како ви се игра овакви топло-ладни игрици... Не знам што им е на луѓево денес, и тоа возрасни луѓе со овакво неодлучно однесување. Те тоа сака, те нејќе, те несигурно, те не знае како-што... Час се гледа со тебе, час не. Ужас. @Maja015 Бегај подалеку од овакви што не знаат кај тераат.
Абе па ти, глуми лудило. Знае дека е загреана за него и сега акциите у вис. Едно е да си залетан по некој од немање друга работа,а друго е да си вљубен.
Не се видовме, пројде на булевар со кола до мене, али брзо возеше. А у кафичот бевме на две различни страни, и откако јас седнав тој за 10 мин стана. Не се поздравивме. Али и двајцата се направивме дека не се гледаме.
Леле колку очекувано беше ова и со такво детско однесување од страна на двајцата планираш во врска да влезете? Едит- Божееее сега прочитав дека има 26 години што се случува со машкиве леле па ова однесување е за 2ра год средно..Бегај подалеку од овој.
Епа тоа ми е поентата Буби... Зошто некој да глуми лудило ако може да биде со некого? Ете и да не сака сериозно нешто, пак бе може да си каже отворено и да си регулира што како, а не овакво детско понашање, ќе ти минам по улица со кола со друга типка, види ме фраер сум, па нема да ти одговарам на пораки... Ова е апла несозреаност. Жално.
А имавте нешто поише интимност односи и такво нешто ?? Да не е нешто поврзано со тоа штознам... Ама во секој случај прашај го директно, заслужуваш одговор ако сте имале интимни моменти заедно
Па никад до сега не сум се испонашала вака, али веќе не знам како да се понашам буквално. Час го има ми се обраќа со љубов, мила, па потоа го снемува 5-6 дена. Па ќе ме викне со него негде да идам, па после таа вечер пак го нема со денови. Потоа по некои ден ќе ми се јави да ме чуе и која смена сум на работа да знае, ќе збориме долго како супер заљубени да сме. Па пак го нема. Потоа ќе слушнам некоја новост, дека пишал, се видел со некоја, на бивша и пишал, на девојчиња помали од него 10 години. И стварно човек незнае како да се понаша.
Не сме имале ништо, он почна да ми врти одоколу за секс, да сме пробале едно друго шо го знам. Но јас му кажав дека ќе ми е прв пат и уште ми е рано и да не форсира. И ми кажа нешо као еј ми го кршиш филмот. И го прашав вајда не планираш у кола дека ќе се скинам.
Не вреди да трошиш ни секунда на човекот, си игра топло-ладно со тебе, пишува на други. Да имал сериозни намери со тебе, ќе знаеше до сега. Игнорирај го, не му се јавувај и не му пишувај.