Баш тоа го прашав и јас а чекај ние за тоа искочивме, да ме разубедуваш у кола да се скинам, ти филмот да си го истераш? Ми кажа као не, погрешно се изразив, не ми е за еднаш или да те искористам сакам да си се гледаме.
Сама си даде одговор со овој пост, тоа е причината зашо бил загреан. Кога видел дека нема да го добие тоа што го сака рачна баап. Просто ко пасуљ
Ете ти го одговорот на неговото однесување топло ,ладно.. Си сакал дечкото нешто брзо и задоволително и плус да те убедува срамота. Тоа треба да се случи природно и спонтано со желба од двете страни.. Тргни се од дечково ако не си заљубена што ќе ти е кога е плус и женкар оди со други, а ти да трчаш по него.. Ќе ти се појави друг поасален млада си ..не си комплицирај сама животец.
А бев спремна и да го имам првиот секс со него, до сега додека не искочија овие гомна, со него ми било најубаво.
Не знам дали е до мене, или до младинава али секој следен шо ќе ми се појави е од дрвено на камено... или сум проколната да немам среќа у љубовта или под таква ѕвезда сум родена. I don’t know.
Епа тогаш и до мене е пошо и јас сум проколната на тоа поле ако така гледаме.. Иначе такво време дојде се поретко се ценат вредностите и љубовта .. сакаат повеќето само забава и гледања без обврски само за секс и толку. Затоа немаме среќа. Али некад ќе дојде среќата
Ви благодарам од срце на сите. Навистина ме утешивте и ми ја дигнавте самодовербата, дека не вреди да трошам нерви и да паѓам у депресии, за некој кој манипулира со мене.
Затоа е форумот,за помош и совети,меѓутоа сметам дека и без него девојчињата треба да имаат многу поголема самодоверба во себе,затоа што сами ако не се сакаме и цениме,џабе од другите. Секое добро
Сериозно, што е финтата со машките што се пуштаат на форумов? Демек за поинтересно дека анонимно или што?
Не му е за еднаш да те искористи, ама ај дај ми да не ми го кршиш филмот. И тебе ти е јасно дека нема со вакви дегени со идиотско размислување ништо озбилно ама пак сакаш да чуеш и од нас размислување. Епа вака мој совет ти е да го блокираш на социјални мрежи и на телефон да му блокираш број, бидејќи ти ќе бидеш таа која ќе биде најмногу повредена и не се грижи за тоа бидејќи ова што сега го чувствуваш не е љубов туку само убаво ти е така да се однесува со тебе да те вика со милозвучни зборови како впрочем и секоја девојка друга.
Во последно време мислам 90% од машките што ми пишуваат се чуствувам како со омаловажување онакви некои шали кажуваат со навреда. со некој првпат си пишуваш и одма некои саркастични глупи муабети...како мали деца да сме иако се работи за машки над 20години Како постапувате вие во тие ситуации дали се карате, нешто да вратите или игнорирате? И зошто тоа го прават? Кој сака може да ми се обрати и во ЛП за чатовите
Не е до нив таква им е смислата за хумор. Само не сфатиле дека секаде истите фори нема да бидат исто сфатени. Во нивниот круг можеби ама со нов човек треба малку бирање и реплики и шеги.
Зависи што муабет. Зошто би се карала или би враќала? Ако е нешто навредливо, па уште па ако е прв муабет, инстантно оди на block and delete.