А зошто да го натераш? Ако е зрел маж, нема да избега како кукавица без да разговарате. Ама да разговарате во живо,очи во очи, не преку пораки па уште недоискажани блокирање. Колку и да е некој виновен, каква и грешка да направил јас мислам дека треба да се даде шанса да си кажат последен збор и двете страни. И тогаш да се пресече, ќе продолжите или ќе прекинете.
Не сакам да го натерам на комуникација секако, сакав само да ми остане како пријател барем на фб, не мора да пишуваме воопшто. Работата беше што тој помисли дека јас пушам трева, затоа што се најдов во такво друштво а тоа не е вистина, јас студирав компјутерско инженерство сега треба да бранам дипломска и сигурно не ќе стигнев до тука ако пушев трева и тие такви работи, плус имам здравствени проблеми, тој знае му покажав и лекови дека пијам и дека треба да внимавам на исхрана и се и сигурно не би пушела трева покрај лековите. Но, тој се запна не па не, кај другар му кога беше ме бараше зборевме, повеќе на шала него ли озбилно и тоа е тоа.
А дечко ти е или пријател, не сфатив? И како бре така се запнал дека пушиш трева не е јасен човеков, ако е толку убеден дека пушиш и ти мисли добро прво ќе седне да разговарате и да те советува дека тоа не е добро за тебе и твоето здравје, а не да бега од тебе како ѓавол од крст. Штом веќе си студирала значи станува збор за возрасни личности на кои не им прилега вакво недораснато однесување. И нема што да го убедуваш и да му ја објаснуваш твојата здравствена состојба. Ако те сака и му значиш(не е битно дали само како пријателка или нешто повеќе) ќе биде загрижен за тебе и најважното-ќе ти верува.
А шо такво го боли него дали пушиш или не, дали си болна, дали пиеш лекови, мислам ало... Шо ти е тој, другар, дечко, ебач или робовладетел па на 20 и кусур години да те блокира зашто мислел, пази мислел дека пушиш... О еј, свашта трпите, па уште и да се смирите бараш совет, не можам.
Остави ги работите таκа κаκо што се. Времето ќе ти поκаже само што треба да правиш и зошто. Јас тоа би те советувала.
Тоа се претпазливи луѓе на кои приватноста многу им значи. Јас сум таква. Ќе те анализирам со години за да ти кажам нешто што ми значи. За другарка онака ептен блиска да ми стане некоја ми требаат години. И пак не сум целосно отворена. Моите маки, проблеми и минато ги знае само маж ми дури и со него не сум секогаш отворена туку треба да се погоди моментот и моето расположение. Пример, денеска да имам проблем на работа се фокусирам само на тоа додека не го решам и не можам да си дојдам дома како ништо да не било. Видливо сум нервозна, бегам од сите, телефонот на silent и сум депре (на изглед само, а уствари размислувам). Не сум мултитаскинг по тоа прашање, да имам проблем и да се смеам, да прикривам. Нервозна сум и бегај од мене, не ме прашувај. Кога ќе помине сама ќе седнам и ќе си кажам или ако сфаќам дека ми треба помош сама ќе ја побарам. Изгубив многу добра другарка ради оваа особина ама никако не ме разбираше и многу ме напињаше. Секој ден ми повторуваше дека сум затворена, ништо не кажувам, кријам, а таа една спротивност од мене по 100 пати на ден ѕвонење, раскажување приказни до детали... До толку напорна да се гледаме секој ден и кога ќе се видиме да нема што да си кажеме, па ајде истите муабети. И само ради тоа што ми ги кажуваше нејзините тајни и тајните на сите што ги познава очекуваше од мене да споделувам се. Не можев повеќе да издржам и станав дури агресивна (на збор) и таа самата ме откачи. Конечно дишам. Така да, ако си ти од другата страна олабави и имај трпение за личноста која е затворена ако ти значи и ако сакаш да бидеш дел од неговиот/нејзиниот живот. Кога ќе стекне доверба во тебе сам/а ќе те бара и ќе бидеш најголема поддршка. Таква врска е нераскинлива.
Па и јас мислам да не се замарам веќе искрено, иако ми е криво пошто јас не пушам трева, а тој бил против тоа многу ама ете не знаев па се пошегував на таа тема кога бев во тоа друштво.
Jas dovolno se trudev da go ubedam deka ne sum i go barav preku negovi prijateli smaceno mi e veke. Ne mi e strav ni labaratoriska analiza da mu napravam zs znam deka ne sum
Зошто му придаваш толкаво значење на некој кој не сака да те удостои со најобичен разговор и да ја ислуша твојата страна, дотолку што анализи ќе правиш за да му докажеш поента?
Каква анализа бре? Што ви е? За едно глупо машко.. Боже мили мој. Шо има толку посебно у него??? Светец некој е? Се понижувате сами себе
Не покажувај слабост ваква пред него, оти може да е и полошо. Речи му јас ти кажав, па ти шо сакаш верувај. И то е то, ни анализи ни курци ни палци.
Ако влезете во врска со ваква разнишана доверба(т.е. тој не ти ни верува тебе воопшто) тогаш што мислиш како би завршиле во иднина? За секоја обична секојдневна работа ќе очекува ти детални анализи и докази да му сервираш пред нос?
Работата не е анализи да правиш. Работата е дека една здрава врска се темели на доверба. Која очигледно овде ја нема. Ако сакаш да си во нездрава врска, прави анализи. Ако не сакаш да си во таква врска, блокирај го и ти. Ти направил голема услуга.
Детална сметка за телефон, Power Point презентации на кои детално се претставени дневните активности, ДНК тест за секое поединечно дете.
Да, па после сметка од маркет, од шопинг, детално во колку часот била, што купила и за кого тоа го купила. Супер здрава врска, морам да признаам.
@SnowWhite8 Да се теситрам за да му докажам е исто ко да му вадам извод дека стварно се викам така. Ако сега бара вакви глупости и не ти верува, за во иднина неќам ни да помислам како ќе е. Колку и да го сакаш не вреди никој да ги правиш овие работи.