Таа не го ни спомна туку одговори на прашање кое и беше поставено. Зарем на такви теми треба да крие од некого и да глуми нешто што не е. Ако некој маж не може да помири што некоја жена е побогата од него во знаење тогаш станува збор за его на кое треба самиот да поработи. И да заработува повеќе од него не е страшно толку најважно е дека има работа,самостална е и не очекува од него да и ја подарува месечината. Мажите се плашат од успешни жени,а жените им завидуваат на успешните жени и вината секогаш ја бараат кај другите наместо во себе. Така да,кај машките воглавниот проблем е што ваква жена лисица е тешко да се контрола бидејќи сметаат дека таа може се да си дозволи. Но и околината има удел каде што најчесто му билда его и заради тоа се јавува незаинтересираност.
Апсолутно. Но, зависи како го кажува. Таа сега ќе рече “па само одговарам на прашање, нормално”, но можеби го пренагласува, но потенцира на секое... Многу често не си признаваме дека во нашето однесување е грешката, ја бараме во другите. Но, нели е чудно сите да ја избегаваат после состанокот? Сите ли се плашковци? Еден не се најде доволно образован да биде достоен за неа?
Го потенцира како главен проблем за кое таа мисли дека е проблем. Јас не гледам проблем, ти го гледаш како фалење. Зошто да има проблем во нејзиното однесување? Да крие вечито и да глуми нешто што не е,тоа и ти го кажав во првичното мислење - нема потреба. Ако искочила со пет души и тие повеќе не и се јавиле откако им кажала која е треба да биде среќна,тоа се мажи без карактер. Ќе наиде на некој кој ќе смета дека образованието не е пречка за ништо во животот туку само знаење за справување во одредени ситуации.
Ок, еве јас сметам дека се понаша надмено, као која сум јас на состаноците и затоа ја одбегаваат. Се понаша умислено, во смисла јас имам такви и такви титули, ти немаш. Никој не сака да биде со таков човек. Тоа сакав да го кажам. Добро е членката да слушне и друго мислење, не само “алал да ти е на образованието, тие не те заслужуваат, ти си принцеза”. Ако сака да слушне и да прифати, секако...
Од истата причина и јас го пишав мислењето. Работата е што не можеме да знаеме ни како се поставува таа во однос на образованието, ни дали нешто друго прави грешно, а уште помалце зошто машките ја избегнуваат. Затоа треба секаква критика да се даде и девојката сама да процени што е најблиску до вистината. *Ова е слично ко муабетот: Многу сум добар затоа не можам да си најдам девојка. Ако тој добар само се жали дека не го сакаат и се фали како е добар, нема никогаш ни да го сакаат женските.
Колку ги има со низа успеси на секое поле, па еве ги со семејства. Не би рекла дека образованието е проблем, туку начинот на кој ти го гледаш тоа и се возвишуваш
Можеби не си им доволна забавна. Не го сфаќај ова како критика. Едноставно, многу е веројатно дека не бараат ништо озбилно, барем не за почеток, а профилот на високообразована самостојна жена никако не се вклопува во неозбилно. Дејтањето е тешко, посебно ако си раскинала долга врска. Тогаш бога ми, како гром од ведро небо те удри колку се промениле и работите и пристапот на мажи. Едноставно не се преоптеретувај, секако ако сакашд а бидеш со некого сакаш да те прифати каква што си, а не да мора уште на прв дејт да се менуваш и прилагодуваш за него И јас таква мака имав, и мене ми викаа дека се плашат мажи од мене оти сум образована, дека уште на почеток сум ги „спуштала“ и добивале впечаток дека ако почнат нешто со мене јас ќе ги влечам конците. На крај се најде некој што не мисли така, јбг
Читам и неможам да се изначудам на некои од коментарите. @Вештица© , сосема си во ред девојко работава е што на голем број од мажите им се легнува некоја за една вечер и не им се оптоварува со запознавање затоа што друга ќе му даде бе проблем, или ќе најде некоја што поради немање капацитет во мозокот и ќе може да ја мота колку сака.И немој да си ја симнуваш круната.Имаш висока титула носи ја гордо, имам големо искуство и со мажи и пријатели/ки каде што сакат да ти наметнат дека вотебе е проблемот што многу си бубела а тие незнаат два збора. Дојде време каде неписмените се забавни и интересни, јаки фаци што реченица незнаат да сврзат и да завршат освновна работа, а тој што се трудел да направи нешто е неинтересен и мора да го сокрива тоа за пред очите на другите. Затоа со такви мажи не се оптеретувај ќе дојде и твоето, ќе има личности на кои баш твојата амбиција ќе им биде предизвик,секси и интересна.
Никој не рече дека тоа што е образована е лошо или дека ќе беше подобро да е некоја мутава. Ама и со средно да си, ако се перчиш со тоа, не е океј. И да, пишав веќе: може треба да го смени вкусот на мажи што ја привлекуваат, ако на сите што се погодиле им сметало тоа.
Каков е човек на душа и карактерно нема врска со изглед и информациите кои предтоа ќе бидат добиени од околината, работава на девојката и кочи од старт од првите излегувања. Така да менување на вкус мислам дека е релативна работа. Јас ќе си останам на ставот девојката да си остане на тоа што е, тој што ќе ја свиѓа ќе ја свиѓа со сите карактеристики и во маните ќе наога добрина, а тој што нема и во доброто ќе бара проблем. И на секој му доаѓа човек на некој после 5 години на некој за 1 месец.
И прочитав погоре да не се навраќам коментар, можеби не си им доволно интересна.Абе добро , оро на маса треба да игра девојката,да се глупира или што.Се е до совпаѓање на карактери а вакви коментари колку и да се добронамерни изразени на таков начин на личноста што има проблем можат да и удрат на самодовербата.
Не реков да бара машки со поинаков изглед Нема врска, се надевам дека членката не ме сфати лошо, имав само добра намера.
Јас кажав мислење околу образованието поради тоа што таа го нагласи. Нема потреба да се возвишуваме, ниту да потценуваме, зошто воопшто да се спомнува и на тема љубов? Плус тоа е само претпоставка на членката, не знам што се запаливте толку. Може и не е таа вистинската причина?
Требало да се навратиш. Мој е коментарот и убаво ќе видиш дека сум го пишала истото како тебе. Не им е интересна оти не им личи на некоја за една вечер и да не се менува нити да им си ја спушта круната, оти ако ним не им е интересна ќе се најде некој кому ќе му е.
Добро бе, кај ги наоѓате овие потенцијални дечковци, на оглас? Не ти требаат дечковци, еден дечко ти треба. И кај и да ги бараш, погрешно бараш, барај на друго место. И не разбирам зошто ти самокритична?
Здраво, ко што можиш да видиш без оглед на насловот на темава, ние женските сме поќе по советите. И јас си ја имам истата мака како тебе. Имам пишано претходно ама во друга тема. Исто, имав долга врска и од тогаш не ми тргнува со никој, само што кај мене не ги снемува, туку никој неќи ништо озбилно, сакаат само онака без обврски. Имам многу размислувано што и како е проблемот. Дали сум несериозна, дали нешто со образованието, дали не сум интересна, и така натаму и така натаму. Си го барав во себе проблемот и на крајот знајш што сфатив? Каква и да сум, јас нема да се менувам за никој и сигурно нема да се чувствувам непријатно ако е некој искомплексиран што сум факултетски образована или ватевер. Мене не ми менува дали партнерот ет или не е, и не гледам зошто некому би му менувало дали сум јас, и никогаш не сум се перчела со то иако фала Богу дека си сум горда. Друга работа, познавам многу чупиња што се сингл и кога и да сум праела муабет проблемот е тој, дека не сакаат ништо сериозно, само онака. Мислам дека то е проблемот и во твојот случај ( само што најверојатно си сериозна личност и не се осмелуваат да ти предложат ) а и да не е, верувај ми дека не е до тебе. Држи си се до критериумите, за секој има по некој, само изгледа треба да сме потрпеливи, а и да не се задоволуваме со помалку. П.С Можиш да напрајш експеримент. Чисто да си ја испиташ теоријата. Со наредниот што ќе излезиш, не му кажувај што и како имаш завршено или постигнато, забошоткај го муабетот и ќе видиш како ќе се одвиваат работите. Кажи му после некое време, на некој нареден дејт и ако му ја здувни значи до то ет. Друг совет не знам што да ти дам.