Само во Македонија може да кажат дека образован и очевидно паметен човек има шанси да оставил впечаток како неинтересен. Девојко, продолжи да работиш на себе и верувај ми дека повеќето успешни и паметни мажи бараат некој таков до нив.
Море мајкатааа, како не сум запознал/начекал девојка како Вас бреее. Што машки че беа тие шо се плашат од интелигентна девојка која ваљда има смисла за било каков муабет и хумор... освен ако не е премногу егоцентрична и некоја зафилмана?! Зошто јас ли многу поретко среќавам/запознавам вакви личности? Не че да е до интровертноста, повеќе би рекол животов ме вежба малце на почеток.
Здраво на сите, сакам да добијам мислење од машките членови на форумот за една екстремно чудна ситуација во која се најдов. Месец дена се допишував со еден дечко, се најнормално супер беше, нити нападен ни нешто слично, секој ден се допишувавме, ми раскажуваше за неговиот ден, семејство се итн итн. Па дури после 2 недели и тел број си разменивме и се слушнаме кажи речи преку два три дена. Инаку он е од Скопје, а јас од Радовиш па неколку пати ми имаше кажано дека сака да се видиме, дури и преку телефон кога разговаравме рече дека сака да се видиме и да ме запознае подобро и да разговараме. Јас на почетокот не бев сигурна дали би сакала да се видиме, меѓутоа од кога почнавме да се слушаме по телефон некако многу поразлично ми беше и ми се допаѓаше уште повеќе се осеќаше дека не е некој чудак хаха и затоа одлучив сепак да се видиме. И сега затоа што јас студирам во Скопје требаше да одам да полагам и воедно секако сакав да се видам со него и он тоа го знаеше. Јас отидов во Скопје 2-3 дена порано од терминот за полагање, затоа што мислев дека ќе се видам со него, ама он од кога му реков дека сум во Скопје, не ми спомна ништо за да се видиме. Си реков ај сигурно не сака да биде нападен па можеби ќе каже да се видиме за викенд. Тие три дена од кога бев во Скопје се беше како и секој друг пат во пишувањето и ми рече дека следниот ден ке ми се јави да се слушнеме преку телефон. Јас си помислив дека сега ќе ме повика да се видиме затоа што многу пати зборевме за тоа кога ќе се видиме. Но, не ми се јави и следниот ден послабо пишувавме и јас го прашав да му се јавам за да збориме по тел и следно што беше БЛОК. Ме блокираше на фб и на инстаграм се бевме заследиле и таму ме блокна. Единствено тел број не ми беше блокиран. Без причина, без ништо.... Не ми беше воопшто јасно зошто некој би блокирал некој на кој му признал дека му се допаѓа, дека сака да се видат. Зошто воопшто би трошел време на секојдневно допишување и зборување по телефон? Јас знам некој да те избрише од пријател или шо знам да те игнорира. АМА БЛОК? Во живот почудна личност не сум сретнала. Стварно не ми е јасно која е причината за да го направи ова....
Сигурна ли си дека дечково бил сингл? Да не бил скаран со женска му па со тебе си пополнувал време и сега се смириле? Знам неколку вакви случаи и секогаш ова било причината. Не викам дека е сигурно ова ама.
Да не дознала женска му за тебе, па се договориле да те блокне и се да се заборави и да си продужат врска. Се е могуче, не ретко сме читале и по форумов вакви ситуации.
Он ми рече дека раскинал пред 7 месеци и бил само 1 месец со неа не му било ништо сериозно, а шо видов по инста и фб немаше женски профили коментари шо знам, малце е тешко да се дознае затоа што не сме од исто место, ама не верувам да имал... 1месец константно пишувавме сигурно не може да се крие толку долго.
Хммм.. ако сака ќе скрие и тоа како. А и ова што велиш од различни градови сте тоа е зезнато. Неможеш ли некако да се распрашаш за него преку колеги,колешки. Има причина зошто оладил толку па и до блокирање за да стаса. Колку години е ако не е тајна?
Најверојатно станува збор за некоја девојка или за некоја шо се има гледамо со него. Инаку не знам оти би постапил така.
21 година имаме и двајцата, инаку пробав да го додадам на фб и инста преку другарки ама очигледно не прифаќа луѓе шо не ги познава се му затворено.
Тогаш заборави го и продолжи си со животот. Знам дека е лесно ова да се каже, ама тоа единствено ти преостанува. Да си му значела ќе сте се запознаеле. Макар и да е најсрамежливиот маж на планетава.
Дали мислиш дека вреди да пробаш да го разбереш после ваков кукавички испад? Чим немал храброст да ти каже што му се врти во глава пред да те блокне, ич не заслужува ни минута размислување што би можело тоа да биде. Терај понатаму со животот, подобро што не си излегла со него. Со ваков потенцијал на ghosting ништо не си изгубила.
Леле Господе, шо има да го бараш, да го додаваш, да го прогонуваш? Те блокирал, готово крај. Ти блокирај го од мислите. Зошто сеуште го молиш на некој начин? Да сакал нешто со тебе, ете си била на местото, ќе сте се виделе. Нејќел. Чуден, нечуден, тоа е. Нема шо бараш игла во сено.
Имал може девојка, не мора да значи дека вистина ти кажал за предходната врска... може ти е чудно, ама има секакви луѓе, исто како и ние што гостнуваме без никаква причина... Дечкото бил силен на зборови, на дела не. Не мора да си ја чукаш главата што и како се десило, он тебе блок на социјални медиуми, ти него во живо. Не се замарај премногу, се случуваат вакви работи.
Здраво, јас ќе споделам интересна ситуација. Пред некое време, ми пиша еден тип. Типот има 26г, малце постар од мене. Има сестра и е машински инженер. Се допишувавме некое време и се договоривме да се видиме. На првава средба дечково делуваше бааајги озбилно, барем такви муабети ми тераше. Иначе има добро образование, начитан е и му давам плус за тоа. Арно ама, после неколку дена од дејтот да кажам, ме прашува дали имам дечко, а пази претходно се гледаме а сеа ми вика дали имаш дечко, а ако сум се гледала со некој немало врска, ако не било озбилно. Ајде бе??? Тука почнав да се сомневам за типов. Наредна дешавка пред 2 дејт да се деси ама не се деси за среќа, ми кажува дека уствари не бил толку мирен како што делувал дека бил манијак хахахаха. Му дадов до знаење дека јас не сум за провод, дека тоа ми е глупо, дкеа не сум тинејџерка, 24г сум. Типов уствари не бил во тој момент за да сака врска, уствари авантури сака за провод. А иначе би биле добар пар (ова он го кажа). И секако после муабетов не пиша повторно. Зошто? Епа не сум интересна. Нема што да добие од мене за провод. А зарем годините не му се за да бара женска за стабилна врска? Јас мислам дека таквите никогаш нема да се стабилни за врска. Ама благодарна сум што беше искрен и што кажа дека океј ја сум авантурист и сакам тоа. А не да те мафта како повеќето. Мажите подоцна созреваат од жените, што мислите за ова?
Истото е и кај мене, имам 23 години. Секад кога ке испаднам со некој тип, првиот дејт е ок, а отпосле се покажува у вистинска смисла. И јас на никого не сум му интересна, ради тоа шо не сум имала секс и не сум девојка за провод. И тоа сите со кои шо сум се гледала биле по 26-27 години , а всушност у памет се недораснати дечишта.
Пополнувал време со тебе. Најверојатно од досада, а може и да бил во врска па се крие или бил скаран привремено со девојката. Последната опција е дека навистина не му се допаѓаш и сметал дрка го замараш. Многу различни причини може да има. Ако го знаеш многу подобро, само ти ќе можеш да дознаеш зошто би го направил тоа. Не вреди веќе да мислиш на него и да се замараш. Има многу риби во морето, па ќе си најдеш друг.
Здраво на сите, сакам да добијам мислење за една ситуација. Имено, бившиот ме следи на социјалниве мрежи СЕКОЈ ДЕН веќе 3г., и тоа од лажни профили секако, претходно не знаев дека е тој но сега знам. Пред 3г. он си замина без збор, после тоа открив дека ме варал и тоа е приказната. Мислите ли дека е најдобро да го избришам, од каде да знам дека не сака нешто лошо да ми направи... Од досада не ме следи тоа сум сигурна, а да сака нешто да ми каже ке ми каже а не да ќути
Па три години е многу. Треба да ти биде доволен знак за опсесивен манијак кој треба да го избришеш без размислување.
Почекај уште 3 години, па избриши го Не знам што си чекала досега ама дефинитивно е време да го избришеш.