Па штом ни ти ни тој не сте заинтересирани, мој совет е прекинете контакт. Интерес покажува колку да те чува на резерва. Да сакал навистина да се видите, ќе се видевте до сега.
@Elf Јас два пати се најдов во истава ситуација. Со првиот типац пишвавме неколку месеци, се гледавме на камера, сакам да кажам се гледаше дека е заинтересиран ама за гледање не ми велеше. Јас го прашав директно што како планира. Му било страв од коронава. А нема врска, цело време си излегваше до овде до онде. На крај пукна работава од сосема друга причина. Вториов случај, слично. Не сме уште видени ама обавезно ќе сме се виделе. Прво му велев, после прекинав и еве тој почна да иницира средба. Така да, мојот совет би ти бил да почниш постепено да се повлекуваш. Не му пишвај прва, не зборувај ништо за видување, па ќе видиш како ќе се постави. Ако му е сеедно...
Нема девојка... Он прв баш ме има прашано дали имам дечко .. Сеа евентуално ако не лаже мада не ми се верува. Пробав да се одалечам и пак прв пишуваше кај си што те нема и слично .. Има интерес приметувам дека му се свиѓам и мене ми се свиѓа ама незнам ств.. Иначе се има изјаснето како интроверт ама сепак по моабетиве шо ги праиме до сеа требаше да се опушти, а не сме 18/19 годишни тинејџери...
Па после пола год до сеа ќе одбереше една ако има некоја друга, а не коа ќе ме снема пак да ми пишува
Прашај го директно, како тој гледа на вашата комуникација и како би сакал понатака сето тоа да се одвива.
Јас досега ќе се откажев, после првото прашање сигурно... Пола година пишување и да избегнуваш средба не е малце.
Откачи го,не си го губи времето со него. И да има средба може само да се разочараш. Јас пишував со еден и излеговме на кафе,дечкото не знаеше што муабет да ми направи,ми вика : леле се си кажавме на чет и сеа немаме што да збориме. А,на чет мелеше као воденица. Во живо тапа. После јас бев таа шо не сака пак да се видат.
Уф ја иам обратен проблем, онлине сум тапа за допишување али во живо нема запирачка, само со коронава се се префрли онлине
Ako.. Ne saka da se vidi nekoj so mene, prekinuvam razgovor.. Do togas, ako se sluci toa gledanje. BTW.. Pozz Elf ☺️
Оф топик, ама морам да кажам. 5 пати го препрочитувам постов. До сега квантна физика да беше, ќе го разберев. Ај за првото "ако" сфатив дека е грешка и се непотребни трите точки, тоа требало да биде во една реченица. Ама вториот дел и со крајни напори не можам да му најдам логика. Па и латиницава згора на тоа, боде очи. Сите правиме интерпукциски грешки понекогаш, ама сите твои постови вакви се. Не може човек да ги прескокне, а да не ги забележи. Изразувај се подобро. Најдобронамерен совет.