А мислиш порано многу љубов имало кога се мажеле со стројници и морале да не се скинати на прва брачна ноќ.
Здраво GirlLove, Воопшто не ми се допаѓаат ваквите однесувња, без разлика дали е од машка или женска страна. Се согласувам со Veta и Fluffy^-^, батали го.
Статистиката не знам за кај ти е, баш пред некој ден видов некое истражување за Америка и баш спротивното е. Со играчки, со фетиши, со сфе. Ако е македонска статистика може . Замисли- Се јавуваме од државен завод за статистика, едно прашање за секс ако може. Нормално, никој нема секс
Ова за другарка ми прашувам Има еден што си пишуваат скоро година и пол , да се сретнат си велат здраво и толку! Неколку пати се имаат договорено за на кафе и оп он одложува и вика му испаднало работа , и секогаш кога ќе се догиворат испаѓа нешто ,он не е толку загреан за средба а и пише секој ден ... И што е работава? Мене ми е нејасно
Мене ми е нејасно, што е тоа, си пишуваат? Стварно не разбирам. Зошто си пишуваат? Па уште година и пол Добро бе, излегувате ли вие луѓе од дома некогаш, во некои социјални интеракции да сретнете луѓе или само си пишувате? Е сега, зависи колку години имате, ама ќерка ми е прваче и двајца симпатии на училиште има и на секои лулашки по еден
Здраво Justicija, Можеби е несигурен во себе.... премногу размислува за состанокот со неа (шта би било, кад би било) Нареден пат кога ќе се сретнат, другаркати освен што ќе се поздрават нека го допре и нека направат краток разговор и нека види како се однесува... говорот на телото кажува се!
Она последниов пат е толку изнервирана и вели дека и да го сретне нема да го поздрави Несфатливо ни е , нему како само да сака само да си пишуваат, а не живеат преку океани од исти град се
И јас имав слична ситуација и ств неможам да сфатам како некој сака само да се пишува, а да нејќе во живо средба.. Нека го батали нема аир од таквите, а што им е не ги разбирам ..
Лажното чувство на слобода и неограниченост,комоција која ја чувствуваме сепак како заковани за тастатура си го зема својот данок.
Мислам дека малку си поигрува со нас и на тој начин си придобива внимание,но кога навистина ке се соочи со проблем тогаш можеби ние веке нема да ја свакаме толку сериозно и така.
Ми се има случено ова, долго време пишувавме речиси по цели денови, не само празни муабети, споделувавме и лични нешта, на крајот испадна дека дечкото се имал мувачица со која си се гледал.. Престанавме да си пишуваме некое време и потоа го видов со девојка за рака. Очигледно некои го прават тоа од досада или им годи вниманието.. Тој што сака нешто повеќе ќе иницира средба порано или подоцна, се друго значи дека не е доволно заинтересиран.