Многу ми е жал за тоа што ти се случило. Ама ако ти се погоди некој идиот и види во каква ситуација си може само да те искористува. Мораш да научиш дека сама и осаменост е различно. Уживај малку додека си сингл. Разбистри си ја главата за да можеш после добро да го процениш било кој.
Јас сум за да почекаш. Ти треба стабилност, а не некој тука-така да пуштиш во животот. Скроз те разбирам, ама не се брзај.
Не се менуваат ти продава муда за бубрези колку да те придобие. Оди напред не се врти назад знаеш што човек е. Пробај со новово момче дај му прилика види си запознај го.
На твое место да сум не му се враќам бидејќи за таква емоција кон него веќе немам емоција поготово што не ме цени не ме почитува. И не планирам мајка му цел живот да и бараме дозвола, тоа е ненормално! А знам дека друг ќе ме прави среќна и што ќе ме почитува и што нема мајка му да се меша во нашиот живот. Сега веќе го знаеш каков е не му се враќај, 3-4 год не се малку.. Со среќа
Јас неколку пати му простував, но доста ми е веќе. Не беше во ред тоа што ми го правеа невоспитана сум била разгалена. А никогаш не сум се опуштала пред нив кога и да седам со нив пазам што зборам пазам на се, на моето однрсување кога сум кај него ако сме јаделе нешто пиеле јас ќе станам од култура и ќе измијам садовите да не ги мие она не оставав ништо растурено. Собата негова ја чистев да не се мачи ама пак бев лошата. За било што од страна да е нервозен се на мене ми се истураше не го интересираше низ што јас поминувам туку се караше со мене. Сакаме да идеме некаде мораме прво да прашаме дома дали ќе го пуштат или имаат нешто смислено за него да прави. Секоја вечер му ѕвони по 50 пати кај си што правиш да дошол во соба да го видела дека стигнал и што уште не...
^ Тоа од што си многу добра и оти не виделе некоја со подруг карактер. Терај го животот, остави назад што било.. прави си планови, шетај, читај, итн. Уживај си и не се стресувај.
Ако те интересира дечкото, пиши му и тоа не прашалник, туку нешто поцивилизирано. Ако не те интересира, ништо не му пишувај.
Ако те интересира дечкото пиши му, ако не те интересира не се замарај. Не мора да значи по грешка дека ти пишал, најверојатно ако долго време не си му вратила се усрамил.
Ќе му пишеш и ти хај, случајно да не ми пиша? Нешто такво, ако не ти е срам. Ако сакаш да ти пише пак, лајкни му две три слики и ќе види. Ако не ти се свиѓа не му се замарај. Или пак кажи му на колегата, другар ти да не се срами нека ми пише.
Можи прашалник според мене. Неутрално е. Не му заправаш муабет, а му даваш прилика тој да почни. А од друга страна, си изреагирала некако, не си го изигнорирала.
Сакам еден совет.. Не знам како да прекинам контакт со едно момче. Еднаш излегов затоа што ме напна и не се разбираше од знаците кои ги давав дека не сакам ништо со него. Во друштво се погодуваме скоро секогаш и од култура враќав. Но почна премногу да ме гуши и напнува. Ем не знае муабет да направи ем не е воопшто мој тип.. Почнав да враќам по 19 часа но тој веднаш враќа или ако не пишам повторно ќе ми пиши.. Некако безболен начин да го откачам без да има тензија во друштво? Не сакам периодов воопшто со никого да излегувам, сакам да се посветам само на факсот и себе си. Плус, пред два месеци излегов од долга врска и не ми се оладени чувствата кон бившиот. Хелп!!
Кажи му отворено дека сакаш малку да си се посветиш сама на себе, и не можеш да се гледаш периодов со други машки. Како што гледам ти не сакаш ни другар да ти биде, штом не сакаш ни муабет да му правиш. Речи му да не си го трошите времето залудно и да не си се повредувате, најбезболен начин е да си знае на што е уште од почеток.
Мене лично да не ми врати некој доолго време, да ме избегнува да не се поздравам ќе сфатам побогу.. Ќе му кажам подоцна дека не сакам повеќе никаква комуникација, но воопшто не сум добра во вакви ситуации да напишам не знам како Многу знам да бидам безобразна и затоа не му враќам.. Зошто ако пишам дека не сакам ништо повеќе и ако почни да прашува да замара ќе го повредам
Верувај ако му се допаѓаш го повредуваш и вака. И нема што да се грижиш подобро е и за двајцата да бидете искрени. Инаку, и јас имав вакви досадни, убаво им кажав дека не се мој тип ниту за другари, а камо па за партнери, им посакав среќа и да си ја најдат сродната душа што побрзо. Подобро ми е така отколку да кажам клише- те сакам ама како другар.
Готово пишав. На најнормален начин, врати као добро. Леле ми падна скроз камен од срце, стварно беше предосаден. Никаква хемија човече ни муабет.. Едвај еден сат поседив после реков ај ме бара татко ми во 8 саат навечер за дома
Не се секирај дека го повредуваш, не го повредуваш. Не може да повредуваш никого затоа што на никого не му должиш муабет.