Прашање до машките: Дали имате најверна другарка? Дали некогаш сте развиле емоции према неа или секогаш сте ја гледале другарски?
Да. Имам другарка 16 години се дружиме дење и ноќе сме во контакт, заедно спиеме, јадиме, излегуваме али цело време само другарски и ништо поќе од то.
Iskreno i dvajcata ne se pronajdovme eden vo drug. Nemase drami, turbulencii, samo taka se razidovme. No, da, vo pravo ste, nasiot mentalitet e takov. Nejkam da bidam etiketirana i povredena
@Bellaa1234 душо ич не се замарај многу случаеви вака се случиле меѓу кој бев една од тие јас. Со едниов пробав не идеше и сплет на околности со негов најдобар другар завршив 3 години во врска. Секако има зборење ама тоа душо го има и да не се воопшто другари. За мене не ја сакам на друг не ја давам. Незнам дали живееш го голем или мал град ама општо и во цела МК тие се луѓето. Лугето секако ке зборат.. пиши му ако има прилика да искочите само спомни му дека си се гледала со негов другар и дали тоа му е порблем. Се додека има само инста или фб комуникација не си должна да се објаснуваш.
Прашањето е до машките ама ако дозволиш да ти пишам и јас. Маж ми има другарка од детство и имал лош период кога нонстоп биле заедно, па почнала да го привлекува. Кратко траело тоа зашто сфатил дека е само другарска љубов, но ете имал период на измешани емоции. Јас го изгубив најдобриот другар зашто се затреска јако во мене. Завршивме така што ме молеше да бидеме заедно и кога веќе немав фини начини да го одбијам, го одбив грубо, ме изнавреѓа и толку беше. @Bellaa1234 Не би се плеткала со другар на бивши, колку и да не се блиски. Реткост е такво нешто да заврши убаво.
Сум имал своевремено разни другарки и ако сум ги декларирал како другарки , и обратно, никогаш не сме развиле емоции, пошто така сме се декларирале од старт. Најчесто тие компликации се случуваат по пат на скриени карти.Тие кои ми се другарки , ми се другарки и не гледам ништо сексуално во нив. Научно е докажано дека жените во првите впечатоци и оформување на мислење и став кон ново запознаено машко , и тоа во неколку минути од запознавањето, ја декларираат понатамошната потенцијална врска како љубовна, пријателска или воопшто ништо - незаинтересираност.
Имав најдобар другар многу се дружевме цело време бевме заедно он дури имаше девојка со која одеа пет години, ми призна дека е вљубен во мене ми рече доволен е само еден твој збор и ќе и раскинам.
Јас имав другар кој имаше чувства за мене ама јас немав. Тој имаше девојка со која се ожени и пред да се ожени скроевме планови како да ја запроси,каков прстен да купи бла бла. Колку пати ќе ми се пожалеше од нејзе, задњо беше врв се лутела што сме искачале јас и он на кафе. Што не ги можам тие луѓе ама ич. “Другар ми” не ме покани на свадба и многу ме повреди,што ми пиша дека “она не ме сакала на тој настан”. Од тогаш веќе не ми е другар,а и да ме побара последна личност да е на светот не би се смирила. А исто така имам другар со кого израснав па вакви глупости ко првиот немало. Така да,мислам дека се е до карактерот на луѓето.
Епа со право се лутела девојката. Ете ти си немала чувства кон него, ама од кај да знае таа. Ама тој имал, а девојката тоа го чувствувала и затоа и сметало да се гледа со тебе. Ај да кажеше дека и тој не чувствувал ништо кон тебе, па тогаш ќе беше муабетот дека претерувала.
И бубаче е во право и девојката е. Тој што не чини во ситуацијата е другаров според мене. Тој е виновен што ги ставил и двете во незгодна позиција и не знам со кој памет се оженил за неа ако има емоции кон друга. Ова е толку точно. Колку машки личности сум запознала во животов и одма сум знаела дали го гледам само како другар или како потенцијален партнер. Додуша, тие со кои што сум сакала врска одма сум давала знаци за нешто повеќе, не сум се зближувала како најверна другарка. Само чудно ми е кај некои машки еве и како членките што пишаа, ќе тераат долги врски а сепак заљубени се во најдобрата другарка..
Девојка му не знаеше дека тој има чувства за мене,тој никогаш не и кажа. Она кога му раскина и не сакаше да се смири нему му беше тешко. Секој пат му велев да се запознаеме, таа е пет или шест години постара од него очекував да е позрела и посигурна ама не испадна така. Испадна дека она е љубоморна на мене и во многу наврати сама си го сфатив тоа. Ние се дружевме пет години а они идеа 3 години, веројатно е свесна дека расипала другарство. Како и да е,јас му посакав среќа во животот. Добро ме знае дека јас кога со некој ќе ставам крај со некого во животот потоа шанса не давам.
Тоа е така дека се некој вид Beta Males, и се дунди во душа... најлош вид на мажи , дволични. Ниеден нормален оформен маж не би глумел другар за да освои жена + да има девојка/ жена а да и сугерира на другарката нешто друго ; тоа кажува каков човек е.
Istoto i mene mi se ima sluceno ,iskren sovet batali go i da saka da se smirite odjebi go i kraj na prikaznata i ja bev budala no mi dojde pamet.
Хелоу. Се допишувам со едно машко што мислев дека е нормално. Но,ајде да му обрнам вниманието го прашувам : Како на работа? Одговор : се знае на работа Ккао се поминува. Потоа запишуваме на чат и го прашувам што правиш низ дома, со што се занимаваш? -ништо ми вели. Го прашувам не слушаш нешто музика, филм, книга. И ми рече се занимавам со проституција.... Се налутив и му реков дека само треси глупости и дека не го личи со вакви муабети на 35 години. Не знам дали претерав со ова шо му го реков..
Воопшто не си претерала си го е заслужил, дури и повеќе. Ни не треба да му зборуваш повеќе, изгледа некако незаинтересиран за животот....