Не си претерала. Подобро не му пишувај веќе, ништо паметно од него, да не испадне после пак да си разочарана и повредена.
Секогаш прв почнува со пишување, и само некои глупости кажува : ти си портарка нз што не знам како ( мислам безвезе, мене никогаш не ме интересира за другите), колку пари земаш на работа, леле колку е студено надвор и сл. Не мислам да се замарам, доволно е пишување и обрнување внимание. Не вреди. Поздрав до сите и ви благодарам за одговорите.
Може има 13 години, а те лаже дека има 35. Мораш да се научиш да не инвестираш емотивно во секакви будали. Тресе глупости, убаво. Престани да му одговараш, избиши го од пријатели и нека си тресе колку сака. За твое добро, стварно нема смисла секои 10 дена да имаш проблеми со некој со кого си пишеш.
@GirlLove Искрено да те прашам кај ги наоѓаш вакви забегани и недозреани? И зошто воопшто враќаш на такви простачки пораки?
Вајда го заболе за тебе и треска глупости чисто од досада. Или евентуално да ги покаже после на другарите заебанциите и лошиот хумор. Не гледам некое друго објаснување на 35 год да пишуваш вакви работи освен ако не е од досада и слично ( што би рекол народот од к*рташак)...
@GirlLove само би те советувала ако те замара и ти пишува немој да се расправаш излези поголем човек од него и напиш му ,дечко шаливе можеби во живо со самите издрази доловуваат друга поента (ко демек забавен тип)ама вака на чат за мене е too much и детски што кажува многу за тебе а не замене во случајов , и продолжи си понатаму со игнор.Па евентуално се удри по главата што не верувам на 35 години , ќе те покани на кафе и ќе ти се извини. Само културно не паѓај на негово ниво.
@GirlLove, нема врска што некој има 35 години, многу побитно е кој е и што е. Некој и на 65 нема да има ни грам повеќе мозок и култура од ова, а некој на 15 ќе биде доволно свесен да знае како да разговара ко нормален човек. А ако не ти се разговара, најлесно е- не пишувај ништо! Е сега, разбирам дека можеби си осамена и сакаш некого до тебе, ама да беше толку лесно да го најдеш вистинскиот, сите ќе бевме среќно заљубени. Муабетот ми е, ќе запознаеш куп момци, само неколку од нив ќе бидат за тебе. А па уште ако бараш партнер на Тиндер, Миндер, е дури тогаш ќе треба да се наоружаш со јаки нерви, пошто таму се има.
Тој се шали. Ама кажав веќе не му враќам, еве го пишува. @Nausicaa не користам Тиндер, миндер хахах Точно е, ќе запознаам неколку момци и еден ќе се погоди.
Девојко, ова го нарекуваш шала? Очаен обид за хумор, очаен. Мавни го таму, несозреан дебил од 35 години. Кај ги наоѓате бе такви?
@GirlLove кажи му дека "Вака не се шали". Блокни го од секаде и тоа е тоа. Ама џабе све, и цел тестамент да ви се пише како Нушица што пишала, кога не применувате совети.
Кај ги наоѓате вакви јас не знам , одма блокирај таков сељак плус на 35 години да ги прави тие муабети ...
И ја се чудам кај наоѓате се вакви. Ај една будала, ама веќе секој... Не знам дали сум имала среќа ама 90% од машки со кои сум зборела биле супер, ретко некоја таква будала да се нашла и веднаш игнор сум мавала и толку од типот, не со денови да му мозгам глупаво понашање.
Постојат и друг вид на шали, а на некој што не го знаеш доволно да му викаш дека се занимаваш со проституција е рамно на го*но. Јас би го блокирал на твое место.
Ако ти се закачи ко крлеж не знам дали ти фаќа поговоркава. Плус и го игнорираш. Има и едно дека спротивностите се привлекуваат, па ти види. Мене спротивноста ме убива хахаха