Не е баш за совет ама повеќе за мислење. Не знам како машки може да се толку директни кога знаат дека имаш дечко па да прашаат за дејт(као уат д фак нели ти значи нешто ако има дечкоо). Ме интересира зошто се вакви
Нивно е да фрлат јадицата, па кај ќе упеца... Затоа што : 1/ Има девојчиња кои ќе изреагираат баш во таа смисла : уат д фак...имам дечко не замарај, фино лепо. 2/ Но, исто така има и девојчиња кои што без срам ќе им го дадат бројчето и ќе се видат афтер....
Дали ако сте ви се допаѓа некоја девојка , имате посебни чуства за неа , ќе лајковате на све што е женско на социјалниве мрежи ??
Не сум машко, но ќе пробам да ти дадам одговор и совет од женски аспект. Мене не би ми сметало мој дечко да лајкнува на негови другарки, колешки, селебрити затоа што и јас истото го правам. Ставам лајк на колега не затоа што го свиѓам, ами затоа што го ценам и почитувам ми се нашол во животот. Исто како и неколку други. Лајкот мене не ми е мера за љубов и симпатии се додека не се премине гранницата. Што значи да се премине граница, а во врска со социјални мрежи ? - На тебе во последно време да не ти лајкнува ниедна слика, а на другите горенаведени - да; И сето тоа со негов одговор дека не ја видел твојата слика, која што порано му била прва. Според мене ова последното е за аларм, другото е се банално. Се надевам помогнав и одговорив колку - толку од женски (мој) аспект
Да ,но не ја разбирам поентата да лајковат на све и свашта што е женско ,и што ги знае лично и што не ги знае лично , еднаш му реков и се искаравме , ме нарече ископлексирана, но јас размислувам да прекинам све, бидејќи не можам да се подгазам себе си , си имам и јас принципи,ми смета тоа што го прави !!! Мислев дека е поинаков ама ништо .. На сите ,на сите да им лајкуваш и тоа е нормално? И на чоро и сакато ??
И мене ми смета тоа. Али сфатив дека проблемот произлегува од мојата несамодоверба. Зашто за него лајкот стварно немал значење, ко мене што ми има. Ама ме разбра и прекина со тоа, зашто знае дека и него немаше да му е убаво ако е обратно.
Супер , само што последнава недела го игнорирам а тој си продолжува по свое Мене ме понижува со тоа што им лајкова на секакви некакви ,и ми смета тоа , нема да си ги подгазам своите принципи , тоа за мене не е нормално ! И јас мислам така !!
Многу лош одговор од негова страна за нешто што ти смета. Ако лајковите се таква ситница, што не си скрола без да стави лајк, кога знае дека тоа те повредува? Или сепак не се ситница, кога му се побитни лајковите од твоите чувства? Не станува збор за несигурност кај вас, туку непочит од негова страна.
Он ми велеше дека лајковал од туку така Се согласувам со тебе , дека тоа е непочитување ! Или лајкова за да улови нешто ... Како и да е ми требаше трето мислење за да стварно се убедам дека сум во право и дека тоа не е нормално
Хмм...пред да превземеш било што пробај најпрвин да ги тргнеш соц.мрежи од твојот приватен живот, не мисли на тие лајкови, ако се друго е во ред. Дај шанса уште една...лесно е да растуриш, многу тешко да изградиш нешто и истото да го сочуваш. Не дека јас го бранам него, меѓутоа стојам на претпоставка дека истиот не те тепа и сеуште не те изневерил. Така да, имаш луфта за шанса и компромис од обете страни.