Сум приметила дека многу машки го прават ова. Без разлика дали во врска или не. И да, најчесто ќе речат дека нема ништо во лајкот. @Justicija дали тој се однесува добро и коректно, ако го оставиш настрана ова со лајковите? Ако се' друго е во ред, ако само ова е проблем, добро објасни му. Ете си му кажала, не е во ред што те нарекол искомплексирана, уште еднаш сериозно и смирено кажи му дека размислуваш да ставиш крај на врската ако не престане да го прави тоа. Тогаш ќе видиш колку си му важна. Ако лајковите се небитни (барем за него), тогаш ќе го смени тоа. За некој кој на некого нешто значи, нема да е проблем да го смени тоа што му смета, ако сака да ја задржи личноста.
Све друго настрана е супер освен што некогаш ме замара за бившата и што лоши работи му правела , а милион пати му е кажано да не ми ја спомнува Тој сериозно не го сфаќа проблемот со ова што ми смета , и да го игнорирам после неколку денови пак се појавува ко ништо да не било и пак си тера по свое !! Не, далеку од тие работи , ама од толку удирање лајкови лесно може да дојде до неверство ,бидејки искусив нешто слично на своја кожа , и не сакам да лајкова на други жени ! Ако можев јас да ги откажам цигарите заради него може и тој некој остапки да направи , нели ?
Вие почнавте во вашата врска да си префрлувате,ако јас ова го направив, мораш / можеш и ти....тоа не знам баш колку е цврста врска. И во делот со цигарите. Точно е дека се штетни лошо мириса и се тоа, но истите би ги откажала ако јас така сметам, односно за мое добро, а не некој друг да ми налага.
Не секој ги гледа социјалните мрежи на ист начин. @Justicija и да не лајкнува, тој што сака да изневери ќе изневери во секој случај. Ако нешто сфатив е дека кавгите за ова имаат само контра ефект. Колку повеќе притискаш толку повеќе ќе бараат начин да излажат и да направат нешто тајно. Ако за друго си мирна дека не би сторил (никогаш немој 100%) лајк и не е нешто толку страшно. Имав еден лајкнуваше - изневери. Другиот не - и тој изневери. Кај првиот барем знаев што да очекувам.
Буквално се лајкувам на инста и фб. Отприлика пола се мажи пола се жени. И што сега кога лајкувам на мажи ок е, кога е на жени анализи, премислувања? Ако не кликам лајкови демек не може да пишувам и договарам со некоја? Мене ми е несфатливо како воопшто доаѓа до вакви разговори за социјални мрежи ако се во врската е во ред, еј лајкна на онаа која е, зошто и лајкна ми смета? Не можеш да наметнуваш туку така, ако тргне лајковите утре тоа што следи некоја ќе ти пречи, задутре заеднички профил може ќе побараш (шала, али поентата е таа)
Мене ми смета тоа ,и според мене не е нормално , на некои што им лајкова јас и не разговарам ,он пак си тера по свое , кај и да отворам на женски профил тој обавезно има лајк , ако јас направив жртва и ги откажав цигарите бидејки му сметаат може и тој да направи компромис , ако не патот му е слободен а изгледа така и ќе биде Тоа е точно , но овој јавно прави будала од мене
Претпоставувам дека не сте многу возрасни, јас не знам како би се справила со некој на кој му лета паметот. Ако не му се важни лајковите тогаш нека престани, ништо тешко. Не викај и не се карај, објасни со убаво дека го сметаш за понижување (донекаде и јас би). Ако сака да сфати супер. Не сакам забрани ама ако нешто ти пречи има граници до каде треба да те послуша. Партнерот не може да те смени и модифицира по свој ќеф, ама секогаш постои можност да се прават промени кои се за добро на врската. И аман бе оти мора се' по 500 пати да им се објаснува и пак да не разберат. Па уште да мора да погодиш на кој начин да објасниш да не се осетел навреден. Не знам шо е со луѓево и врските во денешно време.
30 год има тоа е проблемот што не е созреан да прифати компромис , нз што е толку тешко да го прифати тоа и да не го прави веќе освен ако има некој интерес Вакво невнимание знам дека скапо ќе ме кошта , бидејќи се сомневам дека сака да улови нешто Ултиматиумот е доставен , не се карам ,ако сака ако не тоа е Сепак благодарам
Вакви проблеми се чести кај нас тинејџерите. Не знаев дека има возрасни мажи што гледаат натртени тинејџерки..
@Justicija ај настрана лајкот, во очи ми падна тоа шо те извреѓал. Ова ми е црвено знаменце ко да не те почитува.