Ви ја запусти комуникацијата овој интернетот. И ќерче ја гледам, крати зборови, се' нешто со 'шифри' е муабетот... .... не знаете што изгубивте...
Не знам дали постои тема за најдобри удварања, постои? Баш ме интересира колку биле креативни момциве.
Не да ја запусти...многу поубаво беше кога немавме социјални мрежи. Социјалните мрежи се убави во аспект на сознавање нови нешта, комуницирање со домашните поготово ако се оддалечени и слични работи. Но, за многу работи има негативно влијание. Пишувам со братучетка ми нешто и ми враќа nvm и оди разбери што е тоа.
Со асл плс се' почна. Ама и тогаш, а и ден-денес, внимавам како пишувам, дали ми се граматички точни речениците...
Не се проблем социјалните мрежи, проблем е како се користат. Алатка се. Не може да е крива лопатата, ако удриш некој по глава со нејзе.
Којзнае како корисно го користат после слободното време што им останало бидејќи користеле скратеници..
Некако и мозоците ни се испрограмирани да ги дешифрираме кратенкиве. Сосема нова кратенка да видиме, сигурна сум дека точно знаеме што значи.
Така е Вајлд но реално и проблем се. Ако одиш во парк или во кафич / ресторан било кое друго место ќе видиш одма како сите ги вадат своите телефони да се допишуваат или да стаат стори. Океј врати на порака ако е итно ете и стај стори,но не е во ред излезени и да окапеш на телефон. Не зборам лично туку генерално гледано. Пред години кога студирав на студент му беше мрза да пишува му вика на Проф. Ќе те снимам па дома ќе си го извлечам главното. Интернетот како алатка не направи неспособни, несигурни,мрзливи, љубоморни, глупави...
Ова ич не ви чини. И некаде и пост на форумов пишав: Тука, пред очи ви се случува нешто вредно за паметење.... огномет нека е за Нова година, и никој-ама никој не гледа со сопствените очи, сите низ мониторче!! Ме заболе кога ја видов оваа сцена. Абе животот е поубав во живо, отколку низ монитор. Сите сетила ти се активираат кога си вистински присутен во моментот. Не правете 'сеќавања' за други да ги видат, туку за вие да ги памтите. Не се памтат работите како што навистина се случиле, туку како сме ги доживеале со сите сетила. И со ќерка ми се објаснувам за ова, ама не делува воспитно. Можи треба да преминам на физичка акција
vo nikoj slucaj ne planirav da izlezam, nitu imam izlezeno so nekoj sto go znam na internet, samo sakav da ja spodelam situacijata i da vidam mislenja, dobiv kakvi sto ocekuvav