e aj jaс пак нешто да прашам видов ме исклучил од боцкања,дали имаат секогаш боцкањата врска со тоа дали му се свиѓам или не?!другарка ми ми вика,дека не било кај сите машки исто..вие што ќе кажете?
мислам дека нема врска тоа...еве јас си се боцкам со некои што не ги свиѓам онака им враќам ради реда а па тие што ги свиѓам ретко си ги боцкам, стварно незнам зашто е така а инаку ако ти само го боцкаш а не му пишуваш ништо, е тогаш може си му здосадила
па ја само еднаш го боцнав и тој не ми врати,и сега се мислам дали да му пишам и ако ме праша нешто да му кажам дека се сретнавме во саботата,као да му кажам дека незнам дали се сеќава он нешто во таа смисла..иначе мене ич не ми оди тоа со боцкањето,повеќе пати ради тоа сум била разочарана..ама еве се прашувам зошто ми се насмевна,кога сега не дава никаков знак..Сакам да го видам и ја да му се насмевнам..да чекам прво тоа,или да му пишам ?
а па и ти за што од памет си се извадила ххх...тој може не ни примеќа кој го боцка, мислам дека не обрнуваат големо внимание на тоа сите. И мислам дека треба да му пишеш барем да пробаш за да не се каееш
да не чекам да го видам прво,одма да му пишам?нема да е глупаво ако почнам прва конттакт? отсекогаш малку глупаво ми е било тоа,многу ретко кога сум пишувала прва заради тоа..
Тоа што ти се насмевнал ништо не мора да значи, може си е едноставно културен дечкото па на сите им се смешка . Тоа што треба да дознаеш е дали сака нешто со тебе и наместо да чекаш на него следен пат на чат ќе му речеш Здраво и ќе почнеш муабет. Ако си му симпатија и нешто сака ќе те замуабети ако пак не најверојатно ќе враќа кратко и со паузи. Пробај па види како ќе поминаш на муабетот и не чекај секогаш на машкото, чим он не дава иницијатива ти ќе ја преземеш во свои раце .
едно прашање? кое е тоа машко што спие со тебе а не пробува да направи ништо? не само еднаш туку 3 месеци тоа да трае?
Брат на девојката во прашање, на кој му се скршила ногарката од креветот па три месеци не сака да ја поправи Шега на страна можни се повеќе опции: 1. Да е хомосексуалец .....Знам дека е непопуларно ама тоа е тоа... 2. Да има еректилна дисфункција (која може да биде резултат на психолошки проблеми или некој физички недостаток - не знам дали мочето си го видела голо, но можеби има и нешто што физички не е во ред со него (недоразвиени органи, хермафродитизам - се има на овој свет)) 3. Едноставно не чуствува привлечност кон тебе - сега сите сме тука со аватари, никој нема појма како изгледа другиот , можеби ти си супер привлечна ама тој да претпочита...незнам...да има фетиш кон гојазни, ниски...ќе кажам пак, се има по светов.... Ти не го праша ништо..., ниту пак да поведеш ти иницијатива? Да не мисли дека си мала?
Значи вака ми треба совет.Со личноста која ја сакам не бев зборела околу 3 недели.И вчера гледам дека ми пиша,ама онака кратко,имавме краток разговор.Ми кажа дека забележал дека ме нема.Ми кажа да го известувам за моето здравје.Јас онака сум збунета,не знам што да мислам и како да се однесувам со него.Дали некогаш треба да ја прегазам гордоста и да му пишам прва?
Искрено, прашањево и не е некое за кое може да се даде не знам каков совет. И сама ги знаеш двете можности и нивните ефекти, така што или понекогаш пиши му прва, одржувајте општа комуникација, и притоа не прегазуваш никаква гордост (АМАН СО ВАШАТА ГОРДОСТ, ЈА МЕШАТЕ И ВО БАБИ-ЖАБИ СИТУАЦИЈА!!), или остани си на ставот дека тоа што било-поминало.
Сакам да ги прашам машкиве, дали некаква улога има интимната „фризура“ за вас? Не мислам на неостратување на влакната, туку дали повеќе ви се допаѓа целосно отстранети влакната или пак отстранети сите влакна, освен една тенка линија?
Да го известуваш за здравјето....хммммм...да не се плаши дечкото дека закачил некоја .... ај ќе бидам директен ....СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВА БОЛЕСТ па сега му е шубе и на тебе да не ти пренел... ај провери се, за секој случај...
Леле, сега ме потсети на една епизода од Сексот и градот. Знаеш онаа епизода кога Саманта ќе му дозволи на дечко и да и ја избричи „шумичката“, ама тој ќе го направи тоа на специфичен начин - ќе и остави едно делче и тоа ќе изгледа како молња Е па после Саманта ќе отиде во сауна и една друга жена ќе збесне кога ќе види дека ги имаат истите „фризурички“ Ќе испадне дека така типот си маркирал оние со кои спие Секој сака различно, јас преферирам триаголниче ама мало и средено ....знам старомоден сум
Жити се ме пукна од смеа ма знае тој дека бев лоша со здравјето па сака да го известувам. Инаку НајтВокер,во право си,треба да ја прегазиме некогаш гордоста но зависи со кој и како. Би го поздравила и прва ама не знам во какво расположение ке го најдам,псоебно сега кога ми кажа дека е претрупан со обврски.Нема везе,само сакав да знам како со него после толку период,зошто искрено некогаш се плашам.