Форумџика на годината

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.054
    Допаѓања:
    14.638
    Пол:
    Женски
    чим не сака да прави муабет, само видување, само си сака секс да има, мене тоа ми е единствена логика
     
    На bicycle, Summerbaby и Billy Idol им се допаѓа ова.
  2. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Поарно шо не сака муабет, не си ставај беља на глава.
    Откачи тоа што побрзо :)
     
    На tinka-mace и joci26 им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Прашај го.
     
  4. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.915
    Едноставно ќе забележиш по начинот на комуникација, дали враќа со истиот ентузијазам како порано, дали иницира средби, дали се грижи како си
     
    На Billy Idol и Marsh_mellow им се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не иницирај разговор и не го прашувај директно, затоа што нема да го добиеш вистинскиот одговор. Појди од себе, некој да ти дојде и да те праша дали ти здодеал, дали би му одговорила директно: „Да, ми здодеа!“
    Јас да сум на твое место, би се оддалечила. Нема да иницирам средби, да поставувам прашања, да форсирам дружење...едноставно би се тргнала од личноста некое време, да му дадам простор, да не го гушам, да почувствува потреба за мене, затоа што некогаш претераното присуство создава контраефект за било каков однос, без разлика дали е љубов или пријателство. Кога некој е сигурен дека што и да направи, ти секогаш ќе трчаш на негов повик и секогаш за него ќе имаш време и кога немаш време, тогаш твојата наклонетост, љубов, како сакаш наречи го, не добива на цена, станува премногу достапно, а со тоа и ефтино. Во човечката психа е секогаш да се стремиме кон работите кои не можеме да ги добиваме така лесно, да ги почитуваме работите до кои со многу труд сме стасале или сме ги добиле многу тешко, да им се восхитуваме на нештата кои не ни се целосно достапни. Кога ќе се оддалечиш, ќе го добиеш и одговорот. Ако те бара, ако ти посветува внимание, се труди околу тебе, иницира арзговори, средби, тогаш не си му здодеала, но ако молчи, тогаш тишината дава многу повеќе одговори од поставеното прашање. Човек што не сака некого да загуби, ќе се бори до последен атом тоа да не се случи.
     
    На lonely222, baby-star, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Marsh_mellow

    Marsh_mellow Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2021
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Е богами во право си и ќе те послушам фала ти многу
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    И уште една многу битна работа. Ако си била премногу присутна во неговиот живот, секако дека ќе го почувствува твоето отсуство, но и тука мораш да одиграш внимателно, ако сакаш да има ефект. Некогаш на луѓето само им недостасува претераното внимание што го добивале од личноста, но не и самата личност. Ако тој почне да те контактира, а ти веднаш го загрзиеш мамецот, не си направила ништо. Не велам да глумиш ледена кралица, но не скокај веднаш штом ќе те побара и најважното, секогаш биди љубезна кон него, но не ги прифаќај веднаш неговите предлози. Пример: почне да ти пишува прв, љубезно одговори му, кратко, не пишувај реферати, после две -три разменети реченици, кажи му дека ќе се слушнете подоцна, бидејќи имаш итна и недложна работа (но никако не кажувај што ќе правиш), остави го нека размилсува, што е тоа што е поитно и побитно од него. Нека сфати дека не е приоритет и дека ти имаш свој свет во кој тој повеќе не е центарот на вниманието. И остави го пак да те побара. Ако не те побара истиот ден, не паѓај во искушение да го контактираш, чекај, дај му време, па макар и две недели нека поминат. Не ставај сториња, слики или било што на социјалните мрежи, за да го потсетуваш дека постоиш, на тој начин ќе се прашува што се случува со тебе, па си толку зафатена и те нема онлајн. Ќе посака да иницира средба, не прифаќај веднаш, но не го одбивај ладно, нека биде тоа во стилот: „Сакав да те видам, но денеска (или утре, зависи за кога сака да се сретнете) имам друг план, веќе сум договорена. Ако сакаш ќе се видиме некој друг ден, еве понеделник ми е слободен, јави ми се ако немаш други обврски, па ќе се договориме“... и толку, не објаснувај каков ти е планот (дури и ништо да немаш планирано) и остави го пак тој да ти се јави, а ако сака да те види, а не да си го пополнува слободното време со тебе, сигурно дека ќе ти се јави. Ако ти се јави да ја утврди средбата, излези, биди најдобрата верзија од себе и никако, ама никако не поставувај прашања за вашиот однос, дури и тој да сака да иницира таков разговор. Ако те праша зошто комуникацијата ви е поинаква, одговори му дипломатски: „Што знам, не сум забележала дека нешто поинаку се случува со нас, се си е во ред, ти се причинува“ и менувај тема, биди весела, маскирај го љубопитството ако сака да те испровоцира да те направи љубоморна, однесувај се како да ти е драго што сте се виделе, ама ти е сеедно. И ако предложи да ја продолжите средбата на друго место или кај него дома, не прифаќај, кажи му дека треба да одиш на козметичар или кај некоја братучедка, другарка, дека ќе одиш да купуваш нешто...било што и дека ти е пријатно неговото друштво, ама имаш нешто друго договорено. На тој начин, не му оставаш простор да се лути, а му ја поттикнуваш љубопитноста, зошто твоето време не е резервирано само за него. И чекај пак да те контактира прв, почекај два-три дена. Ако не можеш да издржиш, прати му ти прва порака, пример: „Бирам поклон машки парфем за еден роденден, ама не можам да се одлучам. Кој парфем користеше ти?“ Така оставаш простор да не изгледа дека само тој иницира контакт, дека наводно си заборавила „битна“ информација за него (типот парфем што го користи), но и кај него предизвикуваш пак прашалници, за кого го бираш подарокот, каде ќе одиш на роденден, со кого ќе бидеш, колку ти е важна таа личност па се трудиш да избереш добар парфем и сл. Можеби и ќе те праша, кратко одговори: „За еден пријател, моите и неговите се дружат, детска љубов ми беше, хаххахаххаха,па не повикаа на неговиот роденден“. И чекај да видиш што ќе се случи понатаму и како ќе се одвиваат работите. Поентата ми е да го искушуваш некое време, за да види дека е заменлив, дека и без него сонцето грее, животот тече, за да научи да те почитува и да не си игра со тебе никогаш повеќе топло-ладно. А ако му значиш, ќе се потруди и нема да се откаже. Ако не му значиш, не ти го треба и ако ништо друго, барем достоинството ќе си го зачуваш.
     
    На La profesora, Bebce1, Lavender4 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    @Gea Прво напишаното ти е одлично, но ова со искушувањево морам да кажам дека не се согласувам.
    Јасно ми е која е поентата на истото, но искрено не мислам дека е некаква гаранција дека дечкото нема повторно да си игра топло-ладно и дека ќе ја почитува. Воедно смислување и кажување на толку многу лаги за што прави, со кого е, каде ќе оди, ми е ептен тинејџерско и незрело однесување.
    Како ќе изгради однос заснован на доверба, ако самата таа кажува толку лаги?

    Ајде некогаш сите користиме по некоја мала „бела“ лага за да се извлечеме од некоја ситуација.
    На пример, тој ја прашува зошто не може денес да се сретнат и таа му вели дека има работа, а вистината е дека не ѝ е баш до излегување. Ова е нешто за кое не би рекла дека е страшно, сите го правиме, а не повредува никој посебно зошто свесни сме дека ги користиме овие фрази понекогаш.
    Но континуирано лажење за да ја стекне неговата почит, ми нема никаква логика.

    Не велам дека моево е најправилно, но јас се водам по следното.
    Точно е дека повремено не сум достапна постојано и попрво си го пополнувам времето со некоја друга активност, отколку со средба кога веќе се оддалечил на неколку дена.
    На овој начин покажувам дека и самата имам други важни нешта во животот освен него.

    Но исто така не одам во бескoнечност со ова однесување, зошто на крајот битно е само колку е зрела личноста од спротивната страна за да ме почитува и без да му правам драма и mind games.
    Во животот ќе имам моменти кога и сама нема да се сакам или почитувам, едноставно моменти на разочарување од себе во кои ќе ми треба тој да ме потсети дека ме почитува и сака.
    Во овој случај ако претходно бил навикнат на драма, ќе те остави сама да се справуваш.
    И некако повторно се доаѓа до она дека ако не те цени таква каква што си, без да му приредуваш филм, нема да можеш да се ослониш на него никогаш и само ќе си во постојана битка за неговата почит.
    Никогаш нема да бидеш мирна, а секогаш ќе бидеш само изморена.
    Едноставно ако е таков, не вреди.
     
    На bicycle, eliesaab, Ivan4e04 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Тоа беа набројани примери за можни ситуации и како со истите да се справи, а не дека треба да ги примени сите од А до Ш, бидејќи девојката бараше одговор дали му здодеала и како да дознае, затоа и одев во насока да симулира ситуација од која тој ќе извлече заклучок дека може да ја изгуби, па ако ја сака, ќе се потруди околу неа, ако не, аривидерчи, а таа ќе добие одговор без да поставува прашања. А кога сме кај лагите, искреноста се возвраќа со искреност, ама кога некој употребува манипулација за да лечи фрустрации за мастурбација на сопственото его, лагата ( во овој случај, бела лага) е најнежното нешто што Казанова го заслужува. Да бил тој искрен ком девојкава, нема таа да бара совет на форум. А искреност, ееее, искреноста треба да се заслужи и не се дава на секој, затоа што на поголемиот дел од луѓето, кога ќе им се отвориш, довериш и бидеш искрен, исто како да си им дал оружје против тебе. Јас се држам до народните: "Каква глава, таков брич" и "Секој според својата заслуга".
     
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    А каде прочита дека е Казанова?
    Или каде прочита дека ја манипулира?
    Девојката немаше ама баш никакво подетално објаснување за ситуацијата, освен прашање како да знае дали му здодеала. Не е работава да си правиме претпоставки зошто таа се обратила тука, можеби нема никаква конкретна случка туку едноставно сака да знае. Ти сега ѝ измисли цела приказна на толку едноставно прашање. Стварно нема потреба толку сомнежи да ѝ се ставаат во глава.
     
    На cresa-jagoda, eliesaab и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    А од кај пак ти знаеш колку јас имам информации? Можеби и лично ги познавам. Можеше културно да и одговориш на девојката, без да се повикуваш на било кој член и да оценуваш како некој напишал пост и со што се ти согласуваш, а со што не. Ти треба да си репер што е исправно, а што не? Ајде извади ја и крстената водичка да ме попрскаш мене грешната. И не прави од мува слон вадејќи ме од контекст за да докажуваш морални поенти.
     
  12. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    За лично постои приватна порака.

    И ти можеше културно да се согласиш или да не се согласиш со моето, па ете не го стори тоа.

    Не сум јас никаков репер за правилност, ама кога сум на форум, ако сметам дека нешто е погрешно ќе укажам и секако тебе нема да те прашам за дозвола. Исто кога си на форум треба да размислиш дали со некој совет повеќе ќе нанесеш штета, отколку што ќе помогнеш. Доколку ти не се сетиш да се преиспиташ, тогаш секако дека некој друг ќе ти укаже. А ако сакаш само твоето да се слуша, купи си споменарче. :)
     
    На cresa-jagoda и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    43.214
    Пол:
    Женски
    Од овај дел па надолу и јас нема да се сложам со тебе. Прво затоа што нема ништо да се реши на ваков начин. Ако му здосадила тој ќе си ужива таа ќе се нервира, ако не му здосадила ќе се нервираат и двајцата. Со инает ништо не бива, разговор отворен: Ти здосадив? Ради тоа и тоа сметам дека ти здосадив.
    Второ затоа што можи да има контраефект, да се оладат и двајцата.

    Друго сè што си напишала ти е на место. Да, треба до одредена граница да му остави простор тој да ја побара, да не мисли дека секогаш ќе му е на дофат, да сфати дека девојчето се чувствува запоставено, но без детски игри.
     
    На bicycle, cresa-jagoda, winnie7 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, у право си, ајде сеа терај!
     
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Прашај го најдобро да не се мислиш.
    Така најдобро ќе дознаеш,и сама ќе процениш.
    Се останато е претпоставка.
     
    На eliesaab и Marsh_mellow им се допаѓа ова.
  16. Pretty butterfly

    Pretty butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    А што кога ќе ти каже оладен сум и досадна ми е врската?
     
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Ќе раскинете и секој ќе си фане свој пат, ќе си ја барате среќата во други. :)
     
    На BrainDamage, cresa-jagoda, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.436
    Пол:
    Женски
    Не моли за внимание.
    Тој што те сака на сите можни начини ќе ти го покаже тоа и ниту за момент нема да се сомневаш.
     
    На cresa-jagoda и Reina.Gitana им се допаѓа ова.
  19. Irisae

    Irisae Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Треба да постои една тема каде женските ги прашуваат машките и обратно, имам едно прашање не е врзано конкретно за моја лична ситуација не е нити совет, разговаравме со другарките на оваа тема и заклучивме дека најдобро е да се прашаат машките за да се добијат конкретни одговори, ситуацијата може да важи и за двата пола но еве мене ме интересира машко мислење.

    Дали е можно машко кое не сака сериозна врска и уште од самиот старт му дава до знаење на девојката за тоа дека сака само мување "fling" што би рекле американците, подоцна да го промени мислењето и да сака врска откако ќе помине време?

    Разговорот беше и на тема дека многу често се случува, тие кои се во потрага по сериозна врска да не им даваат шанса на оние кои се во потрага по забава затоа што очигледно не се на иста бранова должина, но на тој начин испуштаат можност тоа да се развие во нешто посериозно со текот на времето, затоа што многумина ако не и повеќето не сакаат врски од самиот старт но со текот на времето може да се смени нешто козјнае..
    Што мислите?
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.358
    Допаѓања:
    182.399
    Нема шанси. Или ќе кликнеш со некого или не, или сте со исти идеи или не. Не е тоа недавање шанса, штедење време и живци е:)
     
    На poenta, tinka-mace, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.