На пример еве да речеме, тој излегол од долга врска/ или бил повреден/ не е подготвен за обврски, едноставно за да влета во нова и сака само мување, можно ли е со тек на време да го смени мислењето и да посака да станете „ексклузивни“? Искрено од друга страна, и некако е малку чудно да сакаш веднаш да започнеш врска со некој кого не го познаваш добро, се знаете кратко и површно..
Не мислам дека е возможно, мислам дека жените сакаат да романтизираат дека можеби ќе го освои и ќе му го смени ставот...ама, и златна да е, ако не му е тој филмот, џабе. Цел живот имам повеќе другари отколку другарки, плус брат, мислам дека сум научила нешто.
А зошто да очекуваш да го смени мислењето? Ако нејќе сериозна врска, тоа треба да се почитува без да се предвидува што би можело да биде.
Хмм да, се согласувам до некаде, но мислам дека веројатно не постои едно универзално правило, па зарем не е романтизирање и тоа жените да очекуваат да запознаат некој кој уште од првиот поглед ќе каже „да, таа е таа ќе се оженам со неа!“, тоа е поголемо сонување, никој не може да биде сигурен уште од прво гледање дека тоа е човекот на неговиот живот.. Можеби тоа е само мое сфаќање не знам, ме интересира што ќе кажат машките, немам многу машки пријатели тие кои ги имам се женети и врските им започнале доста кежуал и спонтано, велат сплет на околности некои скокнаа од мување во брак (знаете како девојката останала трудна) но никој не рекол дека уште од самиот почеток знаел дека тоа била жената на неговиот живот. Секој различно веројатно Прашав само колкава е веројатноста и шансите, не сум се нашла во таква ситуација до сега затоа што уште од самиот почеток ги „сечам во корен“ таквите, јас сум за сериозно ти си забава не сме на иста бранова должина и крај, добив „поука“ за ова од постари поискусни личности дека сум требала да давам шанси затоа што никогаш не се знаело што може да испадне и да не сум била толку затворена, па така почна разговорот на оваа тема и ме замисли..
Ниту па жените на прво гледање велат - Тоа е мажот на мојот живот. Нема тоа врска машко женско мислење. Некои мажи сакаат врска без обврска, други сакаат сериозни врски. Исто жени има и такви и такви. Секој треба да биде со партнер кој има иста цел во врската. А едниот да очекува од другиот да се смени, е неферски.
Едната страна секогаш ќе биде повредена. Ако тој ферски си кажал дека сака само мување, не е фер девојката да си мисли дека може ќе го предомисли па ќе си живеат среќно до крајот на животот. Едноставно не секој е спремен да не биде во врска туку само да се мува(го мразам зборов, али ај) без да има очекувања и надеж за понатаму. На пример, еве јас лично знам дека не би можела такво нешто.
Секогаш води се по твојата цел и биди искрена и директна на почеток. Давање шанси ретко води до промена. Луѓето тешко се менуваат. Наместо да очекуваш и да се преиспитуваш, барај тоа што тебе ти треба. Ако некој е серизоно заинтересиран, се чувствува и се забележува. Не треба губење време во недоглед.
Si pisuvate so nekogo 12dena, doagja na mestoto kade rabotam. Nemam vreme tamu da komuniciram, no se pozdravuvame i prakjame pogledi. Pisuvame postojano, no ne me pokanil na dejt? Zosto? Nema devojka, osven ako ne krie. Inaku se vodi po izrekata,, bavno no slavno,, No malce mi e cudno. Sto bi napravilr na moe mesto.
Јас па баш поштувам кога некој не ме брза за дејт. Може му е страв да ти рече, да не му речеш дека избрзува? Ако толку ти се свиѓа ти покани го.
Маж уште од самиот старт знае што сака со некој и какви гледишта има за нејзе... неможе ништо да се промени.
Можеби јас не сум баш тој машки член кој може да даде конкретен одговор на ова прашање бидејќи не сум практикувал баш мување/забава, и најчесто сум барал партнерки за озбилно или сум пристапувал така... Но, од мојата околина и сопствено искуство секако, не може да се даде генерално одговор на ова прашање, затоа што како и се, така и овде не може да се тврди со сигурност дека сите би пробале нешто повеќе или сите би останале само на мување. Карактери, ситуации, сето тоа треба да се земе в предвид за овој комплексен проблем. Знам случки кои започнале само со намера за кратко мување па денес се дури и во брак. Но, знам доста повеќе кои останале само на тоа, обично мување. Според мене е најбитно да се има разговор и да се види каде стои тој во таква ситуација, дали му треба само време за да преболи, или пак само сака кратка забава со тебе. Секако, на старт никој не може со сигурност да ти каже на каде ќе се движат работите, но, некои постапки, разговори, и ситуации со тек на време ги откриваат вистинските намери.
Мислења се добредојдени и од машки и од женски. Јас имам 23 години и досега не сум имала сериозна врска. Арно ама ми се бендиса едно момче кој е повозрасен од мене 10 години. Не го знам во живо а исто така немам и шанса да стапам во контакт лице в лице оти сме во различни градови. Тој си има своја кариера и е доста успешен а и гледам дека нема девојка. На социјални мрежи не е толку активен се гледа според постовите. Размислувам дали да го додадам на фејс бук или па ќе испаднам недораснато девојче во негови очи. Секој совет е добредојден
Не можеме да знаеме како ќе испаднеш во негови очи пошто не го познаваме него. Битно е ти дали во споредба со него се сметаш себе си за недораснато девојче. Ако не се сметаш, ништо не те спречува да го додадеш.
Јас и дечко ми сме иста разлика во години и исто од различни градови. Ни едното ни другото не ни биле проблем. Од едно додавање мислам нема да си донеси таков заклучок, ако е сериозен нема ни понатаму да те гледа како недорасната. Зависи од карактероти твој и негов. Патем, описот ти е добар, води се по него.