Леле ова ми се дешава по 2 пат. Јас од прв поглед коа му го разгледав профилот викам ејј види убава кариера тој убав скромен, без некои глупи постови и дискусии на фејсбук, пристоен човек ако не друго. Стварно би сакала некој со култура, манири, да знае убав муабет да сврти а испадна обратната. *facepalm*
Прашањето беше што им смета. Ајде од машка гледна точка и мене ме интересира што точно ви смета, а не е во склоп со она моето
Се согласувам потполно со посесивноста и сплеткарење, но во однос на љубомората тука е дискутабилно. Пред некој ден ставив стори со колеги и колешки (ретко ставам сториња) и особа што сум во контакт тоа го сфати како да сакам него да го направам љубоморен, а нема врска. Јас на тоа не сум помислила. Од тука ете можат да почнат кавгите.
Тука ми изгледа ко он да има проблем со љубмора... Ја поише мислев на посесивна љубомора, коа више преминува у болест и надминува рамки на нормално резонирање... Еве на пример ми изгледа дека твојава врска се движи у таа насока
Не сум сигурна дали ова прашање го имам поставено овде или сум мислела подолго време.. прашање/совет комбинирано. Дали често или скоро секогаш мажите уште на прв разговор веднаш иницираат секс и сакаат да дознаат ако ве запознаат дека да речеме ќе видам нешто од тоа. Никогаш не сум имала провокативни слики или сум дала простор за таква комуникација и иритирачки ми делува а скоро секогаш да се соочувам со таков проблем. Мене тоа ми е далеко од ниво на култура и се запрашувам дали само со мене таков пристап имат љуѓево.Или сум премногу стара за вакви муабети ...И прашање до мажите на форумов дали вие го правите тоа ? Што е причината ?
Не е до тебе, тие си се такви. А повеќето се такви...Пиши на 10, па кај ќе се фати-ќе се фати. Со такви директни понуди уште од прв разговор јасно е дека само за тоа им е дојдено, веднаш одат на тие работи без да се потрудат да ја запознаат личноста. Се знае кога некој е заинтересиран за сериозна врска на прв разговор што прашува. Што се однесува до сликите, немора некој да има провокативни слики, ваквите без култура, незрели живеат за една вечер да ги забавуваш. Уживај си во животот, биди си опција сама на себе на прво место. Тој што ќе го види тоа, ќе те цени и почитува.
Ќе ги пресечеш и дирекно ќе им одговориш дека ткавите муабети и предлози не ти одговараа и да не ти пишуваат и после една недела еве ги повторно и сами си пишуваат и тоа од луѓе кои делуваат баш со ум во глава и паметни и прошетени. Изгледа блок му е мајкатаа
До соговорникот е. т.е машкото. Јас имам еден познаник шо да оствари со женско муабет, најчесто му е со намери кога-тогаш да ја легни.