Или па уште полошо, по една недела се враќаат со муабети од типот: Леле извини бе кукле, јас знаеш од бившава разочаран и затоа сега така се испонашав, не бе не, не си ми ти само за секс, со сериозни намери сум јас. И по 2 саати мааалку нормален муабет пак им се појавува вистинскиот сељачизам, толку можат да изглумат. Затоа одма блок.
Зошто некои од машките немате храброст да искочите со девојките, смирено како луѓе да ги погледнете во очи и да раскинете? Туку пишувате порака? И зошто верувате нешто што не можете да исполните?
За да добие шо сака, ќе ветува и брда и планини. Затоа што веќе ја покакале работата, па ај оваа е небитна со една порака ќе решам сè.
највероватно бидејќи веќе одамна раскинал со тебе во неговиот ум и не сакал да се соочи со последиците од раскинувањето. Но верувај дека не е екслузивно за машкиот пол. Мене бившата ми раскина по порака откако веќе неколку дена се однесуваше ладно
Никогаш и немале чувства спрема тебе па и не се замараат многу околу тоа, најлесно е преку порака онака пе*ерски. Што си има врска важно тој ти раскинал. А уште полошо да не ти ја каже причината зошто ти раскинува.... Е тоа...Пфф
Полесно им е. Може во моментот да веруваат дека ќе го исполнат тоа што ќе го ветат, а после да се изјалови работата, да се премислат... Проблемот е што нема да кажат со време, дека се премислиле.
Денес, се сретнав со еден колега. Е сега ми беше симпатичен. Имаше моменти на зафрканции. Имам пишувано за него. Последно кога го прашав на фб Ккао си. Ништо не ми одговори. На една колешка и имаше пишано, ќе излезиме, само нека не иди таа. (јас) После, еден негов колега ми рече дека тој не работи повеќе тука и е преместен. И така јас го видов ма истото работно место пред некој ден. Год ловс ме Денес се качува на постројка и ме поздравува. Год ис сендинг ми сам сајнс Имаше место седна до мене. Оние две седишта што се во новите бусови. И ме прашуваат како си, што прајш Најнормален муабет. Дури и знае дека аплицирав за работа кај нив. Ми кажа дека сум пратила цв кај нив. море цц хахха Шефот му е колега, па му пренесол. Во ниеден момент не ме ни погледнат в очи. Нормално јас барем кога зборам со некој го гледам во очи. Како го толкување ова.? Иначе, сакам да бидам само френд со него. Има дешавки лани со него па које слободен за порака нека ми пише
Најпрвин да кажам дека се работи за релативно срамежлив дечко. Кога започнавме да се дружиме ми се допаѓаше, но со тек на време ми стана најдобар другар со кого споделував речиси се. Тој ми пишуваше 2 години речиси секој ден, но никогаш не предлагаше да излеземе и бидејќи јас сум поотворена секогаш бев таа што организира дружења и излегувања. Не знам што се случи, но во последно време воопшто не ми пишува, а штом јас му пишам разговорот не е како порано, се се одвива некако брзо како веќе да немаме теми за разговор. Му реков дека не е каков што беше порано, а тој тврди дека ништо не е променето. Што мислите за тоа?
Има еден дечко што ми се допаѓа и јас на него, така кажува. Правиме муабет цел месец, јас до пред 2 месеци бев во долга врска и тој тоа го знае, се си кажуваме имаме и излагано, се со мнекого заедно одма ме запозна со неговите другари и другарки ама се беше дпговрено однапред дека прво ќе бидеме другари, дека ми треба време и ми рече дека ќе ме чека ништо не проба. Прави планови за нашата иднина дури и за брак почна да збори. Дека многу му значам и дека нема да се откаже никогаш од мене. Цело време пишуваме се слушаме и ми кажува се каде иде и што прави. Дадете ми совет дали може да ми замачкува очи? дали вака би пишувале со некоја и ако не сте сериозни во врска со неа?
На прв поглед си помислив срамежлив е. Ама ме замисли тоа што и рекол на твоја другарка ти да не идеш со нив. Ми изгледа дека те избегава. Незнам што ви се дешавало меѓу вас у минатото? Ама обично повеќето машки сакат тие да да трчаат по женските и да се трудат да ги освојат. Ако го "прогонуваш" не му праиш интересно да му е...
Нека не те лаже паметот, типот не е добар за тебе. Пробува да те избегне и веројатно воопшто не си му симпатична. Тоа што бил културен еднаш према тебе не значи апсолутно ништо. Сигурно тебе нема да ти кажува во лице да не доаѓаш кога се договара со ваша заедничка колешка. Батали го, ни френд ни ништо со него. Не сфатив, заедно сте сега или не? Или другари сте? Ако сте другари може си фатил девојка и нормално вниманието кон тебе ќе е намалено (претпоставувам дека не сте ни биле преблиски за да продолжи интензивна комуникација). А ако сте заедно, можеби оладил према тебе ама не знае како да ти каже. Не можеме да знаеме дали е сериозен или не. Може да те лаже, може и да е искрен тоа сама мораш да процениш. А секако дека постојат такви како него, што симнуваат ѕвезди од небо, роматнични се и искажуваат чувства, а притоа воопшто да не се со искрени намери.
За да развиеш и одржиш комуникација со некој треба обостран интерес. Тоа што не сакал да бидеш дел од друштвото и не ти вратил на порака е јасен знак да се повлечеш. "Не го воскреснувај" минатото за да бараш совети по темиве. Продолжи понатаму...
Не потврдувам дека е така но имам наидено наа многу машки во животот и сите биле буквално исто како што го опиша типот, и на крај што се случува? Сака да добие 18+ слики или пак односи да сме имале ако не му одиш по ќејф ке гледа да се оддалечи од тебе полека полека . И затоа велам "сите машки се исти"(со исклучок на некои) Али мене овде ми е чудно зошто да се прави планови за во иднина да мислите на брак кога моментално сте само другари?? Мислам овде не нешто не ми изгледа нормално. Али да не грешам душа можеби дечкото не е таков како другите .....