Штом не те вика на кафе со него и колешката т.е не сака да дојдеш со нив мислам дека не ти треба овој за другар. По се изгледа дека не си му интересна или сака да се држи подалеку од тебе. "Не оди таму кадешто не си добредојдена" Има купишта момчиња што можат да бидат вистински пријатели. А овој остави го настрана.
@s.w-e.e-t.y Можеби не се пронаоѓа веќе во вашето пријателство. Можеби си нашол девојка и повеќе нема потреба да одржува комуникација со тебе, а ако е ова случајот, значи изгледа не сте биле толку добри другари чим лесно го снемува. Плус, самото тоа што само ти си организирала средби и после 2 години комуникација, не е најдобар знак.
Од 18 години си го изнаживеал животот на сите страни, фатил девојка се смирил долга врска имале арно ама таа го изварала и со тој си останала раскинале пред 2 години и две години дечкото немал девојче сакал да се смири и сакал да најде некоја што е у смисла достојна за него, нели пошто оваа го изгорела и за пари и за се. И во разгпворот со мене и што сме излаглае видел дека јас сум таа, така ми рече дека не сакал да ме изгуби
Стварно по цели денови пишувавме и се си изнакажавме и брше у смисла леле се знам за тебе сеа уште одма би те земал да не ми побегнеш не те пуштам нигде
Со ист ваков како овој шо го опишуваш бев до пред 3 месеци , додека возеше камион наоѓаше време да ми се јави на камера , секој слободен миг го посветуваше на мене. Не знаеш какви планови правеше за нас. Па запознавања со родители , друштва. Па исчезна без збор со изговор дека психата му била уништена од шо цело време е на пат , минувал низ тежок период. И искочи дека има нова девојка , со која шо верувам дека мателе нешо и додека беше со мене. Памет у глава девојче , да не патиш и минеш низ тој хорор низ кој шо пројдов јас.
Добро Кјара смањи доживљај, знаеме за тебе. Не се сите исти, јбг. Има и океј и искрени дечки. Дај батали го веќе аман, се уништи. Дај си шанса да запознаеш друг, да видиш дека не е се така црно.
Го баталив веќе душо , туку само го земав како пример зашо ист беше и овој , чисто само да ја предупредам шо може да искочи. Зашо истите муабети и овој ги фураше.
Почнав да пишувам со еден и излеговме, ама цело време на криење, а не сме мали деца, јас 22 тој 26 години. Уште веднаш почнав да го прашувам за кафе и да излегуваме како сите нормални парови и тој на тоа ми одговори да пробаме вака прво како ќе ни оди па тогаш ќе збориме за понатаму. Вчера пак му спомнав за кафе и пак ми одговори ќе се договориме некој ден. Не знам што да правам, што да мислам, ми се допаѓа да, но не сакам да му бидам пролазна станица. Од машка гледна точка, зошто вака прави? Не е сериозен е или?
Да не му дозволуваш да прави како сака, која и да е причината, воопшто не е позитивно ова. Како што тој стои на ставот дека не сака во јавност да биде виден со тебе, така и ти ќе си стоиш на ставот дека сакаш нормален дејт. Јас веднаш би прекинала, не е мала ситница ова. Од старт ти дава сомнеж и ни малку не му е гајле за тоа.
Друга е во прашање. Или излегува или сака друга или на друга и прави филмови па не сака да биде виден со тебе.
Од мал град сме, сите се знаеме меѓу себе и го немам видено речиси никогаш со девојка, а ми вели дека оддамна му се допаѓам.
Можеби друга сака ама не е со неа. Остави ти што ти вели туку како се однесува. Јас би инсистирала, ако не сака, клоците и ајт чао. Во ред е тоа што не сака форсирање, и јас не сум за форсирање од почеток секаде да шетаме заедно ама едно кафе у јавност нема да го убие. Не сакам да погодувам, ама сметам дека треба сериозен разговор за да ти каже зошто е така. И стој си на своето, не се откажувај после еден обичен одговор дека ќе се договорите.
Чим не сака јавно да излезите има нешто. Или излегува и со друга или не му си за сериозно. Машко кое стварно е заинтересирано јавно ќе излезе и ќе пие кафе и пред да почните нешто. Јас не би излегувала со некој да се кријам и уште помалку да правам тој како шо ќе кажи.
1. Има девојка и се крие (голема шанса да е ова) 2. Има друга што не му е девојка и си излегува и со неа, па пробува кај ќе се фати 3. Има лични проблеми што му се одразуваат и на психичка база 4. Бара девојка само за провод и секс
Кажи му ако излезете заедно во јавност, дека ќе продолжиш да се гледаш со него. И кај одите онака, во кола седите?