Понуди му следен пат на кафе да одите. Ако нејќе, прашај ја причината зошто нејќе со тебе во јавност. Доколку даде некој глуп одговор, преќини контакт со него. На 26 години, се понаша како да е 16 годишен тинејџер.
Јасно е веќе што бара од тебе... Да е ок дечко, ќе те поканеше некаде на кафе во нормално време во денот. За понатака ти одлучуваш што ќе правиш, зависно и од твоите потреби, дали ќе имаш потреба од сериозна личност за врска или момак за добар провод и секс.
Незнам дали ова е за у темата љубовни проблеми или за тука, ама сепак пишува совети од машка страна, па викам тука ќе кажам. Читам по темиве многу девојки остануваат со дечковците, во малтене физички врски, пошо се надеваат дека со тек на време ќе успеат да ги сменат, ќе станат подобри личности, ќе развијат чувства кон нив или незнам уште што таму...бла бла дрн дрн Имаше еден виц, мажот се оженил со жената пошо мислел дека она никогаш нема да се смени, а жената се омажила за мажот пошо мислела дека ќе успее да го смени. И на крај чорба. Шала ама у секоја шала пола вистина хахах. Ако сте у ваква врска ко што пишав погоре, драги мои ништо нема да се смени. Зошто? Затоа што машкото ве има токму онаму каде што сака и каде што му одговара. Не си го губете времето во такви врски (освен ако и на вас ви одговара тоа и ви е доволно). Сакајте се себе, дознајте што сакате и што барате. Ценете се пред се. Имајте високо мислење за себе. И барајте некој што ќе ве цени исто толку колку и вие самите.
Откако инсистирав да одиме на кафе само ми пиша дека не сака да напнува нешто со сила и исчезна,ни пиша веќе ни ништо.
Хмм, можеби дечкото е алергичен на кафе, можеби има психички проблеми или трауми од кафето, а можеби и не муе до кафе туку до мафе,хмм.. Од човек кој не пие кафе, тешко да стане човек. Батали го, не вреди да размислуваш и да губиш време (времето е скапоцена работа),
А кој прв иницираше да се видите тој единствен пат кога сте излегле? Зошто си дозволувате некој вака да молите за едно кафе?Те откачува за нормално излагање, се крие, на прв дејт одите да се возите по автопат и викаш што да правам.Самопочит?
Мене тоа ептен ми е тинејџерско шеташ по улици со некој а не у центар за да не те видат оти тој е помалку "популарен" од тебе на тоа ме потсеќа..
Здраво. И јас сакам да споделам еден, не е проблем но, дилема. Имено, се знам со дечково подолго време околу 10 години и еднаш пред 10 год се имаме смувано, но и на двајцата тоа не ни ни текнуваше низ годините. Пред 2 3 недели почнавме да комуницираме пак, како нешто повеќе и излеговме на вечера. Океј си поминавме иако не очекувавме, и се договоривме за втор дејт. Беше малце чудно како да немаше нешто мн муабет од двете страни,но јас си знам зашто бев таква а тој рече дека природно бил ќутлив. таа вечер му купив подарок за род што му беше пред неколку дена и набрзина на поздравување му го дадов. и др ден му завртев на телефон ( меѓутоа бидејки ме мрзеше да пишувам, да го прашам дали треба да го сменам бројот на поклонот). Тој не ми ни пиша благодарам или еј фала убаво е. и океј е тоа. Меѓутоа тој не и се јави и мирече дека го мрзело да стане и да го бара телефонот и дека подоцна ќе ме побарал. Не ме побара ни после тоа, а јас на тоа му вратив само едно глупаво смајли. И вчера како капак на се, ми пиша едно среќен 8ми март на што јас вратив едно фала ти. Прашањето ми е, дали јас погрешив и го исплашив со мојот повик како што ми реч другарка ми ? Зашто мене ми е навистина детски и глупаво да помислам дека 25 год човек навистина би размислувал така?! Мислам навистина се почувствував како некој психо...
Чудно. Не гледам зашо би се исплашил, можда таков си е. Ама ако го исплашило еден повик до него си е. Ја не гледам дека ти нешто погрешно си направила. Можда уште не е дораснат тука или не е заинтересиран. Или е флегма тешка
Да, знам и јас мислам така. Тажна сум, и не сум горделива личност ама не сакам да пишам и да го прашувам бидејќи мислам дека доволно направив. Не можам уште да "трчам"
И јас би те советувал да не трчаш. Се гледа дека од негова страна нема заинтересираност, или онаа што ја имало пред првиот дејт спласнала. Мислам дека е подобро да се повлечеш и да видиш дали тој ќе превземе иницијатива, па потоа да одлучиш и дали вреди да се даде втора шанса.
Јас мислам многу си избрзала за поклонот. Прв пат излегувате, можело едно чоколадо да му дадеш ако си сакала толку како мало внимание, а не одма поклони. Исто и со повикот според мене е избрзан. Ако сакал тој ќе кренел, а не демек го мрзело, глуп изговор. Повлечи се, ако сака тој ќе те побара, иако вака делува како незаинтересиран.