Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети од МАШКА страна за сите девојки

Дискусија во 'Сингл' започната од TheBunny, 17 септември 2010.

  1. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Respekt za odgovorite ...posebno na prvoto prasanje ..a najmnogu za Ќе бидам искрен, ме привлекуваат и девојки 7-8 години помлади од мене бидејќи крај нив ментално се враќам назад во времето и заборавам дека се ближам до 30ка, а од друга страна сум им привлечен бидејќи во мене гледаат позрел дечко неголи некој на нивна возраст што секако на машкото му годи....
     
    На cresa-jagoda, Осе, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Машки
    1. Не ми е битно да е помлада, битно ми е да сме на иста фреквенција.
    2. Времето не е битно, зависи од ситуацијата ако има хемија и желба може одма ако не тогаш кога ќе биде обострано, ништо на сила.
    3. Ова не е до полот туку до карактерот на личноста. Јас сакам да разговарам и да се реши проблемот и толку, ама како што велиш ти сум бил во ситуација кога другата страна при најмала ситница ти става на нос работи од пред 100г.
     
    На IRBBB, banne1, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  3. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Ние жените имаме мана што понекогаш вадиме работи од нафталин и тоа среде кавга.
     
    На *Amethyst* и ThePharmacist им се допаѓа ова.
  4. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Машки
    Ние жените, ние мажите тоа не е добро. Ова ми е како хороскопот ете пр. јас сум Овен, Јарец итн и како тоа некако ги оправдува моите идиотски постапки. Во нервозни ситуации на површина испливува почитта меѓу партнерите. Ќе ти кажам што ми дојде во уста и после ќе ти речам извини душо ама знаеш каков сум. Булшит. Можеби ќе пројде неколку пати ама тоа е добар знак дека крајот е блиску.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Ете мене навистина некои машки постапки не ми се јасни, а не дека и ние женските сме цвеќенца, не сме.
    Ама ете конкретен случај ти ја истура целата нервоза зошто страда од некои си комплекси а потоа пу пу не важи.
    Постојаната нервоза од тоа што не му тече животот како што сака и тоа што е незадоволен ја истура на партнерката.
    Што тогаш?
    Јас се дистанцирам на пример, ама гледам многумина го толерираат тоа што не е во ред.
     
    На Осе и Ajronmen им се допаѓа ова.
  6. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Види махинално го напишав она горе.Да и јас не сум за тој дуализам во однесувањето што од своја страна предизвикува доста стереотипи ама пак сепак и во нив има трунка вистина .Кај што има чад има и оган.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    Епа мислам дека дур има жени што толерираат ќе има и мажи што малтретираат.
    Не дека жените се криви, криво е воспитањето шо го добиле мажињава као мали. Маж шо и ги истура пиперките на жената за мене е маженце у покушај.

    Совет до сите сегашни и идни мајки и татковци од мене е да си ги воспитуваат децата да ги сакаат и ценат другите индивидуи без разлика дали се машки или женски... Нека има промена...
     
    На LadyLollypop, cresa-jagoda, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Koја е причината што толерираат, што мислиш?
    Јас мислам стравот и очајот да не бидат сами.
     
    На Crna Dama, Ajronmen, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Не го очекував ова од машки член.
     
    На Ajronmen и bicycle им се допаѓа ова.
  10. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Причината е воспитувањето на жените на кои во текот на животот им се сугерира дека треба да бидат субмисивни , за мир во куќа или икс причини , наместо да се воспитуваат да бидат силни и да си ги бранат ставовите.Потребни се модификации во воспитувањето на момчињата и девојчињата се со цел да се излезе од оние закоравени машко /женски улоги наметнати од патријархатот.
     
    На Reina.Gitana, WildMk и bicycle им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    И ова држи вода, ги има родители кои откако нивните ќерки ќе сакаат да се разведат нема да ги примат или кога ќе раскинат ќе им го лепат тоа на чело - Сама си го бираше, седи таму.
    Да трпам? Не доаѓа во предвид, не ме родила мајка мене некој да се изживува врз мене и да лечи комплекси макар сама цел живот да бидам.
     
    На Guns N` Roses, Elf, Reina.Gitana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    31.294
    И шо ќе каже околината, комшијата и слично.

    @La profesora зошто сами го употребувате упорно зборот "лесна" ?
    Не можи некој да ти кажи колку време треба да помине.
    Личноста сама треба да сети, да почуствува кога да го направи тоа, а не друг кога ќе кажи.
     
    На Guns N` Roses, cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  13. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Мислам дека овој тип на родители што ги опиша во првите реченици ги има се помалку, барем колку што гледам околу мене. истото можеби важело во времето на нашите мајки,кога сеуште било срамота.Сега разводот е толку прифатен што гледам дека многу жени со леснотија се враќаат назад кај родителите.Велам пак таков е мојот впечаток од примери оклу мене.Сепак се зависи од околината,религиозните и други фактори.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Машки
    Веројатно нешто така. Можеби оди и уште подлабоко, па девојката толку многу е "заљубена" што мисли дека ќе успее да го смени дечково. Или во некои случаи се плаши дека нема да успее да се снајде сама во животот.
    Незнам, е пред малку коментирав во темата насилство во врска, лонг стори шорт, ноќе на плоштад налетуваме на дечко што ја малтретира девојката, ги раздвојуваме, се смируваат, ни се извинуваат и двајцата, и девојката го фаќа за рака и си оди со него...:fubar: зошто???? Не можев да сфатам... Можно е и да чувствуваат страв или пак си мислат дека е нормално мажите да ги малтретираат жените и дека сите парови се така...

    :$
    Стојам зад се што кажав. Незнам, ете веројатно така сум воспитан од мал, за мене тоа е нормално. Жената секогаш се почитувала у мое семејство. Уште како мало детенце кога ќе сум постапел лошо со девојче, татко ми бил тој што прв ќе ме седнел да ме искара и да ме советува како се постапува со девојче. Затоа и велам родителите треба да го прават тоа со децата, особено татковците.

    Не би навлегувал во тоа дали патријархатот е крив. Јас имам поинакво мислење за тоа што е патријархат, за мене едноставно тоа значи дека мажот треба да се грижи за доброто на жената и децата и ништо друго, а не дека тој е на врвот на пирамидата а другите под него и дека другите немаат право на глас. Можеби сум грешка.
    Инаку мислам дека проблемот е што денес имаме нешто сосема друго - тирански патријархат, бар така го нарекува еден филозоф... можеби тоа е проблемот.
     
    На LadyLollypop, Guns N` Roses, Reina.Gitana и 3 други им се допаѓа ова.
  15. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Изгледа дека си имал добар машки пример , не само родител,и затоа имаш вистинска идеја за патријархатот.Повеќето мажи од своите татковци наследуваат само некој мангуплак,фраерлак зошто затоа што и самите никогаш од нивните татковци не научиле да ги почитуваат жените.Тоа се пренесува по машка линија од дедо ,на татко, на внук како благослов или проклетсво.Мајката може да повлијае на тоа до некаде и да го модифицира тоа однесување но бидејќи момчето се огледува на својот татко за тоа како да биде маж,според Фројд, на негови плеќи лежи товарот и одговорноста на воспитувањето на новата генерација мажи.Како и да е мило ми е што постојат такви примери и се надевам дека ќе ги има што повеќе.
     
    На LadyLollypop, cresa-jagoda и Ajronmen им се допаѓа ова.
  16. StefanBoy

    StefanBoy Нов член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Би се надоврзал на темава.Јас сум обратен човек од татко ми.Иако неговото домашно воспитување игра улога,пак има граници.егото,тврдоглавоста,се си има влијание во изградба на карактер на човекот,без разлика да е маж или жена.искрено еве јас не трпам патријархарштво,но и жениве се фаќаат за ситници и демек ќе го напушти.неможе жена да го замени мажот и мажот да ја замени жената,а има членки што си мислат дека може,но и обратно.
    Пс извинете за нркои неповрзаности од мобилен пишувам.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Прво научи се да пишиш, после кажвај приказни.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. La profesora

    La profesora Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2021
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Многу фактори влијаат врз формирањето на личноста на едно момче.Не викам дека момчињата се copy paste на своите татковци.Тие се една груба скица,како.родител.од ист пол,и можете или не морате да се идентификувате со нив.Особено ако истите биле склони кон пороци и девијантни однесувања.Што се однесува до жените во целава приказна,мислам дека малку погрешно ме сфати.Поентата ми беше дека кога таткото ќе потфрли во својата улога,мајката нема проблем да ја преземе таа улога на морален столб во семејството.А што се однесува до тоа дали жените можат да ги заменат мажите,ако точно сфатив, баш и не се согласувам со тебе,ама тоа е друга,поширока тема.
     
  19. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Некој за совет во ЛП?
     
  20. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Пиши.