У смисла да го "прогонува". Да биде опседната цело време со него. Секоја минута од денот да го бара/пишува/ѕвони
Можно е можно е. Се опседнал со тебе. Може да се развие и болна љубомора, све зависи од мотивите и психичката состојба на човекот. И у каков однос се двајцата нели... Ако и на двајцата им одговара...
Од ова најмногу се плашам. Од луѓе што едноставно стануваат опсесивни. Само не знам кои се причините за тоа.
Нема нешто полошо од тоа кога дечкото или девојката е опседната со партнерот/ката. Тоа е таква тортура за спротивната страна и што е најтрагично опседнатите лица се секогаш во право и не дозволуваат ништо да им се објасни или каже. Исто така во таква врска многу важно е на време да се раскрсти со истата, затоа што колку повеќе се задлабочуваш толку потешко истите се откачуваат. Таквата врска содржи телефонски разговор на секои 15 мин или пола саат за чудо, снимање со камера,пратење што како и со кого, и ако е плус со краток фитиљ и закани. Затоа очите отворени во однос на бирање партнер/ка и да не се дозволи манипулирање.
Се што е премногу не е во ред,и може да премине во патологија,и не треба да се мешаат работите,премногу заљубен не би требало да значи и досаден,залепен до тебе,да те следи,љубоморен,да се соочуваш со постојани осуди,да бидеш вечно рамо за плачење на неговите само големи проблеми,контрол психопати и лудаци,и така натаму овие работи не се преголема заљубеност овие работи се сериозни болести.
Нешто не сакате изразување на чувства, или што е моментов? Без љубомора нормално. Не љубоморам и можеше да излегува без да правам сцени ако излезел со другари. Ако добро сватив, дури и да ми е преубо, треба да се понашам како да ми е сеедно? Скратување на емоции? Па јас сум немала поим значи. Фала за искреноста.
Проблем е ако јас не можам да се вљубам во неа и сакам да избегам на време за да не ја повредам повеке,да и дадам лажна надеж,и да не и го трошам времето,но ако и јас сум заљубен во неа тогаш тоа е тоа нема што да бегам и каде од љубовта не се бега
Дали би биле во јавна врска со некоја со која сакате секс само? Значи нема чувства од ваша страна. И после некоја година наогате глуп изговор и ја откачвате?
Па си била свесна дека нема чувства, кога тогаш ќе му здосади сексот или нашол друга и си сменил. Јас инаку не би бил во јавна врска ако немам романтични чувства кон неа, а уште помалку па поради секс.
Значи не знаев дека нема чувства, дури на крајот ми рече дека немал. А излегувавме некогаш јавно некогаш не, зависи...Мислиш би ме излажал дека нема чувства?
Глумеше цело време, некогаш беше супер - расположен и делуваше дека е среќен, ама последно нешто мн беше депресивен и почна да ме избегнува. Да тропа глупости на фб, да ме нервира - како да сакаше да му раскинам. На крајот виде дека сепак трпам и направи да го разберам дека лажи, мн провидна лага - како намерно, работи со мои познати и ме излажа дека ја удрил ногата и криви. Си замина понеделникот на работа и не кривел воопшто.
Јасно е дека бил само за секс со тебе. (Извини што сум директен) Ти рекол дека нема чувства кога му здосадил сексот со тебе. Си нашол друга и тоа е тоа. Не му се замарај.