Зависи како се трга. Ако се трга со срамежлива насмевка и дава знаци на „прерано е, не сум лесна риба, чекај подобро да се запознаеме“ и сл.. тогаш не би ја бришел. Напротив, така би ми била уште поголем предизвик. Машкото срце сака да освојува. Ама ако се тргне со зборови или говор на тело „абе што ти е, ја мислев дека другарски излеговме...“, тогаш не би ја викал за втор дејт.
Вајлдке, ги има и такви што се фалат у друштво - Еј брат шо ебев една, на прв/втор дејт ми даде, да ти е*ам к*рвата.
Ама кој збора за ебање? Прашањето и' беше: Дали ќе се откажите, ако девојката одбие бакнеж на првиот дејт?
Изумреа џентлемените што трчаа по девојките и што имаа трпение,ако не сака бакнеж од втор деј. Сега или ќе ја легнеш од прва или thank you,next.
Абе сфатив ама ете ме тригерна постот кај оној што ќе и мавне клоцата ако нема бакнеж, а за да си го исполни егото ќе збори и невистини, не мора да е стрикно работава за секс.
Брееј од една реченица колку ќе проширите и наголемите, па ме фајча страв да прочитате расказ цел овде, неколку тома и 10-15 години расправање ќе има овде...
Од кај знајш? Во глата му си? Не претпоставувајте. Толку недоверба во мажите, имате некои од жените,што е загрижувачки. Во конкретниов пример, според мене, немаше ништо алармантно. А прва сум да отерам у три лепе, ако некој издроби попара.
Не се сите исти, и не е до недовербата, ама некои ситуации во минатото ме натераа да бидам повеќе претпазлива. Барем јас сум таква, за други не знам.
Ако тебе ти е во ред Вајлд некој да каже за тебе „на оваа Вајлд и удрив клоца и некст“ океј е. Има жени на кои тоа не и е океј. Не може сите да имаме исти критериуми и исти мислења. Мене би ми било деградирачки со некој со кој сум била да кажува дека ми удрил клоца и некст.
Да не се повторувам, ќе ја подржам @GirlRose Нема потреба од форсирање бакнежи на прв или втор дејт. Уау, дечкото се навредил па ќе и удрил клоцата и некст. Ич не ми е океј тоа, но во ред. Зар не е подобро спонтано да одат работите? Ако не сака не сака, ако сака супер. Нема потреба од арогантно понашање. Ако не му се допаѓа тоа од нејзина страна може да се повлече и секој по свој пат, а не клоци ударање. Не мора да ја чека де. Ама во очи ми падна постот на @MasMonero Секој си знае кога е спремен за прв бакнеж или секс. Секој со различни критериуми.
Старк, понекогаш една реченица е доволно за да процениш за каков тип на човек се работи, како во случајов. Не станува збор за недоверба туку колку не го цени женскиов род типецов, што е преочигледно. Иде на женски форум и кажува дека ако не се фанат на прв/втор дејт клоци и оди на следна девојка. Камо почит малку? И уште некои жени не гледаат ништо спорно тука. А ваквите ликови се најосамени и само тие добиваат клоци во реалниот живот, ама ќе се правиме сега јаки ебачишта позади тастатура.