Поентата е тоа кога нема да слушнеш што сакаш. И нема да се замара со тебе. Всушност сите мажени жени се грешни Јас треба жената да си ја пазам. Незнам за овие што не се мажени што и покажа филџанот кога гледаше на каве. Доринда од Касандра воскресна и се јави со тарот картите. Абе за секој/а имаат трачарења само нивниот живот е свет. Сешто
Приватните работи не се кажуваат ни на форум. Бај д веј, јас треба да си гледам во мојот двор, а остатокот од луѓето и тие во мојот двор?
Пред да пишеш вакво мислење за други ќе погледнеш во својот двор прво. А не од кога друг ќе те праша.
Епа не барај тогаш совет,седни поработи на себе, запрашај се што ти фали и зашто ти се лепат дегени. Звучиш ко да имаш 20 години и немаш искуство со мажите,а не ко да си била у брак па си се развела. Требаше до сега да знаеш да препознаеш кој го заслужува твоето време и внимание. Најдобронамерно.
Очигледно не знам, а и искрено - мислам да кренам раце од тематикава. Кога не знам - не сакам пак да се разочарувам. Толку изгледа знам. И нема ни да научам, јбг.
Што правам Вајд? Кога зборите за други убаво ви е,кога ќе ве прашаат нешто лично “ааа и ти истото го прајш”. Па не збори за туѓи дворови нема да зборат за твојот.
Јас го правам и не се бунам ако ми го прават. Ти го правиш, а се буниш тебе ако ти го прават. *ептен грдо на Битолски изгледаше
Вајд јас само ја прашав поттикната од нејзиниот коментар,кога си го прочитала овој коментар под него има уште еден, оди прочитај па врати се и зборувај ми на увце дека истото го праам.
Мило ми е што барем можеш да го признаеш тоа. Но, како што веќе пишав, гневот не треба да го истураш врз другите. Тебе ти пречи туѓата среќа и задоволство. Разбирам, тешко е да го гледаш тоа кога ти чувствуваш незадоволство и празнина. Но празнината сигурно нема да ја пополниш зборувајќи лошо за другите. Пак ќе кажам, фокусирај се на себе, на работи што ти носат задоволство. Мажите некој период може да ги оставиш на страна, ми изгледа како да форсираш врска по секоја цена, а не оди тоа така. Па затоа и тоа незадоволство.
Поработи на себе, не форсирај врска по секоја цена од очај само за да не си сама. Не дозволувај тоа што си осамена да паднеш во погрешни раце. Не е страшно да си сам, и тоа што си сингл има свои предности. Стварно не разбирам некои луѓе. Прават се од очај, одат со погрешни луѓе, остануваат во токсични врски само за да не бидат сами. Утре уф туф по форуми ќе плачам. @macencef ова не е конкретно за тебе туку општо зборувам. За ум на другите. А вие како сакате.
Ima prednosti na 20 godini, nema na 36 uzivaj...nekako osamenosta da, mi tezi, ama ke se pomiram kako sto se pomiriv deka nema nikogas da vozam avtomobi' - ednostavno ne mozam.
Што е поразлично на 36, ако човекот со кој си во врска те третира како ѓубре? Има луѓе во врска се, па се чувствуваат осамено. И тогаш, веројатно поубаво е да си сама и осамена, отколку со погрешен човек и осамена. За да не си осамена треба сама да си го направиш животот интересен. Осаменоста произлегува од досадата. Ако цел ден седиш дома затворена и ништо не правиш нормално дека ќе се чувствуваш осамено. Знам дека пандемијата дава дополнително сивило на сето ова, ама има начини верувај! Читај книга, вежбај, слушај музика, гледај филм, чисти ја куќата, излези прошетај. Не само што ќе ја сведиш осаменоста на минимум, туку и ќе се чувствуваш поубаво во своја кожа и ќе почниш порационално да размислуваш.
А ти мислиш на сите у врска им е мед и млеко, ружи им цветат? Не гледам разлика меѓу 20 и 36. Поентата е да најдеш човек кој ќе те заслужува, ќе те сака, ќе те цени, ќе те подржува и сите тие работи што одат во пакет без разлика колку си години. Некој порано ја наоѓаат среќата, некој подоцна. Во врската треба да си среќна, исполнета, задоволна од партнерот, а не да бидеш со некој само за да не си сама. Најди си некое хоби, окупирај ги мислите кон нешто друго, се во свое време. Не знам зошто се брзаш. Ти ја разбирам осаменоста, и јас се имам така чувствувано, ама немам форсирано.