Ова со дебелината ми е капак, оти влице ми рекле неколку пати - не можам да сум со тебе дебела си! Влице, боли човече. Пешачам толку многу, што од премор не можам да заспијам. Се ме боли. Ама ќе ослабам - макар било последно.
Епа добро де, нека си бара слаба. Среќен пат. Ти ослаби заради здравје, зошто ти сакаш или самодоверба, не заради некој што не сакал дебели. Зошто и такви има што сакаат само дебели. Секакви преференци имаат луѓето. Едит: На форумов прочитав некоја членка не се сеќавам која што мажот и и рекол дебела си после породување. Ми се згади животот. Да се покаеш што си го допрела е тој, не да патиш по него. Такви опсесирани со изглед обично и немаат капацитет друго да видат и што друго да понудат.
Тој на кој му смета твојот физички изглед не е за тебе.. Колку познавам дебели кои имаат дечковци/мажи. Нема врска тоа, туку зависи каков е тој на кој си налетала.
Дебели или нешто и тие не се баш ок, не мора физички. Зошто инаку некој би прифатил дебела? Не го палиш и толку. Не можи да те гледа како згодна и крај. Природата им е таква.
Љубов не е само да те пали некој и да биди со тебе за физички изглед . Ако е со тебе заради физички изглед, тогаш тоа не е љубов. Зошто би ти бил таков.
Што па сега јас? Спојлер Извинете на офф топик, морав. Инаку да не сум скроз офф, јас мислам дека пред се мораш да поработиш на самодовербата и ти да се засакаш себеси прво, а после да бараш друг да те сака, па се друго ќе си дојде на свое место...
А извини, од кај знаеш ти дали се ок или не се ок? За нив двајцата може најубави си се. Не е фино да судиш вака. Многу површно ова. Какви прекрасни луѓе има на светов, за што би трпел дебела/слаба/висока/ниска и слично
Ajde se m Незнам какви би засакал,но од првиот момент со неа уште пред било каков допир,уште на самото приближување кон неа,на прво видување ке знам дали ја сакам или не,доволно е секунд два коса насмевка црти очи дух доволно да ме погоди засекогас да ја сакам или никогаш да не ја сакам,сум пробал и без да ги имам тие чувства бадава не оди но две год не го дозволувај тоа повеке да бидеш привремена занимација или резерва кога ке остане сам,нека не ве мавтосуваат така со евтини и глупави финти ме мавтосувале и мене не дека ја сум имун на тоа но и форумов ми помогна доста и така.
Помлада сум ама ќе се обидам да дадам совет. Никот ми е агли даклинг оти цел живот ме викале така. Бев и јас едно време со вишок килограми и те разбирам, знам дека болат зборовите и дека вечно остануваат врежани, знам дека мислиш поради тоа никој не те сака. После тоа бев преслаба, пак никој не ме сакаше. Знаеш зошто никој не ме сакаше? Бидејќи ЈАС не ја гледав нивната љубов. Ама кога сфатив некои работи, сфатив дека има луѓе кои ме сакаат. Застани и размисли, ќе видиш дека имаш некој кој те сака. Имаш детенце, дебела или слаба ти си најубава, најсовршена за него. Супер што почна да пешачиш, прави го тоа за себе, не за маж. Не знам зошто 36 ти изгледаат како многу бидејќи знам куп примери кои си проншле некој и многу постари од тебе, со дете или без. Те разбирам во каква ситуација се наоѓаш, не е лесно. Но, многу сакам смирено и со отворен ум да ги прочиташ советите од членките, тргни ги настрана зборовите на сожалување и дека не можеш. Речи си ова е ден за промени, речи си можам, сакам и умеам. Посети стручна помош ако не посетуваш бидејќи на тоа поле не можиме да помогниме и треба време. Продолжи со физичката активност, најди работа, хоби што ќе те исполнува и трга мисли. Немој да дозволиш љубовта од маж да те дефинира. Некој ќе те сака, некој не. Со некој ќе се забавуваш една вечер, со друг можеби и цел живот. И да ослабиш после ќе бараш друга причина зошто некој не те сака, нема крај. Прво сакај се и цени се себе, така ќе научиш и кој идиот не заслужува да е во твојот живот. Пробај да го смениш мајндсетот, тоа те кочи.
@macencef sky is the limit Можеш да постигнеш скоро се што ќе посакаш, или ако ништо друго бар да чувствуваш задоволство додека се трудиш. Ама за тебе, не за други! Без разлика на годините! Башка 36 не се ништо. Погоре си пишала незадоволна си од себе. Ок, сврти го тоа во твоја корист, за да направиш нешто што во иднина ќе ти носи задоволство. Не дозволувај некој да ти набие некаков комплекс. Тие што набиваат комплекси на други, всушност тие се комплексирани и права проекција на себе кај другите. Бидејќи се чувствуваат мизерно се обидуваат и другите да ги направат мизерни. Не си го ставај тоа на душа.
Фала ви на сите, ама мислам дека сепак физичкиот изглед е мн битен. Можи ќе ослабам, можи не, со биполарот пијам апчиња и тие допринесуваат за дебелината. Ама на кој му е гајле? Имаше една девојка, јак карактер, ама премн дебела. Не можеше ни дечко да си фати. Ослабе, за година дена најде дечко - и оти беше плус супер во карактер, се мажи. Слабите имаат појке опции, мажите одат по принципот види ја каква е дебела, не бе да се срамам кога ќе ме видат со неа.
И доживотно жив! Супер! Не е некоја болест како рак не дај боже! Има на форумов и други дебели па мажите не се срамат од нив. Замисли има дебели, мажени и плус швалер имаат. Не е до дебелината, не е до биполар, а најмалку до тоа што си разведена со дете. Не пешачи до премор. Пешачи кратко за здравје.
Дебели, мажени и плус швалер - како на приказните. Ко ќе дознаеш дека има конкретен случај молимте кажи.
Јас!! Во моментот сум најдебела што сум била во животов. 130кг имам. Ко го запознав маж ми имав над 100. Повремено се гледам(в) со други. Во отворен брак сме
Апсолутно погрешно и не тачно,далеку од секоја здрава логика,тој сто тоа го рекол слободно нека си ја скине дипломата,или можеби финансиски така му одговара повеке...