Имаш повеќе опции, немора срце. Али претежно тоа оди, ти по твое тоа рачунај си го како "благодарам од срце" а тој нека се мисли шо значи тоа Ако не сакаш да си пишувате, лајкни му го само со срце или обично, па нареден пат ни seen немора. Ако сакаш да си пишувате, ништо нема да ти смени ниту ќе погрешиш ако му лајкниш со срце. И двата начина не се лоши. А ти реплицирај му на неговото стори во контекст на тоа шо објавил .
Моите бивши на инстаграм на стори ми лајкаат и ми искача во инбокс тоа,јас освен лајк др ништо не враќам. Доста е и то, нивниот воз минал. Е сеа и некој рандом ако е исто. Скроз незаинтересирано.
Еееее во твое време изгледа на мирц си се запознававте. Па едно време и poke на фејсбук беше отскочна даска. Сега инстаграм реакции . Реагирај му со wow. И кога ќе те праша зошто така реагираш, напиши му that is some great ink. И ќе си разврзите муабет.
Има парови слаб дечко-девојка со вишок кг. или обратно слаба девојка-дечко со вишок кг. Ама на некои девојки или момци едноставно не ги привлекуваат партнери со поразлична тежина од својата. Има некои со вишок кг. што ги привлекуваат баш такви како нив со вишок кг., а не слаби. Исто како што некои слаби не можат да се замислат во врска со личност која има вишок кг. Што секоја варијанта на парови е океј. Сите сме различни. Различни нешта нè привлекуваат кога е во прашање физичкиот изглед. Не можеш да очекуваш дека само со карактер можеш да освоиш некој. Туку како што реков има различни парови. Не сум правела истражувања и анализи, ама од општ некој впечаток, поретки се паровите со различна тежина едниот слаб, другиот партнер со вишок кг. Ама не зборам за незначителен вишок кг., туку за баш воочлива разлика. Така да од општ некој мој впечаток сметам дека почести се паровите со иста/слична тежина. Затоа наместо членката очајно да бара партнер, кој можеби е слаб и му смета да има партнерка со вишок кг. можеби среќата треба да си ја побара во некој со слична тежина како нејзината, некој на кого нема да му пречат вишокот кг. зашто и тој самиот ги има. Затоа ја прашав @macencef До сега партнерите кои ги запознавала со каква тежина биле? Дали пробала да биде со некој со слична тежина на својата?
Oh my God. Советот ти е едднаков на реакцијата на 40+ годишниот чичко. Површен, плиток и незрел. Наместо да ја советуваш да си бара некој со вишок килограми, советувај ја да си бара некој кој ќе ја почитува и сака за тоа што е, а не заради нејзината дебелина или вита става или whatever. И токму тоа е уствари нејзиниот проблем. Ти наместо да и дадеш совет и го лупаш проблемот од глава. Килограмите се губат или добиваат. Почитта и респектот или ги имаш или не.
Зошто дечкото со кој што се гледав кратко би ми пратил слика од него со друга девојка? Се видовме 3-4 пати и убаво ни беше, ама не комунициравме многу и после неколку дена ми прати слика со друга.
Штом она е со вишок килограми, што има лошо во тоа што и реков да бара некој сличен на нејзе со вишок килограми? Лошо е да бараш упорно спротивен партнер од тебе на изглед и да очекуваш дека е доволен само карактерот за да го освоиш и задржиш. Џабе и е добриот карактер, ако она налетува на момци кои не чувствуваат физичка привлечност кон девојки со вишок килограми.
Каква беше сликата? Ти ја има спомнато девојкава, дали знаеш дали му е другарка, колешка итн..? Постојано бевте во контакт кога ти ја прати сликата или после раскинување ти ја испрати?
Сите ја советуваа ти како што викаш ама не разбира. Дебелината та дебелината. Јас лично никогаш за никого не сум рекла слаб е или дебел, мене сите ми се исти. Некој може само привлечен да ми е без разлика каков е.
Кој вика дека е лошо? Ти ли? Види, постојат и фини луѓенца таму некаде. Некои од нив по некоја случајност се мажи кои ја центат внатрешната убавина кај жената. Од друга страна ако зборуваме за тинејџери и млади неизживеани мажиња, голема е веројтноста да имаат вакви сфаќања и гледишта слични на твоите. Не знам, срамно ми е мене дури за дискусија. Демек тие со вишок килограми смеат да се заљубат САМО и САМО во луѓе со вишок килограми. Значи срцето нема очи. Не бира висок, низок, дебел, слаб, плав, црн, мускулест, со сини очи, со зелени очи, фудбалер....срцето бира срце.
Па на веќе разнишана самодоверба заради дебелината, ти пак дебелината да ја спомнуваш како проблем. Не по врат, по шија.