Разни интереси. Можеби те прави љубоморна за да те придобие, можеби те прњви љубоморна од ќејф, може нешто трето...
Abe do sredinata e, posebno negovite roditeli ke zbesnat. Demek kuznaj kakva e shtom so dete ja izbrkal
Како боде очи ова ,,ја избркал". Зошто за разведена жена некој би рекол ,,ја избркал"? Разводот е најпаметната опција и избор кога гледаш дека не оди, а не бркање.
Почести се разводите каде жената го остава мажот, а поретки каде мажот се разведува од жената. Така да, попрво ќе се запрашам што му фали на мажот што го оставила жената и не би била во врска со разведен, отколку да ја сметам за виновна разведената жена. Сигурно имала добра причина жената за да се разведе, зашто туку така лесно не се доаѓа до развод.
Додека вие размислувате што ке рече овој што ке рекол оној животот ке ви помине во страв и предрасуди...
Не е само зборувањето, импактот е проблем. Мажите избегаваат самохрани мајки. Општеството осудува. Од тебе како самохрана мајка се очекува да бидеш трезвена и присебна. Може ич да не ти е гајле за туѓите размислувања, ама тоа нема да го смени начиност на кој размислуваат повеќето, нема да ги намали осудите.
И сингл жените избегаваат самохрани/партнери кои веќе имаат дете. Да сумираме, луѓето не сакаат додатно да си го комплицираат животот.
Баш така... и не е веќе прашање на 'што зборуваат другите', туку на фактот, дека можностите како самохран родител, ти се ограничени.
Таков е менталитетот кај нас. Ако некој нешто не прави како што очекуваат другите, тоа одма им значит дека е погрешно и многу луѓе така под влијание на околината ќе направат нешто спротивно од она што сакаат само за да не бидат осудувани од другите. Многу често луѓето кои сакаат да озборуваат и да осудуваат се несреќни, незадоволни од својот живот и се обидуваат да најдат недостатоци кај другите. Колку животот им е празен, па се замараат секогаш со другите наместо да гледаат кај себе. Луѓето секогаш ќе озборуваат и да направиш вака и да направиш така, ама животот е премногу краток за да ти е гајле што мислат другите за тебе. Ако тебе ти е убаво, ништо друго не е важно.
Поука за сите кои сте млади и сеуште немате деца: Пазете со кого се врзувате со имање заедничко поколение. Повеќе не е само за вас животот, туку и за тоа поколение.
Тоа е нашиот избор,ако веке ни е важно другите да ги направиме срекни со нашиот избор ,вклучително и сопствените родители,тогаш да не очекуваме ние да бидеме
Ама бидете спремни за backlash-от Немој после да биде: Не сам знајала Од искуство кажувам, како човек што ич не го боли патиката што мислат другите.
Ќе има постојано укажување дека сме направиле спротивно на нивните желби. А ако е маж, можи да се откажат од него. Го оставаат на цедило. Во мојот случај, имаше и други фактори, ама мислам дека ова е најбитниот фактор. Ако евентуално нема стан сопствен, и финансии стабилни, а не да живее со родителите - во мојата ситуација нема шанси. Беклешот е и на моја кожа, посебно мајка ми не можи да се помири со мојата ситуација. На секоја кавга спомнува што сум направила, како да имам убиено човек се осеќам во тугите очи. Ама се навикнав, можеби и справувањето со психата од мали нозе ме припреми на оваа ситуација. Некои и психички оболваат ако во ваква ситуација се најдат. Тек социјалното какви психози прават дополнително. Добро е што барем бившиот маж испаре, да не го гледам. Има случаеви само проблемк прават, идат не идат на средби со детето....
Види не значи дека ако си разведена дека си којзнае што , едноставно подобро да е некој разведен отколку во лош брак. Не ви одговарало и готово како возрасни разумни луѓе сте си се разделиле тоа не е ништо страшно ниту срамно. Животот продолжува но не значи дека мора да си најдеш партнер по секоја цена , одамна те читам и читам какви се ти се погодуваат ми даваш впечаток како да не знаеш доволно да ги процениш не како да имаш 30+ години .
Па јас ова не го гледам како некој голем проблем искрено. Ако веќе си со партнер кој има дете, треба да си спремен дека стварно можеш да имаш таква родителска улога. И животот на тоа дете е афектиран. Дете е огромна одговорност. Ако некој не е сериозен или едноставно не сака, поздраво е воопшто да не влегува во тоа. Многу поок сметам дека е тоа отколку да влезеш во врска, па да се премислиш. Гледам горе пишале тоа ни е менталитетот. Не е до менталитетот, туку до изборите кои ги правиме за нашиот живот. Многу се повеќе за почитување луѓе кои нема да ти го трошат времето ако не се спремни да се справат со животните прилики на партнерот. Во право си сосема дека членката треба да си бара слични на себе, всушност сите ние бараме некој кој е сличен на нас во искуства, во цели, вредности итн.
Јас познавам мајка со дете, разведена и си најде маж кој го прифати нејзиното дете и се им е супер. Луѓето секогаш ќе зборуваат ама најбитно е ние да сме среќни, има и такви на кои не им пречи тоа и го прифаќаат.