Да може Машките мразат да пишуваат пораки, значи мразат да се распишуваат, поезии и глупости (освен ако не им е тоа у крв, има исклучоци). За нив порака е за пренесување на кратка информација. Еве и јас сега не да ме мрзи да враќам на пораки - одма вртам, и нема тука ништо чудно А зошто сакаш? Штом како одговор на секоја порака ти се јавува - ок е тоа, секако е поубаво да му го чуеш гласот, или? Пораките се тапа
Теди и мојов не пишува. Пишуваше на почеток, сега се држи до тоа подобро да се слушнеме. Ама сакам и јас порака (добро други надокнадуват за него ) шегата на страна има луѓе што не сакаат, еве и јас почнав да мразам да пишувам пораки. Мојов сега се извади и со тоа што не му се праќаат пораките , има некој квар мобилниот. Слаткичка па спијте си, јас радосна сум така кога ќе ми рече.
Е да бе Сакам да се гушкаме, после исцрпувачки секс гушкање доаѓа со мене. Освен ако не сум се изморила Не сум јас крива што ме нашол комплицирана
Ама вие во право сте да, јас знам, плус и јас мразам да пишувам пораки Само морав вака да слушнам од некој за да не се карам пак за безвезе ... Јас некогаш правам жртва бе и му пишувам пораче. Кога сум нервозна мерачки му пишувам ... ама до него никакви не допираат. Се шалам. Можеби толку се запнав ради инает, дека го напнав да ми пише па да ми пише, и сега може ќе собереше сила да ми пише ама и тој се заинаети. Нема врска, ќе си го чувам и таков ... Кога ќе подразмислам и подобро со слушање да комуницираме а не преку пораки ... Фала ми лејдис.
Пораки? јас пораки му пишувам само кога не можам да си ги искажам чувствата, па мора написмено. Или на фејсбук. што ти текнало со поракиве Теди? И јас не пишувам, глупости ми се, ни он, ептен ретко. Не се замарај со тоа
Прашање:Што е причината што некои момчиња не сакаат да споделуваат нежности во јавност со нивните девојки и не сакаат никој друг за знае за нив двајцата? Очекувам одговор.
Ех јас бев во ваква ситуација кога мојата поранешна бараше никој да незнае за нас и да се киеме дека сме зедно прво мислев дека и е незгодно потоа открив дека има и друг... па сега испитај си ти ситуација
ај наврати се назад и прочитај го така убаво и полека прашањето и размисли малце зошто? жалам унапред за одговоров, ама дечкото не сака да ве гледаат заедно, не сака да покажува у јавност дека сте заедно....тоа е тоа.....причини има милијарда....има други, се срами од тебе, не те сака т.е. нема чувства итн....зашто искрено ако имам девојка и ја сакам, па сакам да ја покажам на цел свет
Јас само со една бивша се воздржував во јавност со умисла да не им биде незгодно на другарите и повеќе месеци се пазев ама кога си фатија женски се лигавеа до максумим пред мене а ние само што раскинавме така да сфатив колку сум грешел . Сега ако сакам и ја штипам или ќе ја бацам па и за гз ќе ја фатам не ми е гајле нормално не на ептен јавно место но пред друштво нема веќе воздржување . За никој да не знае за врската ми текнуваат две можности, или не е сигурен дека е тоа тоа па да не го видат со неа додека не најде подобро или додека не се реши дека сака официјално или пак има страв од некого дека ќе му направи проблем, родител, некој завидлив другар или другарка, може да има милион причини за криење ама најчесто се овие две .
Видете чисто го поставив ова прашање,бидејќи имам забележано вакви работи кај некои парови не дека се случува кај мене.А не мислите ли дека може да се работи за срмежливост кај дечкото,што ја игнорира девојка си на јавни места?
Се мислам нешто. Не знам што да купам поклон за дечко ми. Прва опција некое поспортско кошулче и каиш Втора опција некој поспортски часовник Би сакала сите три работи ама се плашам дека нема да ми стигнат пари
Ајде доста со вакви стереотипни размислувања... Ти ако си таков не мора да значи дека дека и дечкото размислува така... Еве и јас не сакам секогаш да споделувам нежности во друштво бе, да се галам, да се гушкам пред други, ако сум женско, тоа ми е некако лигаво што знам, едноставно не ми е згодно а и не ми е интересно така пред сите и што демек јас сега не го сакам дечко ми пахххх нема врска Не fatbeautiful, не верувам дека е срамежливост, повеќе се работи за карактер, за нарав, барем кај мене е така, е сега не би го нарекла тоа игнорирање баш, не знам ти за каков случај зборуваш не ја знам ситуацијата, ама конкретно за несподелувањето нежности, ова имав да го кажам, e а тоа што не сакаат никој да знае за нив е друго, прво може така поинтересно му е, второ може се работи за семејство таква работа, ама далеку од тоа дека не ја сака, не чувствува ништо за неа или дека се срами од неа, инаку не би бил со неа, како можеш да бидеш со некој од кого се срамиш? а можно е кај некои и од што се срамежливи да е како ти што кажа, но мене тоа ми е несфатливо
Завршив со ова. Саат земав. Не се разбирам многу во саати ама се надевам дека ке му се свиѓа Бај д веј во живо поубав ми изгледа саатов него на сликава
И јас ќе кажам дека се е до карактерот.Се држиме за рака си седиме во кафич ама нкогаш не се лигавиме ако може тоа така да се каже и мислам дека е многу подобро.Има простор и место каде што можеме да си искажеме чувства.Не ми се допаѓа кога некој пар претрува со тоа ... има некои седат со друштво на иста маса и се бакнуваат како 100 год да не се виделе... - тоа не е својствено за мене и мојо дечко и не сакам некој да се чувствува непријатно додека седи со мене и дечко ми (а ние уште да се изедеме) Не сакам да бидеме вакви како на следниов линк : http://www.femina.mk/%D1%99%D1%83%D0%B1 ... 0%B2%D0%B8 А за тоа никој да не знае за врската - не ми се допаѓа и не е во ред!
хаха се расправаат кој зашо не покажува нежности спрема девојката/дечкото во јавност, а ти се пофали шо му купи на дечкото, шала на страна мене мн ми се допаѓа саатот уживај си сигурно ќе му се свиѓа и нему крај краева не е битно шо е туку од кого е и од кај го зема? колку?
Па и јас и мојов не разменуваме многу многу нежности ама не му ја мислам Од ГТЦ Софи бизутеријата што е ако знаеш, 500 денари. Ефтин, јас мислев повеке се. Така да ке земам уште нешто може некоја торта срце
знам кај е али не очекував дека е 500 епа таман уше торта и ммм инаку и кај мене е исто не се замарам толку за тоа засо не сум го гушнала пред другар му или он мене ха
Дали на машките им влијае мислењето на другарите, друштвото, пријателите за некое девојче? Спојлер кажете да
хаха кажете да. не најсериозно мислам дека да, ако нишо др бар ќе се замислат малце дали е точно тоа шо му го рекле другарите