Мислењето е исто тоа што си немала дечко апсолутно не ти е никаква предност ниту те прави подобра девојка од другите кои имале ниту пак полоша.
Никој не може да најде сеопфатен одговор на ова прашање, но така стојат работите на терен. Значи, зборуваме за девојка која не мора да е некоја ултра лепотица, туку нормална, одржување на хигиена, пристојно облечена, интелегентна. Верувам дека најголем од мажите кога би планирале нешто сериозно би се затрчале по таква девојка.
А каква врска има тоа со тоа дека немала дечко до 27 години? Еве јас ќе ти кажам зошто најчесто остануваат без дечко до тие години. Затоа што многу им ласка сите да ги 'бркаат', па со сите има по некој флерт, мување, а врвно задоволство им е дечко на некоја другарка да им се пушти и тоа им е доказ дека се неодоливи. По некое време ќе фатат некој, ама немаат искуство, па прават почетнички грешки и испади. Што квалитет гледаш во ова? Да се разбереме, илјадници причини може да има зошто некоја немала дечко до 27, може едноставно не сакала, но погоре сакав да ти доловам дека не е некоја доблест со посебна вредност (а стварно познавам 2 вакви).
Јас ништо не кажав. Само споделив дека во различни држави и култури различно се гледа на овие работи. Некаде е огромен плус, некаде минус, некаде средина. Во Македонија е дефинитивно голем плус. Сигурно и самата си свесна дека е така. Никој нема во Македонија да те гледа чудно и да те смета за фрик ако си немала дечко. Напротив, баш мислам дека ќе бидеш повеќе привлечна.
Тоа е оној менталитет дека додека се млади мажите менуваат женски и одат по "лесните", а кога сакаат да се женат одат по оние "мирните" кои немале дечко. А за мажите нема везе.
Не можам да не се согласам, но тоа е за жал така. Не е ни лошо ни добро да немаш дечко до 27, едноставно не е нешто што те дефинира. Ама, прости луѓе...
Па поприлично прост и малограѓански став... Ова е Македонија, баш затоа и звучиш ко селски фраер, не е Саудиска Арабија. И можеби не сме кој знае колку напредни ама последниве години и новите генерации прават доста големи промени, во позитивна насока. Мене би ми било чудно да девојка до 27 немала ниеден дечко, не мора долга врска ама ниту бакнеж, ниту некој за забава, ништо? Не познавам такви...дури и најповлечените имале некаков однос. Па дечко бре, баба ми што има рамно 80 години, а е мажена на 19 имала 2-3 дечковци пред дедо ми и не била сметана за неморална. Стварно доста понапредна била од амеби како тебе. Да немаш дечко до 27 не е ниту предност ниту недостаток или пак може да е и двете. Или нешто сериозно и фали на девојката или па е толку премија да никој не и доликува (во што се сомневам и што може да постои само во главата на оние што на крај остануваат сами). Немојте да бидете такви кретени, не викам да прифаќате нешто што е премногу (а што е релативно), да речеме 30 дечковци до 22 години. Ама што ако сменила? Баш поради фактот што постојат вакви сељаци од машки род никогаш во животот не би била само на еден зашто каков и да е не заслужува 100% од мене. И уште една убава изјава на Наташа Беквалац: ЛАКО ЈЕ БИТИ ПОШТЕН КАД ТЕ НИКО НЕЧЕ. Поздрав до сите закрепостени балканци што сакаат да е*ат, а да земат невина! Ова е веќе женски свет, припадници на затуцано племе. На крај ќе завршите со некоја што никој ја нечел.
Ти треба некоја неискусна да ја контролираш и манипулираш. Да не може да спореди со ништо и да мисли дека ти си 'најдобриот' на светот... а ако сврти уште еден, гарант ти нема да и' си изборот. Е затоа сакаш да е некоја што немала дечко пред тебе. Поработи на себе... и да најдеш некоја, нема долго да е среќна со тебе. Никој не треба да те гледа како 'фрик' и да не си имала ние ден дечко цел живот и да си имала 100. Само тоа не можеш да го сфатиш оти 'вредноста4 на жената за тебе е во пи*ката... рестото е украс околу нејзе.
Зашто ја хејтате девојката ако немала дечко до 27? Едноставно немала, шо сеа? Можда не сакала, нејзино право. Значи некој малку ако отстапува од мнозинството одма нешто не е у ред со него? Ако е ова е веќе женски свет треба да и дадеш поддршка а не без причина да се осеќате загрозени. Кој како сака нека си тера, stop questioning other people's choices
Никој никого не хејта, ама причината заради која немала дечко според мене Е битна, пошто може да биде црвено знаме. 27 години не се малку и јас би се замислила пред а бидам со возрасна особа која никогаш не искусила такво нешто, ќе се запрашам за каква би била нивната зрелост доколку би стапила во врска. Како што кажа членката, не е ни предност, ни маана, ама може да биде.
Научи првин да читаш. Никој тука не зборува јас што сакам и каква јас ќе одберам, туку констатирам факт дека во Македонија никој нема таква девојка да ја гледа како минус, туку како голем плус. Само дадов одговор на девојчето. Зошто е тоа така има милион причини, а најдобро е да се вработиш како анкетар, па прави анализи на терен. Можеби тоа ќе ти го даде одговорот. За мојот избор не се секирај. Има кој да мисли. Ти не сигурно.
Ок веројатно би се интересирал за причината. Ама исто толку би ме интересирало и причината зашто некоја личност раскинала сериозна (долга) врска и зашо била неуспешна. Бидејќи и тоа може да биде црвено знаме. И тогаш пак би се прашал за зрелоста на личноста. Мислам дека овие прашања би си ги поставиле и машки и женски, без разлика. И двата случаеви си имаат предности и маани. И двата случаеви се подеднакво во ред.
1љ311 Taka e. Vo teorija ste mnogu liberalni, kao biten mi e karakterot, ne kolku imala bla,bla ama koga ke dojde do seriozna vrska ili brak, ne e seedno dali imala 1 ili 10 +. Spored mene malku licemerno od vaša strana.
Само се надоврзувам, исто би се прашувала зошто некој дечко имал повеќе кратки врски. Ми делува на несериозност и остава впечаток на личност која сака само забава и не сака долгорочно да се обврзува за ниедна девојка. Дури и да сакал тој да има сериозна врска, а ниедна од кратките врски не му прераснала во сериозна, тогаш ќе се запрашам поради која причина на ниедна претходна девојка не и чинел, кои се тие црвени знаменца поради кои го откачувале. Всушност важно ми е, особено кај некоја долга врска кој ја прекинал врската, дали тој или таа. И дали е поради неверство или поради која друга причина.